|
|
Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ храбро, силно и одважно дадоа свој придонес во големата победа на локалните избори |
На локалните избори им се даде жолт- пред црвен картон на одродниците од врвот на СДС и нивните приврзоци, нивните коалициони партнери. Повторно над Македонија огреа сонцето на слободата и го победи невиденото и нечуеното манифестирање на зло кое до вчера си поигруваше и ја изигруваше судбината и иднината на македонскиот народ. Зашто за сите Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ и за целиот македонски народ, Македонија е љубена и света земја, со божествена убавина и со чудесна магична привлечност. Овие одродници од петни жили се трудеа да создадат неправди, да зададат удари и преку подмолни струи да не обесхрабрат и втурнат во апатија за да се откажеме од нашата библиска Македонија и од историјата. Но, секој од вас треба да знае дека 31 октомври 2021 лето Господово треба да го славиме, не затоа што сме припадници на ВМРО-ДПМНЕ и наследници на илинденците и партизаните, туку затоа што сиве овие четири години не се откажавме од нашата идеологија, не се депримиравме и разочаравме, туку, со борба, со активности низ цела Македонија, учествуваме во поразот на злото што се вика СДС и Зоран Заев. И, да знаете, борбата за Македонија е вечна, исто како и идеалот за неа. Кога многумина мислеа, и потајно се надеваа, дека ВМРО-ДПМНЕ е поразено и готово, Ветераните јасно и гласно, со високо крената глава и со стегната тупаница рекоа-ништо не е готово. Зашто најважните битки во ВМРО ги водат најхрабрите, и, заедно со претседателот Професор Др. Христијан Мицковски, УМС, УЖ, ИК и ОК ветуваме дека ќе продолжиме да се бориме за правда, чесност и принципи. Дојде време Македонија повторно да се исправи. Главата горе Ветерани, верни членови на ВМРО-ДПМНЕ и народе македонски, сега е време да продолжиме гордо и достоинствено, непоколебливо и безкомпромисно, да дадеме свој прилог во идниот период што следува, а тоа се парламентарните избори и создавање на нова демократска атмосфера и слобода во нашата Република Македонија. Голема благодарност до сите Вас почитувани Ветерани, голема почит за секој поединечно кој на било каков начин даде свој прилог во оваа епска победа на локалните избори. Вие знаевте како да работите, вие бевте со народот, вие ја сакате Македонија и не ја свиткавте кичмата како што тоа го сторија некои, и затоа сите вие, давајќи му поддршка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и на целото раководство на Партијата, силно испративте порака дека македонскиот народ ќе има иднина каква ја заслужува. Затоа, драги Ветерани, издигнете се над се како цврст бедем и да бидеме единствени во поглед на ова прашање. ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ, ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Претседателство на УВ на ВМРО-ДПМНЕ Претседавач, Маноил Мане Јаковлевски |