|
|
Проклетото Егејче |
Мирко Трпески Авторот на овие редови пред потпишувањето на катастрофичниот Преспански договор се сретна со познат човек, Претседател на едно од Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Темата на разговор беше неопфаќањето во Договорот на правата на овие лица, оттука и сите неправди што и понатаму продолжуваат да се прават кон нив. Заклучок беше дека е нелогично во договор со кој треба да се регулираат сите отворени прашања помеѓу двете земји - Република Грција и Република Македонија, да не се опфатат аспектите на насилно протераните државјани на Република Грција кои сега во голем дел живеат во Република Македонија. Тие аспекти не опфаќаат само права по основ на имот на сегашните граѓани на Република Македонија во Република Грција, туку и можност за посета на своите родни места и имотите што таму ги имаат, евентуално враќање во своите родни места заради продолжување на животот таму, обезбедување на службена документација за сопственоста на имотот што го имаат во Република Грција, можност за легално тргување со таквиот имот, обезбедување на државјанство од земјата на раѓање и сите права што произлегуваат од тоа - добивање на пасош, користење на тој пасош заради патување и престој низ земјите на Европската Унија, односно Шенген зоната, користење на услуги на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Грција низ светот, право на образование во Република Грција, како и сите други права што произлегуваат од имањето на државјанство на една земја. Во однос на располагањето и продажбата на имот таму, човекот во разговорот со видна доза на возбуденост и резигнација го спомна “Проклетото Егејче“, кое во Егејска Македонија имало доста голем имот, го продало за доста пари и - на своите роднини, кои исто така имале право над имотот што бил продаден, не им дал ништо. Тој таа постапка на “Проклетото Егејче“, кое со возбуда го спомна неколкупати во разговорот, никако не ја одобруваше и ја сметаше за акт на голем егоизам и правење неправда кон своите роднини. Замислете, испадна дека тоа “Проклето Егејче“, е сегашниот квази-Градоначалник на Скопје ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ. На човеков со кого е воден разговорот исто така не му беше јасно како “Проклетото Егејче“, како член на тогаш највисокото раководство на тековно владејачката партија - Социјалдемокрадскиот сојуз, не се заложил за правата на неговите соземјани од Егејска Македонија во текот на преговорите за склопување на Преспанскиот договор или барем нивно спомнување во Договорт. Вака, испаѓа дека “Проклетото Егејче“, како член на неговта партија, си се грижело само за своите лични интереси, а не и за општите интереси на државата, особено за неговите соземјани. Сега, тоа исто “Проклето Егејче“ со мирна душа, без око да му трепне, за мали пари ја продаде Градската куќа, без да води сметка за вработените кои со десетици години работат во бараки и во несоодветни услови. Тие вработени имаа и имаат право на попристојни и посоодветни работни услови, услови што нема да влијаат врз нивното здравје. На пример, многумина што подолго време работеле во бараки имаат проблеми со ноѕете, особено со колениците и делот под колениците поради тоа што бараките се поставени на бетонска плоча и преку плочата е поставена само таписон, без топлотан изолација. Тоа “влече“ одоздола и ги јаде ноѕете. Понатаму, дрвото од бараките со годините се распаѓа и се ослободуваат хемиски компоненти со кои истото е обработено. Тие компоненти ги дишат вработените, што влијае на нивното здравје. Помеѓу внатрешната и надворешната вертикална облога на бараката, кои претставуваат некаков ѕид, има простор во кој честопати се заглавуваат глувци и други животинчиња, таму пцовисуваат и со време се распаѓаат, што шири ем зараза, ем лоша миризба. Дали “Проклетото Егејче“ било свесно за овие аспекти на долгогодишно работење и живеење во бараки? Сигурно не, бидејќи да се заинтересирало, белким ќе му проработела совеста и немало да ја продаде Градската куќа. Има уште еден, особено важен аспект на потребата од зграда со цврста градба за потребите на администрацијата. Имено, во администрацијата се создава, речиси на дневна основа, голема и важна документација, важна за сите граѓани на територијата што ја покрива оваа администрација. Важноста на таквата документација е со години, односно ваквата документација има некогаш и трајна важност и вредност. Дали во бараки воопшто можат да се обезбедат услови за безбедно чување и користење на ваквата документација, заштитена и безбедна од пожар, поплави, кражба, факсификување итн. НЕ! И за ова требало да биде и да биде свесно “Проклетото Егејче“, под услов работата за која е платен, функцијата на која е поставен, да му се важни! Дали нему нешто друго му е важно? На пример, каде во неговиот мандат како Градоначалник отидоа по 180 милиони Евра годишно, односно барем 540 милиони Евра за барем три години, кога не се гледа дека со тие пари нешто се правеше, нешто се градеше? Заради споредба, во времето на претходниот Градоначалник Коце Трајановски за соодветните три години, со слична сума од 540 милиони Евра се направија толку многу работи! Или, можеби некој му ги земаше парите и ги трансферираше некаде, па и во странство, па во Градот не остануваа и не остануваат доволно средства - како за тековно работење на Градот и задоволување на тековните потреби на граѓаните, така и за градби, проширувања и слично. Дека ваквото прашање има основа да се постави е што последново лето нешто низ градот се направи, што значи дека Градот и сега има какви-такви пари. |