Среда, 20 Октомври 2021   
Голем пораз на СДС на Локалните избори- Народот масовно излезе и гласаше за промени

1ab Свекрва

На 17 октомври 2021 година македонскиот народ започна тивка револуција против злото во земјата олицетворено во челниците на СДС и ДУИ.

Со пенкало во рака граѓаните на земјата во првиот круг отстранија најмалку 20 градоначалници на озогласената коалиција на власт, а во вториот круг се очекува  да се добијат уште 25 општини. Тоа се само првите два чекори пред да се отстрани централната власт предводена од Зоран Заев, најголемото зло кое земјата го  имала од осамостојувањето до денес.

На актуелната власт не му помогна ни пандемијата, ни гужвите пред избирачките места поради проблеми настанати со употреба на новите апарати (фингерпринт), ниту пак застрашувањата - лиферувана информација дека 83 лица се вооружуваат за да го попречат изборниот процес. Народот масовно излезе и гласаше за промени, за создавање на нова иднина.

Локалните избори покажаа дека на народот му е доста од лагите и празните ветувања на сеуште актуелната неспособна и корумпирана власт. Мнозинството од народ избра подобра иднина, просперитетна Македонија без поделби. Само поткупени, клиентилистички поврзани, уценети и заплашени луѓе гласаа за СДС и ДУИ.

Меѓутоа резултатите од првиот круг на локалните избори изродија нова надеж дека злото може да биде победено, па во вториот круг и тие што од низа причини гласаа за коалицијата на власт ќе се ослободат од стравот и стегите на хибридниот режим. Едноставно тие ќе го дадат својот глас на опозицијата за да си го повратат достоинството и да имаат подобра иднина.

Лидерот на СД Зоран Заев не верува дека во вториот круг ќе доживее целосен дебакл.

Тој се надева на гласовите на партнерите кои во првиот круг самостојно излегоа на избори. Дури ги игнорира и изјавите на истите партнери за можно менување на страната и не само да да се зголеми бројот на избрани градоначалници од опозицијата туку и за промена на односот во парламентот, што може да доведе до предвремени парламентарни избори.

Меѓутоа лидерот на СДС многу добро знае дека неговото време измина и дека полека ја губи власта. Свесен дека ќе одговора за сите зла кои ги направил, во посмрттната агонија на неговото владеење, тој е способен да направи се за да се задржи уште некое време на власт.

СДС се надева дека во вториот круг ќе го намали изборниот пораз со закани, заплашувања и уцени. Отука битката против хибридниот режим на СДС и ДУИ не е завршена. Народот не треба да се плаши од заканите. Напротив треба уште помасовно да излезе во вториот круг и целосно да ја порази коалицијата на власт. Односно да ја делегитимира антинародната и антидржавна политика на СДС и ДУИ.

Народот одбра промени и веке никој не може да ги запре. Сепак „Финалната победа доаѓа по вториот круг“. А да се постигне таа цел народот треба масовно да излезе и да гласа „за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“.

По првичните резултати од првиот изборен круг „Победа е првиот голем чекор до просперитетна Македонија. Ова е победа на народот и ние нема да го изневериме. Уште од првиот ден како градоначалници и советници луѓето од ВМРО-ДПМНЕ избрани на тие функции целосно ќе се посветат на решавање на проблемите на луѓето.“

 

На прво место

News image

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.