|
|
По победата на опозицијата на Локалните избори Зоран Заев конечно поднесе оставка |
Свекрва Заврши вториот круг на седмите Локални избори 2021 година на кои македонскиот народ му даде црвен картон на владечката коалиција СДСМ и ДУИ. Македонскиот народ на овие избори кои беа еден вид референдум на владеењето на СДСМ и ДУИ, како на локално така и на централно ниво, им даде шут карта, поради што Зоран Заев си даде оставка на позициите премиер на Влада и лидерската позиција во СДСМ. Со тој чин паѓа цела Влада, но Заев се надева дека повторно ќе ја изманипулира јавноста со помош на меѓународниот фактор наводно дека ќе има нестабилност во земјата доколку тој си замине. Тоа се гледа и од изјавата на Зоран Заев која ја даде по изборниот пораз, каде вели дека нема потреба од нови парламентани избори и на СДСМ му престоеле две и пол одлични неповторливи години за државата од кои корист би имал целиот народ и државата. Меѓутоа, тој никако не може да сфати дека доби црвен картон поради корупцијата, неспособноста на власта и дека народот не го сака особено по распродажбата на името и националните интереси. Едноставно македонскиот народ мора да го принуди Заев да си го одржи зборот за да си замине еднаш засекогаш од власта, а не повторно да го лаже. Покрај него и целата сдсмовска и инсталација на ДУИ мора да си замине од власта доколку Македонија сака да се справи со предизвиците со кои се соочуваме и ни престојат (пандемија, енергетска и економска криза), но и да ги санира последиците предизвикани од владеењето на Зоран Заев. СДСМ и ДУИ одамна го изгубија кредибилитетот за да ја водат државата. Меѓутоа пандемијата со Ковид 19, прогласените кризни состојби и преземени мерки, долго го одложуваше падот на нивното владеење. Сепак немањето на капцитет да се справат со кризите, корупцијата, неработењето и другите несоддветни активности кои ги рушеа институциите им го донесе почетокот на крајот на нивното владеење во единиците на локална самоуправа, што доведе и до најава за оставка на Заев. Сега, по оставката на Заев сите очекуваат формирање на ново парламентарно мнозинство и формирање на нова влада. Македонскиот народ кој поминува низ низа премрежја едвај чека промени на централно ниво кои ќе доведат до подобар живот, до подобар стандард, но и враќање на достоинството кое им го вети опозицијата. Политичките партии како ВМРО ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса, Левица и другите кои не ја споделуваат мрачната визија на Заев, можат да и донесат светлина на народот. Локалните избори покажаа дека тие сплотени можат да донесат промени како на локално така и централно ниво, односно да однесат победа на следните парламентарни избори. На 31 октомври 2021 година македонскиот народ го стори своето, му кажа историско НЕ на политиките на Заев и неговиот хибриден режим, му кажа не на криминалот, на корупцијата и неспособноста на власта. Сега на ред се партиите кои ја добија довербата од народот. Тие треба да го испорачаат она што му го ветија. Не смеат никако да го разочараат и не смеат да дозволат неказнето да поминат сите оние кои се огрешиле од Уставот и Законите на државата. |