Петок, 22 Октомври 2021   
Ламбе Арнаудов: Зошто за Христијан и ВМРО-ДПМНЕ?

1 Lambe

Ламбе Арнаудов: Зошто за Христијан и ВМРО-ДПМНЕ?

Деновиве, одејќи по улица МАКЕДОНИЈА се сретнав со група мои сопартијци и неопределени граѓани кои ми рекоа: “Ја препознаваме сé уште необјавената твоја колумна Заев, народот, ВМРО...“

За жал ќе ве разочарам драги верни читатели, бидејќи решив да се откажам од мојата омилена повеќегодишна тема Зоран Заев, од едноставна причина затоа што сега Зоран Заев е никој и ништо но и заради предавствата што  ги направи кон Македонија и македонскиот народ и својот народ го нарече зло, тој за мене е никој и ништо уште од кога се родил.

Оваа колумна ја посветувам на вистинските вредности длабоко вткаени во срцата и душите во прв ред на Лидерот Христијан Мицкоски, раководството на ВМРО-ДПМНЕ, храбрите млади лавови без месо во забите, избраните градоначалници и оние кои на 31 октомври ќе бидат избрани, на советниците, на храбрите и честити Данела Арсовска и Наташа Котлар, на сите оние млади момци, упорни жени и искусни ветерани од партијата кои на своите снажни плеќи лесно и со радост го носат товарот на изборната кампања, како и на сите граѓани на Р. Македонија кои успеа да внесат ренесанса во сопствениот дух и ги реафирмираат основните принципи, начела и критериуми кон својот народ и татковината Р. Македонија.

Зошто за Христијан и ВМРО-ДПМНЕ?

  •   Затоа што, во ниеден момент не дозволивте обесчестување, запоставување, понижување, неправда, сиромаштија и најмногу заради што овозможивте македонскиот граѓанин да ја задржи својата гордост, а не да клечи како просјак да проси, туку одважно да им каже на Заев и дружината да ја затворат вратата на Македонија од надвор и никогаш повеќе такви монструми како нив да не се појават во политиката.
  •   Затоа што направивте совршена интеграција на сите структури во партијата, функционалноста ја доведовте до перфекција, меѓусебно почитување за гордост и антологиска лојалност кон темелните вредности на нашата вечна борба и силна посветеност и љубов кон светите наши идеали за постигнување на конечната цел.
  •   Затоа што во ваков мирен и пријатен амбиент смирено, лесно, велемајсторски ги одбравте најдобрите кадри кои историската изборна победа сите нас нé исполнија со радост, среќа и убавина и на сите граѓани на Македонија им ја вративте надежта за создавање на нова иднина. Иднина со еднаква стартна позиција каде што никој однапред не ќе биде предодреден да биде подобар од другиот.
  •   Затоа што на Христијан и неговите соработници, подеднакво им се важни сите граѓани на Република Македонија, и како родени народни трибуни знаат дека во Македонија не може среќно да се живее ако макар и само еден човек да е обесправен или несреќен. Затоа прифатете ја неговата подадена рака. Таа рака е за сите. Таа рака дава сé. Таква рака сабја не ја сече.
  •   Затоа што потврдивте дека СЛОБОДАТА е универзална вредност и целосно му припаѓа на човештвото, но никој нема право да ужива во неа ако претходно не ја освоил за друг. Вака сите заедно еден за друг си подаруваме и обезбедуваме слобода и подеднакво ги уживаме нејзините благодети.
  •   Затоа што нé потсетивте кои сме, од кај и од каде произлегуваме и на кого припаѓаме. Тогаш многу полесно ќе се справиме со сите наши внатрешни предавници и надворешни непријатели и нивните нечесни аспирации кон нас.
  •   Затоа што нé научивте дека семејството е персонификација на државата и подеднакво се важни мирот, спокојството, љубовта, меѓусебното почитување, разбирање меѓу генерациите без слуги и господари туку рамноправни индивидуи кои заедно носат прогрес и дома и во татковината. Изедначената љубов кон семејството и татковината е совршенство кон кое тежнее секое праведно и демократско општество давајќи му белег на највисок дострел што еден поединец може да го достигне.
  •   Затоа што на Христијан и неговите соработници може да им се ВЕРУВА.

Во една пригода Христијан ни се обрати и нé замоли за трпеливост. Рече: Ова се тешки и претешки времиња и затоа од вас ништо не барам освен да ми верувате и да не избрзувате. Свечено и пред сите се заколна дека, ако го послушаме еден ден многу скоро ќе победиме. Победивме, и понатака ќе победуваме.

Лидерот Христијан Мицкоски е човек од збор. Неговиот збор тежи како висока планина и затоа верувајте му.

Верувајте му безрезервно!

Верувајте му на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан и сите заедно да создадеме нова иднина за Македонија.

Нова иднина што убаво мириса.

Верувајте му на Христијан затоа што тој својот народ го нарекува украс на македонското општество.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.