|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 140 |
МАКЕДОНИЈА НЕ Е ПОВЕЌЕ МОНЕТА ЗА ПОТКУСУРУВАЊЕ 1. Долго најавуваниот и за некои земји со нетрпение и големи надежи очекуван самит ЕУ - западен Балкан во Брдо кај Крањ /Словенија/ за "шесторката" од регионот на која и беше посветен самитот (Македонија, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора и Србија) не донесе ништо ново освем бајати фрази во изјавите на некои нејзини челници и во завршната декларација дека нашиот регион го сметале за неразвоен дел од Европа и дека европските перспективи ни се отворени!? Но за конкретен датум за започнување на преговори за членство (Црна Гора и Србија веќе преговараат) - ни збор. Тој важен и долго очекуван детал останува за некои земји од регионот како далечна и недостижна фатаморгана! Проширувањето на ЕУ, сосема очигледно, за одреден број нејзини членки не е омилена тема, барем не сега, а веројатно ни во блиска иднина!? Понекогаш имам чуство дека некои од членките, се разбира не сите, преферираат ЕУ да си остане таква каква што е во моментов: ексклузивен клуб на моќни и богати демократии (?), а западниот Балкан да си остане таму каде што е, барем додека не се приближи на стандардите на членките на тој клуб, пред се во владеењето на правото, економскиот напредок и сл. Некои пд членките на ЕУ кога би можеле дури и физички би го одвоиле, според нив, проблематичниот регион наречен западен Балкан од остатокот на "цивилизирана" Европа. Па за да не се мачат: тука им се реките Сава и Дунав и тој проблем за нив е решен!? Јужно од таа природна речна граница сме ние "проблематичните" а понасевер се тие "цивилизираните", иако повеќето од нив своите богатства и стандард ги стекнаа како брутални колонизатори и експлоататори на природните богатства на други народи ширум светот. Нешто што најмногу ме иритираше од самитот во Словенија мене лично секако беше категоричкото одбивање на германската канцеларка Ангела Меркел (сега веќе пензионерка) дури и да се разговара за почеток на преговори за членство за Македонија и Албанија!? Што и стана на бабава, не знам, но можеше барем формално да подржи таква идеја на заминување, за ние "недоволно цивилизираните" да ја паметиме по добро. Впрочем, организирање на прва меѓувладина конференција, што формално би значело и отворање на процесот на преговори, според мене не значи ништо, освен формалност и симболика дека ете, нешто се случува! Па на сите ни е јасно дека дури и да почнеа преговорите вчера или денес, тоа во пракса ќе значи долг и неизвесен процес со кочници и блокади што ќе трае најмалку десетина или 15 години!? Па што ќе изгубеше фрау Меркел ако барем формално и симболично манифестираше добра воља и подршка за земјите од западниот Балкан, и пред се, за нивните граѓани? Апсолутно н и ш т о! Напротив, само ќе добиеше големи поени во нивните очи и ќе беше запаметена како хероина и добротвор. Често пати, заради постапката на Г-ѓа Меркел, ми навираат накарадни мисли дека, можеби таа до последниот миг од нејзината блескава политичка кариера како канцеларка на Германија, можеби одработуваше за некого, кому не му е по воља Македонија да постане еден ден членка на ЕУ и со тоа да ја зацврсти својата меѓународна позиција и перспектива. На сите ни е познато дека германската надворешна политика силно ја подржува Грција која не може да се помири со фактот (и покрај договорот од с. Нивици) дека на планетава постои земја што го носи славниот бренд т.е. име - Македонија. Да потсетиме дека една од првите изјави на сегашниот министер за надворешни работи на Грција Дендијас по превземањето на должноста беше:"Ќе ги примораме скопјаните (!) да се откажат од македонизмот низ процесот на преговорите за членство во ЕУ"! Грците барем не го кочат самиот почеток на преговорите како Бугарите, а за после ќе видиме! Познати се илјадагодишните врски и сојузништва на Бугарија со Германија што доживеаја крешчендо со бугарското пристапување на Третиот рајх и сојузништвото со најголемиот злосторник во човековата цивилизација Адолф Хитлер. Впрочем, сите сојузнички на фашистичка Германија, вклучувајки ја и Бугарија, денес се членки на Евтопската Унија!!! Кога сме кај Меркел, да не случално станува збор за "де-де-ер-ски синдром" на затвореност и изолираност од остатокот на светот (што го доживуваше и самата таа за време на Советската окупација на Источна Германија каде помина многу години од својот живот, се до обединувањето на двете Германии во 1989 година), евентуално сеуште присутна во нејзината потсвест, што ни ја наметнува од позиција на сила и нам?!? Но ајде да ја елаборираме и евентуалната "Руска врска". Има медиуми и поединци кои на Г-ѓа Меркел и припишуваа(т) дека соработува(ла) со руски тајни служби (дали е тоа така не знам и не тврдам). Впрочем, нејзината упорност за реализација на подводниот Руски гасовод "Северен ток 2", иако драматично ги загрозува интересите на Полска и Украина, е сигнал сам по себе! Меркел дури му отиде на Џо Бајден и се испазари (но не знаеме што му понуди во замена), САД да ги укинат санкциите кон компаниите што учествуваат во изградбата на тој мега-проект. Занимливо, зарем не? Познато е дека актуелната надворешна политика на Русија е против проширувањето на ЕУ и таа (Русија) би сакала да го има западниот Балкан под свое влијание!? Особено е индикативен, конкретно не многу пријателски, рускиот став кон нашата земја - Република Македонија со (меѓусебно) протерување дипломати и сл. А нивниот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред некоја година дури јавно се заложи за поделба на Македонија (!!!), ама немал решение кому да му припадне Скопје!? Морам да признам дека не ми е јасна политиката на Русија кон нас! Нивната идеја за излез на топли мориња е одамна мртва бидејки сите опции за такво нешто се затворени: Хрватска, Црна Гора, Албанија, Грција, па дури и Бугарија се членки на НАТО. Според тоа, Македонија не може повеќе да ја сметаат како монета за поткусурување (како во Сан Стефано) на соседите за да му се проближат на Солун, или некоја поблиска дестинација на топлите мориња. Наместо почит и благодарност кон нас (Па ние им дадовме писменост и православно христијанство на Русите! Тоа јавно го призна и самиот Претседател Путин), ред е да конечно да ретерираат со својот антимакедонизам. 2. Домаќинот на самитот во Крањ, словенечкиот премиер Јанез Јанша и порача на Македонија дека ако сака почеток на преговорите за членство во ЕУ "првво ќе мора да ги реши проблемите со Бугарија"!? Ало, товариш Јанез, зарем Словенија го реши проблемот со Пиранскиот залив што го има со Хрватска? Па вам (на Словенија) Германија ви даде на знаење дека не смеете да го блокирате влезот на Хрватска во ЕУ! Значи, сепак можело да се постане членка на Унијата и со н е р е ш е н и меѓусоседски прашања, зарем не? А што да кажеме за поделениот Кипар каде решение нема ни на повидок! Зошто тогај Македонија ја условувате да прифати невозможни услови што ги поставува Бугарија? Зошто? Секако заради двојните стандарди и лицемерието во Унијата, зарем не? Македонија, за жал, не ја ужива љубовта на Германија, како што ја ужива Словенија и Бугарија и таа не ја притисна Бугарија дури ни кога самата таа претседаваше со Унијата во втората половина минатата година! Патем, да потсетиме и на изјавата на поранешниот грчки министер за наворешни работи Јоргос Катругалос во однос на блокадата на Македонија од Бугарија, кој рече дека не е сосема сигурен дека само една земја (Бугарија) го блокира европроширувањето туку, според него, само една земја е гласна! 3. Конечно МАНУ ја раководи човек - патриот и институцијата доби гласност во овие трауматични времиња за нашата земја и нација. Се вика Љупчо Коцарев, кој во своето обраќање по повод 54 годишнината на академијата громогласно порача: Ако ја изгубиме нацијата не ни треба европска интеграција! Ако пак ја изгубиме македонската држава, нема да постои државен ентитет да се интегрира во ЕУ.
Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев на одбележувањето на 54-годишнината на Академијата. Академик Коцарев се заложи за постигнување на договор за државните интереси што би бил подржан од политичките партии, независно дали се на власт или во опозиција. Според Коцарев, секоја влада во изминативе 30 години самостојност имала свои пристапи во разнебитувањето на македонската држава и заклучи дека е време да се каже – вака повеќе не може: члновите на МАНУ да бидат неми сведоци на ваквите тенденции, да не предупредуваат и да не нудат решенија и визии! Силен впечаток остави и предлогот на Претседателот на МАНУ за ограничување на ингеренциите на извршната власт во подрачјата кои според Уставот се утврдени како автономни сфери на општеството, како што се образование, наука, култура, здравство и друго и предложи донесување на закон со кој ќе се одземат ингеренции на МОН да изготвува стратегии за развој за образование и наука, или да подготвува реформи во образовниот и научниот систем. Второ, стратегиите реформите во синергија ќе ги подготвуваат МАНУ, универзитетите и стопанските комори, а МОН ќе биде обврзан да ги имплементира така подготвените стратегии и реформи. М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен миистер и амбасадор |