Среда, 27 Октомври 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 142

1martin1

ТОДЕ КАБРОВСКИ - МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛ ВО АВСТРАЛИЈА 

1. Во саботата - на 23 октомври, во Македонија беше симболично одбележен државниот празник 23 октомври - Денот на македонска револуционерната борба. На тој датум во далечната 1893 година во Солун група македонски интелектуалци-револуционери ја формираа Внатрешната Mакедонска револуционерна организација (ВМРО).

   Иако претходната влада на Никола Груевски го прогласи овој ден за државен празик за паметење на сите борби и револуционерни движења на Македонице за слобода и сопствена независна држава на својата земја, власта, овој пат, го одбележа празникот скромно, што поскромно не може да биде! Претставници од третиот или петтиот ешалон на припадници на власта положија свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје. Патем, споменатиот споменик на Гоце е излиен во Софија, а Бугарите ни го подарија 1945та година кога и ни ги вратија посмртните останки од нашиот национален јунак, легендата Гоце Делчев.

   Не знам зошто нашите историчари од заедничката меѓувладина Комисија за историски прашања не им го плеснат в'лице овој факт на нивните бугарски колеги!?  

Наследничката на историското ВМРО, партијата ВМРО-ДПМНЕ одржа централен комитет во древниот Охрид, како и митинг по повод празникот и во знак на подршка на својот кандидат за градоначелник Др Kирил Пецаков во вториот круг локални избори закажани за 31 октомври.  

2.  Конечно се најде маж кој категорички рече "НЕ" на виткањето кичма од наша страна пред бугарските бескрупулозни својатања на личности и настани од нашето минато. Името му е проф. Ванчо Ѓорѓиев, историчар, кој поднесе оставка од членството во мешовитата комисија меѓу Македонија и Бугарија за историски прашања. Ѓорѓиев е професор на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје  и својата оставка ја поткрепи со образложение кое, заради неговата извонредна важност ви го пренесуваме во интегрална форма:

   "Раководејќи се од професионалниот интегритет и личните принципи, ја известувам македонската јавност дека од денес, 22.10.2021 година, ја напуштам работата во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Одлуката е мотивирана од следниве околности:

1. Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден  (21.10.2021 година) на  XV редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР;

2. При такви околности, под влијание на двојното водство во македонскиот дел од Комисијата, се отстапи од утврдените принципи за консензуално носење одлуки по сите прашања; при што не беше испочитувано договореното на координативниот состанок од 20.10.2021 година;

3. Нагласувам дека изготвените и разменети предлог-идеи, донесени и разменети во текот на вчерашниот ден од страна на македонскиот дел од Комисијата за препораки за учебниците за VII одделение за македонските учебници, се без моја согласност;

4. Демонстрираните ставови на последната средба од страна на другите членови на македонскиот дел од Комисијата, не само што се во спротивност со Резолуцијата усвоена на 29.07.2021 година од македонското Собрание, со која се утврдуваат црвените линии во преговорите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, туку и со македонските национални интереси;

5. Ги охрабрувам членовите на Комисијата кои повремено споделувале со мене слични ставови и вредности, да не ја „виткаат кичмата“, вели Ѓорѓиев во соопштението. 

   Гестот на почитуваниот професор и образложението на неговата оставка заслужуваат почит од секој добронамерен Македонец и патриот, но - замислите: наместо тоа, Ѓорѓиев се соочува со закани за освета и казна за тоа што го стори, па дури закани со смрт!? Од извори во МНР дознаваме дека заканите му биле упатувани од  шефот на Директоратот за билатерални односи со европски држави во министерството Методија Белевски кој, според пишувањето на медиумите, инструкции добивал од повисоките инстанци во МНР со цел да влијае на ставовите што членовите на Комисијата требало да ги донесат - демек како дел од заедничката историја со Бугарија!? Дали Министерството ќе ја преиспита работата на историчарите и ќе преземе чекори по обвинувањата на членот на Комисијата Ванчо Ѓорѓиев кој поднесе оставка и ја напушти работата на истата, засега е неизвесно. „Да знаеш, за ова лично ќе ти се одмаздам“, била пораката на "високиот дипломат" од МНР (до професорот Ѓорѓиев бидејки не успеал да го разубеди  да ја повлече оставката!?). Според професорот Ѓорѓиев, тој смета оти „високиот функционер“Методија Белевски (поранешен заменик амбасадор на Македонија во Софија) не настапува лично, туку дека е пренесувач на инструкции и пораки од повисоки инстанци во министерството!? 

3. Информацијата што неодамна пристигна по новинските агенции од соседна Албанија е за рубриката: "Верувале, или не?" Имено, премиерот Еди Рама изјавил дека неговата земја "Би можела следната година да лансира сателит во вселената!?" Сателитот "Албанија 1" ќе биде лансиран со ракетата "СпеисEкс" Фалкон 9 во март 2022 година, а вториот сателит "Албанија 2" во јуни 2023 година. 

  Според изјавата на премиерот Еди Рама, Албанија ќе ласнсира сателити за да имала контрола врз целата земја, а сателитите ќе се користеле за цивилни цели!? 

  И додека Македонија тоне и тоне во долгови и не бележи никаков економски развој, а младите се поинтензивно ја напуштаат земјата, се поочигледно е дека Албанија бележи брз напредок во многу свери, за разлика од нашата земја, особено по доаѓањето на власт на сегашнава владеачка гарнитура.

  Жално, но вистинито! 

4.Негувањето на мајчиниот македонски јазик и пишаното творештво на македонски од секогаш биле  преокупација на нашите сонародници ширум светот. Бројни се литературни друштва (Л.Д. "Григор Прличев" во Сиднеј, "Браќа Миладиновци" во Торонто и др.), или литературни секции во рамките на црковните општини во рамките на кои творат нашите сонародници на својот мајчин македонски јазик.

  Редок пример и на некој начин своевиден феномен на тој план секако е Тоде Кабровски од село горно Ореово, битолско, кој е основач и цели 25 години претседател на Македонскиот просветно-школски одбор во Сиднеј, Австралија. Свесен за тоа колку многу значи познавањето на мајчиниот македонски јазик, особено за младите  генерации родени во туѓојазичната "нова татковина", Австралија, нашиот Тоде веднаш по пристигнувањето на петтиот континент започна да мечтае и да размислува што може самиот да стори за да не се заборави мајчиниот јазик. Речено - сторено. Се зафати со работа, а многу наши сонародници ја  подржаа неговата идеја  и ги носеа  своите деца во саботните училишта за дополнителна настава по мајчин јазик. Просветителската мисија на Тоде веднаш ја сватија и подржаа и самите  власти од австралиската држава Нов Јужен Велс, посебно во Сиднејската општина Рокдејл, каде има огромна концентрација на Македонци..

  За пионерската работа на Тоде Кабровски, кој образува илјадници деца на доселеници од "стари крај" на јазикот на нивните предци, во книгата ТОДЕ КАБРОВСКИ, МАКЕДОНСКИОТ ПРОСВЕТИТЕЛ ВО АВСТРАЛИЈА предговорот  го напиша Д-р Солзица Поповска, рецензенти се Фиданка Танаскова и Славе Николовски, а компјтерското сложување го направија Кирил Циревски и Атанас Брсаковски.      И родна Македонија одамна го свати огромното значење на просветителската мисија на нашиот Тоде и години наназад му испраќаше на помош истакнати литературни дејци и експерти за македонски јазик и литература. Петнаесетина од нив, меѓу кои и други добри познавачи на делото на Тоде Кабровски напишаа свои впечатоци за неговото четвртвековно просветителско делување кое резултираше илјадници млади Македончиња да го научат и говорат јазикот на нивните родители и предци - македонскиот.  Прирлозите се објавени двојазично - на македонски англиски јазик.

   Свои впечатоци за Тоде во споменатото луксузно издание посветено на ликот и делото на Тоде Кабровски, издадено на македонски и англиски јазик со бројни фотографии  изнесоа: Maртин Треневски, Димитар Башевски, Славе Николовски, Ѓурѓица Чакар, протоереј ставрофор Љупчо Двојаковски, Фиданка Танаскова, Тодор Чепреганов, Ѓоко Чакарјаневски, Панде Манојлов, Крсте Наумовски, Жаклина Михалова, Сотир Најдовски Радица Бојковска - Димитровска Кирил Циревски, мирјана Дуковска, Лилјана Митковска, Георги Сталев, Љубица Пановска-Бакаловска, Владо Кабровски и Сотир Гроздановски.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.