|
|
Предизборни трикови на власта! |
Свекрва Во досегашната кампања за Локалните избори 2021, закажани за 17 октомври, челниците на СДСМ и ДУИ и нивните кандидати за градоначалници и советници со разни трикови се обидуваат да ја повратат изгубената доверба кај народот. За да ја придобие администрацијата и пензионерите актуелната власт им ветува зголемување на платите, пензиите, но и намалување на работните часови. А нивните кандидати за градоначалници пак преставуваат половични решенија или проекти кои никогаш нема да бидат ниту започнати или завршени. Последните четири години на владеење на СДСМ и ДУИ ќе останат запаметени по промена на името и распродажбата на националните интереси на централно ниво, а на локално по неисполенти ветувања. Поради лагите на актуелните власти, народот ја изгуби довербата. Свесни за опаѓање на својот и зголемување на рејтингот на ВМРО ДПМНЕ, во своите говори предизборната трка за Локаните избори 2021, челнииците на СДСМ и ДУИ користат заплашувања и разни трикови за да ги зачуваат позициите. По четири години речиси никакви активност, актуелните градоначалници на СДСМ и ДУИ започнаа интезивна градежна кампања. Во последните месеци, на секој чекор се гледаат раскопани улици, се поставуваат банкини, се асфалтираат, пешачки патеки, се градат мостови и т.н.. Меѓутоа народот е свесен дека тоа е само предизборна шминка и дека многу започнати проекти нема да бидат завршени целосно пред Локаните избори. Така на пример мостот кај салата „Јане Сандански“ во Аеродром, кој се најавува дека ќе биде завршен до крајот на месецот, од левата страна на Вардар, во општината Гази Баба, завршува на неасфалтирана земја, дрва, куќи и напуштени градби. Свесен дека ако ги загуби Локалните, ќе ја изгуби и власта, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев прави очајнички обид да го поткупи бројното гласачко тело. Тој најави зголемување на плати на администрацијата, намалување на работните часови во Петок, покачување на пензиите од 1 јаниари, од кои поголем дел земаат најниска пезнија до 11.000 ден. Дали требаше да има избори па на СДСМ и ДУИ да им текне дека во денешно време не може да се живее со 10.000 пензија или со минимална плата од 15.000?. Меѓутоа, во услови на пандемија кога при таканаречено бесплатно лечење луѓето плаќаат енормни суми за тестови и лекови, кога се најавува покачување на цените на струјата и прехрамбените артикли и до 50%, тогаш не може да се излажат пензионерите со јануарското усогласување на пензиите кое ќе изнесува околу 150 денари. Истовремено власта се обиде да се додвори на одредена целна група со предлог за намалување на работните часови од 40 на 36 часа неделно. Таа изнесе во јавноста предлог во Петок да се работи само 4 часа. Многумина се запрашаа зошто намалување на работни часови во Петок, а не некој друг ден или зошто работниот ден да не трае 7 часа, ако власта сака поефикасна администрација. Откако видоа дека пробниот балон пукна по реакцијата на јавноста, власта демантираше дека ќе има намалување на работните часови, но, малку е познато дека дел од административците секој Петок на пладне одат во џамија, а некои не се ни враќаат, што преќутно се толерира од раководствата, особено таму каде има раководен кадар од ДУИ. Што се однесува до актуелните градоначалници од СДСМ и ДУИ, по долгогодишен сон малку се размрдаа и пред избори почнаа да ги раскопуваат улиците, да асфалтираат, да ги интезивираат градбите. Но голем дел од започнатите активности можат да бидат само гола пропаганда и шминка за пред народот, но и начин како да се испразнат касите, за да не им остават ни денар на опозициските кандидати затоа што знаат дека ќе изгубат на престојните Локални избори. Врз основа на досегашното работење на градоначалниците, како и предложените кандидати на СДСМ и ДУИ, меѓу кои има и наранимајковци, народот не само што нема доверба кон овие две партии, туку во никој случај при нормално гласање нема да дозволи повеќе неработници и рекетари да бидат на чело на нивните општини. Едноставно сакаат да ја сменат сегашната локална власт и да ја доверат на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која во своите редови има вистински домаќини, кои на чело на општините ќе се грижат за потребите на секој граѓанин. |