Среда, 06 Октомври 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 139

1martin1

ЈОРДАН КАМЧЕВ, ЖРТВА НА МАКЕДОНСКАТА ИНКВИЗИЦИЈА

1. Во библиската земја Македонија се случ(ија)уваат два крупни политички процеси. Заврши фамозниот попис на населението дома и во дијаспората (!?), а во тек се многубројните активности во пресрет на локалните избори. Таа (Републиката), не би била земја на чудата (wonderland) ако обата процеси не се единствени во глобални рамки по многу нешта.

   Долго најавуваниот попис (што се одржа после дваесетина години од последниот), што според надлежните бил "статистичка", а не "политичка" операција, уште од самиот почеток беше осуден на неуспех и се погласно се слушаат реакции од политички партии дека нема да ги признаат резултатите. Главен, ако не и единствен, виновник за тоа е власта на Зоран Заев која операцијата ја проектираше и реализираше по свој вкус и интерес, а не според меѓународните стандарди!

   Најспорна одредба во контроверзниот Закон за попис секако беше и останува попишувањето на  дијаспората, т.е нерезидентните граѓани, што е непознат и единствен случај во меѓународни рамки. Ниту една земја во светот не попишува нејзини граѓани кои се иселиле, но се вршат проценки (!) за нивната бројност за да можат нивните матични земји (земји на потеклото) да  одговорат на нивните духовни (цркви, медреси, синагоги и сл.), образовни и културни потреби (изучување на мајчин јазик, култура и традиции) меѓу иселениците, особено најмладите генерации.

   Но во нашиов случај имам многу длабок сомнеж дека со инсистирањето за попишување на дијаспората се сака да се влијае дирекно на вкупната бројност и во матичната земја очигледно заради поместување на етничкиот баланс, а со тоа и на нивното претставување (застапеност) во сите свери во општеството. Иако и од Државниот завид за статистика и од други институции и званичници безброј пати чувме дека, наводно, не се работи за настојување за мајоризација на некоја етничка заедница, изјавите на лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот генерален секретар, воедно и прв заменик премиер Артан Груби укажуваат токму на тоа. Обајцата во многу наврати беа децидни во изјавите дека Албанците во дијаспората кои престојуваат во странство помалку од една година м о р а (!?)  да се сметаат во пописот како дел од домицилното албанско население во земјата. Тоа, со други зборови, автоматски би го пореметило етничкиот баланс дома - во земјата (одзивот на македонските иселеници самите електронски да се попишуваат беше многу мал!) и процентот на нивната застапеност би се зголемил, а можеби и дуплирал. Ова нешто, впрочем, е и очигледна цел на длабоката држава но и желба, а можеби и по порачка и на соседите, во прв план Грција, но и на останатите соседи(!?), со крајна цел анулирање на Македонската нација во етничка смисла, и нејзина трансформација во политичка нација (демек сите се  Македонци, без разлика на  етничка припадност)!?

   На линија на погоре изнесеното е и податокот дека голем процент од населението дома, во Македонија, не е попишан. На вратите од домовите од многу граѓани воопшто не тропнале официјалните попишувачи обучени специјално за таа работа од Државниот завод за статистика. Според некоја груба претпоставка, најмалку 300.000 граѓани на Република Македонија воопшто не се попишани! А според изјавите на директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски овој проблем наводно ќе бил бајпасиран со други методи и документи. Кој ќе го контролира тоа? Ваквиот пристап е идеален за манипулации на власта со податоците за граѓаните заради прикажување на бројноста (и етничкиот состав) на граѓаните според политичките цели и проекции, а не според реалните состојби и бројноста на населението на теренот.

    Дека многу нешта во врска со пописот не се како што треба е до лудило апсурдното сознание по објавувањето на избирачкиот список за престојните локални избори, според кој излегува дека бројот на регистрирани граѓани со право на глас во земјата е блиску до бројот на граѓани според последниот попис (околу еден милион и осум стотини илјади)!? А што е со најмладите граѓани кои сеуште не наполниле 18 години за да имаат право да гласаат? Токму во таа бројка од околу 300.000 нерегистрирани граѓани гледам дополнителен простор за манипулации и штелување на податоците за бројноста и етничката припадност на граѓаните!!!

    Неспорна е огромната важност на пописот на населението за планирање и проектирање на иднината на земјата од сите аспекти, но не врз основа на необјективни, па дури и од страна диктирани податоци! Впрочем, тоа е и обврска на земја членка на НАТО и кандидатка за членство во ЕУ. Но НЕ проектирана и изведена на ваков силеџиски начин како што го прави тоа актуелната власт!

   Без разлика на големите трошоци за подготовка и реализација на операцијата што власта ја нарекува "Попис на населението...", предлагам опозицијата да ги прогласи "резултатите" од пописот за ништавни и да на ги признае, а во блиска иднина да се подготви нов закон за попис со активно учество - предлози и укажување на опозицијата во Собранието и јавноста и негово спроведување во европски манир и според методите и стандардите на ОБСЕ-ОДИР, за да знаеме точно и објективно колку сме на број.

   Се друго се манипулации на Зоран Заев и неговите спонзори од надвор, а на штета на сите граѓани во Република Македонија, особено на нас Македонците.

2. Актуелната инквизиција во Македонија - власта на Зоран Заев на сите нивоа, плус македонското судство, како да не сваќаат дека политички контролираното судстве и политички мотивираните пресуди против политичките противници и тоа како важен сегмент за формирање на оценката за нашата земја, кандидат за членство во ЕУ, за /не/почитувањето на човековите слободи и права.

    Конкретни примери има премногу, а некои од нив дури се проучуваат како лоши примери  на студиите по право ширум светот.

    Особено еклатантен пример за партизирано судство и кршење на човековите права е случајот со притворот на бизнисменот и филантроп Јордан Камчев, само заради каприцот на Зоран Заев!

    Но Зоране Заев, дали сваќаш дека ѓаволот ја однел шегата, во конкретниов случај заради твојот каприц! Бидејќи, случајот со држењето на Јордан Камчев во притвор, без било каква пресуда, веќе доби меѓународни димензии за кршењето на човековите права на бизнисменот кој е со нарушено здравје! Имено, за тој случај истрага води Јан Фигел, поранешен еврокомесар и специјален пратеник за верски слободи и човекови права, кој по трет пат дојде во Скопје со намера да добие нови информации за случајот на притвореникот Јордан Камчев.

   Македонскиот министер за правда Бојан Маричиќ очигледно до сега не беше информиран за каков авторитет се работи, и дека Јан Фигел е искусен словачки политичар од мошне висок ранг, поранешен еврокомесар и специјален пратеник за промоција на верските слободи надвор од ЕУ, поранешен заменик-претседател на Националниот совет на Република Словачка, прв заменик министер на Владата на Словачка, министер за транспорт, градежништво и регионален развој, основач и претседател на Христијанското демократско движење, член на Европската комисија, претседател на делегацијата на набљудувачи на Националниот совет на Република Словачка во Европскиот парламент, како и државен секретар и главен преговарач на Словачка во преговорите за пристапување кон ЕУ. 

   Добро е да потсетиме дека Македонија, особено нејзината дипломатија, со години добива силна поддршка од Словачка за евроинтеграциите, една е од земјите која ги блокираше заклучоците за проширување на Западен Балкан во Советот на ЕУ минатиот декември, и не се согласи со текстот во нацртот кој се однесуваше на Северна Македонија сметаше дека документот содржи елементи и перцепција за фалсификување на историјата.

   Македонија, за жал, не знае да ги цени своите подржувачи на меѓународен план! Двете земји (Македонија и Словачка) се договорија пред повеќе години да отворат амбасади и да разменат амбасадори со што меѓусебните односи ќе се издигнат на повисоко ниво. Словачка го испочитува договорот и има своја амбасада во Скопје, а Македонија дури неодамна отвори амбасада во Братислава, но сеуште нема именувано свој амбасадор во Словачка!

  Сосема е извесно дека Јан Фигел и самиот веќе свати дека условите во затворот во кои е чуван притвореникот Камчев се според африкански стандарди и дека врз него се врши тортура за што сосема сигурно лично, Фигел ги праша соговорниците во Скопје, воедно и за неговата влошена здравствена состојба. Фигел се запозна со лошите  услови во македонските затвори и за третманот на осомничените и обвинетите лица, на кои често им се ускратува правото на одбрана и правото на фер судење. Иако Јордан Камчев во неколку наврати понуди замашни гаранции за да му се овозможи домашен притвор, и да може да се лекува во домашни услови, да си ги види своите деца и семејството, тоа судот упорно одбива да му дозволи. За жал, Јордан Камчев,  не е првиот, а веројатно нема да биде ни последниот притвореник кој се соочува со вакви проблеми.

   Во меѓувреме осведочени криминалци користат викенди за излез од затворските келии и прават сообраќајки во кои гинат невини лица!?

   Јан Фигел е мошне влијателен лик не само во Словачка, туку и во европските кругови. Тој непосредно и темелно се запозна со  случајот на политичкиот прогон и кршењето на човековите права и тортурата над Јордан Камчев. Затоа оваа тоталитарна власт и нејзиното поданичко судство конечно треба да свати во каков амбис не турка сите нас и нашите деца дирекно загрозувајки ги нашите европерспективи.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

Историја

News image

Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гим...

Иселеници

News image

Зошто изумираат јазиците

Историскиот развој на светските јазици е приказна за себе ...

Култура и туризам

News image

Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен На 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локал...

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.