|
|
Во Недела со пенкало во рака одлучуваме за иднината на нашите деца и внуци! |
Конечно, во Република Македонија, во првиот круг на локалните избори, народот си го кажа своето. Јасно и гласно, обединето и сложно, и порача на оваа диктаторска власт дека е Доста и Крај на нивното застрашувачко и со невидени инквизациски мерки на владеење, со тортура, уцени и затворања, со измислени обвиненија и уште позлосторнички судски одлуки со казни кои се мерат во векови. Затоа, во Македонија „врие“, а, конечно, и време е за тоа. Во историјата секогаш се покажало како правило дека разбудениот народ е добар народ, а оние заспаните, ќе се приклучат подоцна. Овие избори се инспирација, но и борба за зачувување на својот идентитет, наспроти сите политички сплетки кои им ги наметнува оваа диктаторска власт. Последниве пет години сведоци сме дека имаме работа со антимакедонци и луѓе кои се спремни заради лични интереси да ја уништуваат сопствената држава и иднината на нашите деца и внуци, само и само заради лични интереси и пусти пари. Ова се одлучувачки и судбоносни моменти за понатамошното наше опстојување. Сите заедно да излеземе масовно на 31 октомври, денот „Д“ за нашата Република Македонија, и да ги избереме идните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и, со тоа, да го означиме падот на оваа диктаторска хунта, која ќе заврши на буништето на историјата како најомразена власт што Македонија воопшто ја имала. Го повикуваме мудриот македонскиот народ во недела да им даде шут карта на здружението за уништување на Македонија кое се нарекува партија СДС, исто како што им даде шут карта во првиот круг на локалните избори. Идните градоначалници предложени и подржани од ВМРО-ДПМНЕ со сите партијски структури предводени од нашиот ценет и почитуван Доктор Професор Христијан Мицкоски пред никого и никогаш нема да ја виткаат кичмата и заедно со сите вас мудар Македонски народе ќе донесат благосостојба за сите Нас. Македонски народе, без разлика дали сте Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци, Евреи или друга националност или друга вероисповед, излезете масовно и дајте го вашиот глас за тие кои ви нудат иднина, тие кои се еснафи кои го одржуваат својот кажан збор, да ја направиме нашата заедничка Македонија достојно место за живеење а не држава од која секојдневно се иселуваат цели семејства. Браќа и сестри наши мили комшии, во недела со пенкало во рака да ставиме крај на расипничката и антимакедонска политика на СДС.
Во Недела гласајте за кандидатите за градоначалници предложени од ВМРО-ДПМНЕ заокружувајќи го Брјот 7,
За Општина Карпош нашиот долгогодишен и верен коалиционен партнер Стевче Јакимовски заокружувајќи го бројот 1,
За градоначалник на Скопје за Данела Арсовска заокружувајќи го Бројот 82. На овие избори се решава иднината на нашите деца и внуци и за иднината на нашата заедничка Македонија. Сите заедно да создадеме нова иднина, промени, проекти, победи. ВЕЧНА ДА Е НАШАТА ЗАЕДНИШКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Со почит, Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ |