Среда, 20 Октомври 2021   
Георги Малковски : Македонскиот непокор и пркос се вечни и траат со милениуми

1Malkovski Djordji 2 Георги Малковски

Да се биде Вмровец е најпрвин света работа, пркос и одважност, а потоа и гордост со вградено чувство дека сме припадници на нешто големо, трајно, историско и безвременско.

Големо ни е името на нашата држава Македонија, исто како што е големо и името на нашето ВМРО. Затоа, како што кажал македонскиот поет со светско реноме, Блаже Конески, ќе сакаат да ни го земат и да ни го уништат. За жал, сето ова се случуваше сите овие изминати пет години во Република Македонија од страна на моментално владеачката партија на СДС и нејзиниот лидер Заев.

Во името на некакви добрососедски односи се започна со раскрчмување и лицитација на се што е вредно и македонско, од историја, култура, јазик и економија. Така, полека, но сигурно, Република Македонија стана заробена држава, во која СДС единствено се грижеше за економски криминал, уништување на македонското име и, на крај, за уништување на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, единствениот политички субјект кој застана во одбрана на се што е македонско во Република Македонија.

Претседателот Христијан Мицкоски, веднаш по неговиот избор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ја започна епската борба за да го зачува името и целовитоста на партијата. Тој, го започна трнливиот пат со изјави и јавни настапи за тоа како да си ја сакаме ВМРО-ДПМНЕ и татковината, како да бидеме непокорни пред неправдите и како драматично да се бориме за достоинствено да живееме под теророт на СДС и Зоран Заев.

Тие, пет години се трудат да го понижат ВМРО-ДПМНЕ и сите нејзини членови, а тие се погорди стануваа, за на карјот овој пркос да победи. Затоа Македонци и Македонки, членови на ВМРО-ДПМНЕ, ветераните на ВМРО-ДПМНЕ ве повикуваат дека конечно дојде времето да си ја вратиме Република Македонија, да ја тргнеме темната завеса од политички задкулисни игри на овие одродници и, повторно да татнат и силно да се слушаат аплаузите на гордите Македонци по плоштадите, градовите и селата и на секое друго место кога при секое одбележување на настани по било кој повод, се гледаа насмеаните лица и радоста во очите на сите присутни.

Ветeрaните на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот Христијан Мицкоски, со целиот Извршен Комитет и со целиот македонски народ, конечно ќе продолжат да се борат и ќе се изборат да ја тргнат наталожената прашина од сегашната состојба на безизлезност и бесперспективност и да застанеме простум пред саможртвите на исконското ВМРО и на сите македонски херои од најстари времиња до денес, за повеќе никој да не ги заборави и да не дозволиме да догори свеќата пред вечноста на нашата мила и сакана Република Македонија.

Ние, заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, со членовите на ИК и со сите членови на Партијата, ќе работиме и ќе се бориме Македонија повторно да стане горда држава и земја на просперитет и развој, земја од која нема да има иселувања, земја во која судството, обвинителството и полицијата нема да бидат ничија своина. Ова македонскиот народ го заслужува во неговиот опстој се додека светот светува и векот векува.

  Затоа, ветераните на ВМРО-ДПМНЕ повикуваат: Создади нова иднина, промени, проекти, победи.

ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ, ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.