Среда, 13 Октомври 2021   
ПРАВЕДНИОТ ВЛАДЕТЕЛ ГЛЕДА СЕ’ ЌЕ ОДБРАНИ НАРОД, ЗЕМЈА, ВИСТИНА

1Marija Emilija Kukubajska

Марија Емилија Кукубајска 

На 12 години, 197 година п.н.е. Македонскиот принц Птоломеј V е крунисан за Фараон на Египет, во старата престолнина, Мемфис. Во договор со своите македонски советници, Птоломеј V ги прифатил египетските божества, одбивајќи го данајскиот, елински (грчки) пантеон на богови, од суштинска причина што „грчките“ етнички елементи во Египет тогаш (како и во Персија и подоцна на Блискиот Исток, преку династијата Селеуки) биле најголеми внатрешни и надворешни узурпатори на мирот, ковачи на завери, предавства и револт против македонското владеење.

Птоломеј V, како и неговиот татко, на своето име ја додал и египетската долга титула Iwaennetjerwy-merwyitu Setepptah Userkare Sekhem-ankhamun, што во превод на современ македонски јазик значи: „Наследник на двата Бенефактора, Богови Одбрани од Пта, Моќна е душата на Ра, Жив Одраз на Амон“. Значењето на овој статус и содржина во најголем дел се запишани на Розета Каменот.

Декретот на „Каменот од Розета“ е издаден 196 година, во име на Македонскиот крал Птоломеј V. Покрај египетските хиероглифи и грчкото писмо, декретот е напишан и на Димотикон - популарно писмо, на јазик зборуван од македонскиот и други народи во стариот свет. Тоа е текстот од третото, средно, писмо кое било говорно, колоквијално, народно писмо на македонскиот народ во Египет и на Блискиот исток, кое се користи со векови подоцна, и во Византискиот период. Освен народно, Димотикон било и официјално, национално, политичко писмо и јазик меѓу Македонските Птоломејски владетели. Тие се прогласувани за фараони од египетскиот народ кој бил религиоано благодарен за македонската одбрана на Египет од повеќе непријатели: Кушити, Хитити и т.н. „Морски луѓе“. Морските луѓе (Sea people) се денешните „грци“, кои тогаш биле пиратски мигранти составени од азиски и африкански племиња кои пљачкосувале и тргувале по Митеранот и го окупирале и денешниот Балкански полуостров, во Античка Македонија познат како Македонски полуостров, а од грците подоцна наречен Грчки полуостров. 

1fara

Фараонот од Македонската династија, Птоломеј V (владее  205-180),

од родот на Македонските кралеви Филип II и Александар III Македонски 

Зборовите од речникот, и во овој есеј вклучуваат историска и современа конотација на стари и денешни идеи и пракса во потрага по вистината. Обновениот научен интерес за фактичност  наспроти фикција, се афирмира денес и со најнови технолошки и културолошки истражувања.

Ова е 9то продолжение, толкување на зборови од речникот составен по дешифрирање на старомакедонскиот јазик на „Каменот од Розета“  од научниците А. Тентов и Т. Бошевски, проект на МАНУ. По редоследот во нивниот Античко-македонски речник (бр. 178-200) авторот на овој есеј во стих, ги следи старо-македонските знаци Је и Ју.

ьЈ - Је. Е. На него. Нему.

178. ьЈ … Што му направивте? Народ жив изедовте, прoдадовте на лукави трговци со бело робје!

179. НьЈ ... Јуност, младост предадовте на тие убијци: нови нелуѓе, потекло и писмо да и’ лажираат 

180. аЦ НьЈ ... Младенците умни, убави - ѕверот живи ги граба, џвака, плука, лешинар да ги клука

181. еВоМ ьЈ Е ... Мајка неприродна, макеа волчица, ѕверка - заштитничка изигрува, се подигрува  

182. аЦНоМьЈ ... Но јас знам: Потомци на волчица не сте вие, туку на Бог. Бог не се плаши од мрак

183. ееТШИ ьЈ...  Ја ишти, ја бара слободата народот ваш/мој. Гледам: ќе има тој се’ што Бог рече

184. ВьЈ ... Јавив, укажав: Од почеток за навек дадено е: секој род, раса, боја - убавина своја да е

185. И(врП)ВьЈ ... Јас владеам со правда дадена од небесата: различен цвет -  една градина, 1 свет

186. оМВьЈ ... Јави и Големата Мајка: на сон ја морат мачители на Македонија - од секаде ја касаат

187. еНВьЈ ... Јави и врховникот: пред да дојде Спасителот - мачителот ќе му суши крв на Македон

188. оТВьЈ ... Јави и тој, владетелот: На Големата Мајка народот нема да го снема. Тој е жртва, НО

189. оПоКьЈ ... Е во Небесен Град - на земјата, народ најневин, жив распнат на четири страни, но И

190. оПоКьЈаН ... Најнебесно овоземен неговиот роден крај ќе е. Реален, Божји, не виртуелен рај.

Ју – На неа, нејзе, нејзин

191.уЈ… Нејзин, на добра земја тежнеел тој добар народ одсекогаш, и кога по туѓи полиња жнеел 

192. И(врП) иЈ ... Нашите ни’ први и нашите последни вистински луѓе: ги знаат Луѓето на Лагата    

193. И(врП) иЈ ... Ние - пример за блага родност, туѓо не сакаме. Туѓото е друго. Иако од ист Бог 

194. ИуКуЈ ... Нивни кумови ние на други напредок им пожелуваме, но од нив добро не очекуваме

195. еЃуЈ ... Луѓе мои! Деца на волчица се тие, митски ѕверови, легенди измислени, лажна историја

196. еДеЈ ... Јадење, пиење ќе нема во нивни адски земји. А во ваша спасена - мед и млеко ќе тече. 

197. ИоЛ­Ј ... Јадења на крај ќе снема насекаде: казна за човекојадците. Тие: мрак. Ние: сонце, пак

198. Н­ВеКеВоКаН­Ј ... Јунакот вековен, Спасител на човечноста во вечноста - со вера заслужена

199. АеЅ ееЗНаН ьЈ... Е наниз на сончева светлина. Ѓердан од небесни зраци: за нас - знак за Спас.

200. ооЈ ... Праведниот казнува терминатори на вистината. Иднината 2028 почната е. Чувајте се.  

2fara

Проломеј V принесува дарови на богот Хорус „возвишениот“ (претставуван со глава на сокол), син на Исис и Озирис (нивно „тројство“)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.