|
|
Злосторствата на Зоран Заев – сторените и најавените! |
Страшо АНГЕЛОВСКИВо саботата наутро имав интервју за македонско радио во Сиднеј, Австралија, а во неделата вечер за исто такво во Чикаго, САД. Она што како впечаток остана во мене е податокот дека, според поставените прашања и заклучоци на водителите и според прашањата и реакциите на слушателите, веќе не постои македонец во светот кој не е згрозен од владеењето на Заев, не е убеден во неговиот катастрофален пораз во вториот круг на изборите на 31 октомври и, не посакува ништо повеќе одколку предвремени парламентарни избори и пад на оваа нецивилизациска и злосторничка власт. Проговоривме за неговите злосторства кои веќе ги изврши врз македонскиот народ и македонската држава, но и за оние за кои се подготвува да ги изврши. Злосторства кои не застаруваат и злосторства за кои се одговара, кога – тогаш. За веќе сторените злосторства веќе сум говорел и сум пишувал. Тоа е, пред се’, непочитувањето на резултатите од највисоката демократска институција – референдумот и, преку фалсификување на волјата на граѓаните потпишувањето на договорот со Атина со кој, Република Македонија ја доведе во состојба на гарантна окупација. (А, според Уставот на РМ никој нема право да потпише окупација и тоа се смета за велепредавство). Второто злосторство, она што допрва ќе го почувствуваат и оние кои се радуваат на ова првото, односно на договорот со Атина заради “влез во НАТО“, е бришењето на Република Македонија од енергетската и инфраструктурната мапа на Европа. Имено, заради исполнување туѓи интереси, Зоран Заев и го оневозможи на државава гасоводното поврзување, со што државата остана без ефтин гас за сопствени потреби и развој и без милиони евра од транзитот на гас. Истовремено, остана без брзата пруга за брз превоз на сопствените производи на европските пазари и без милионите евра за транзит на стоки претежно од солунското пристаниште. И, кога, заради најтешката до сега енергетска криза која се најавува, ќе седиме зимово во студени домови, со рестрикции на електрична енергија, не е лошо да побараме НАТО да ни ги грее и осветлува домовите. Бидејќи, нели, заради него, “ Заев херојски го уништи руското и кинеското влијание“. ЗЛОСТОРСТВА ВО НАЈАВА Она што следи, секако е, уништувањето на цели генерации од нашите поколенија со шаренореволуционерните програми во образованието, со фашистичко-инквизицискиот однос кон книгите кои сакаат да ги запалат на клада, со ЛГБТ програмите во образовниот процес… Со еден збор, злосторство кон младите генерации заради уништување на македонското милениумско традиционално постоење. Потоа, на ред е договорот со Софија, кој наспроти противењето на целокупната македонска јавност, Заев го турка со доза на изживување врз сите кои се чувствуваат како македонци и не сакаат да ја продадат својата историја некому кому не му припаѓа. Згора на се’, за првпат , наспроти она потврденото дека “историјата ја пишуваат победниците“, Заев, во своите злосторнички намери против македонскиот народ и македонската држава, со нескриена пакост во погледот,инсистира нам на македонците, како победници во антифашистичката борба, историјата да ни ја пишуваат поразените – Софија и Тирана. Со тоа, сака да ја реализира идејата за “Македонија – Швајцарија на Балканите“, во која, како конфедерација, ќе нема матичен народ како носител на суверенитетот. И конечно, со договорот со Приштина, според кој на косовската “армија“ (нешто што не постои според Резолуцијата 1244 на ООН) и се дозволува слободен влез и престој на територијата на Република Македонија. Со тоа, во една идна можна воена разврска на случувањата на Косово, што веќе беше најавено со последните случувања на северот на Косово, територијата на Република Македонија ќе служи како простор за консолидирање и преструктуирање на косовската “армија“ (онаа истата која изврши инвазија врз Република Македонија во 2001 година), за одмор и лекување на истоштените и ранетите, а со тоа, ќе стане легитимна цел на спротивната завојувана страна. Не треба да си многу паметен за да знаеш дека единствено меѓународното право и меѓународниот поредок, меѓу кои се примарни Организацијата на Обединетите Нации и нејзините Резолуции, претставуваат каков таков гарант за заштита на малите држави каква што е и нашата. И доволно е да се потсетиме што се случи токму после непочитувањето на ООН и нашето авантуристичко признавање на независноста на Тајван – терористички напади од КЗК (Косовскиот заштитен корпус, денес преименуван во Косовска армија) и војна со терористите во 2001 година. И денес, кога токму оние кои незаконски го донесоа Заев на власт, британските тајни служби, најверојатно стојат зад случувањата на Косово, чиј проект од пред 140 години е создавањето на “албанскиот вилает“, сега, преку овој договор, бараат од Заев да си го исплати “долгот“. Инаку, во предвечерието на Балканските војни, во 1912 година е одржан сеалбански конгрес, на кој е донесена одлука за формирање на “албанскиот вилает“, како територијално правна единица во рамките на Отоманското царство. Според тогашниот проект, во него требало да влезат неколку вилаети кои веќе се наоѓале во составот на царството – косовскиот, битолскиот, скадарскиот, вилаетот Јанина и дел од солунскиот вилает. Британскиот проект, за жал, станува се’ пореален од кога било, а Зоран Заев добиените четири-пет години власт треба да ги плати со македонската земја и македонското постоење. Токму затоа, на 31 октомври мора да биде катастрофално поразен од сите слободномислечки луѓе во државава, вклучително и членови на СДСМ на кои Македонија и сопственото постоење им е помила од киднапираната партија. И потоа, секојдневен притисок се’ до одржување предвремени парламентарни избори. За да ги спречиме најавените злосторства. (авторот е претседател на МААК) |