|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 143 : НИ ПРЕТСТОИ СОСЕМА НЕИЗВЕСНА ПОЛИТИЧКА ПРОЛЕТ!!! |
1. Македонската политичка пролет, што ја најавив пред некоја недела, веќе многу јасно е на повидок. Во неделата, на 31 октомври, пролетта, што се наѕираше веќе по првиот круг на редовните локални избори на 17ти октомври, веќе е јасно видлива по триумфалната победа на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери на 31 октомври во вкупно 42 општини, вклучувајки го и главниот град, Скопје. Триумфот на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на резултатите беше пропратен во "Македонски стил" - со зурли и тапани пред штабот на партијата. Од друга страна - од ул. Бихаќка, каде е седиштето на владеачката СДСМ, уследи оставката на лицето Зоран Заев од функцијата премиер и од сите партиски функции. Заев, познат по бројните празни и никогаш неисполнети ветувања за изминативе пет години од кога го донесоа на власт, за прв пат, барем вербално, поднесе оставка од двете функции и се завети дека ја напушта премиерската фотеља, но и партиското водство на социјакл-демократите и рече дека тој лично ја презема одговорноста за лошите резултати на изборите! Дали најавената оставка воопшто ќе се реализира засега е отворено прашање бидејки не е прв пат Заев или нокој од неговата партиска дружина да понуди оставка, а тоа да не се оствари, демек "да не му биде прифатена". Колку за потсетување, да го споменеме само на инцидентот на 8ми септември кога живи изгореа 14 пациенти болни од корона вирус во Тетово, што Заев го прогласи за "банално прашање", доддека министерот за здравство Венко Филипче си тераше кампањи за локалните избори - бидејки оставката што ја понуди "од морални прочини" не му беше прифатена!? Членовите на победничката коалиција пред партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје во еуфорија го прогласија Скопје за "ВМРО-вски град", но претседателот на Партијата Христијан Мицкоски истата вечер на прес-конференцијата предупреди дека со право може да се радуваат на победата, но нема место за еуфорија бидејки претстои многу работа за да се исправи грдото наследство од сега веке претходната власт. Сега почнуваат промените за подобра Македонија, рече Мицкоски. Во вториот круг во 43 општини и градот Скопје. ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалнички места во 20 општини, СДСМ во седум, ДУИ во седум, Алијанса за Албанците – Алтернатива и Беса по две, и по едно градоначалничко место имаат освоено ДПА, ГРОМ и Коалицијата ЛДП-ДОМ. Скопје, за прв пат во изминативе 30 години од стекнувањето на независноста ќе има жена за градоначалник, независната кандидатка Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а независни кандидати се Максим Димитриевски во Куманово, и Зоран Ногачески во општина Дебарца. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа порача дека партијата извојувала голема победа, по која, како што порача, почнуваат промените за подобра Македонија. Иако Мицкоски се заложи и за предвремени парламентарни избори, премиерот Заев во своето обраќање се спротивстави рече дека "такво нешто не е потребно". ВМРО-ДПМНЕ во идниот четиригодишен период ќе раководи со 42 (0д вкупно 80 општини во државата), и градот Скопје. СДСМ so16, ДУИ ќе раководи во вкупно 10 општини (но конечно го загубија Тетово), коалицијата Алијанса/Алтернатива во две. Беса ќе раководи со две, а Гром на Стевче Јакимовски, ДПА и ЛДП/ДОМ со по една општина, додека три општини ќе бидат под раководство на независни кандидати. По објавувањето на резултатите од вториот круг локални избори Од поголемите градови коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освен Скопје, од поголемите општини ги освои Битола, Прилеп, Велес, Охрид, Гевгелија, Штип, Кочани, Радовиш... Коалициониот партнер во владата на Заев, ДУИ, иако настојуваше со сите сили, го загуби градалничкото место во нивното традиционално упориште Тетово, каде победи Билал Касами, кандидатот на нивниот коалиционен партнер во владата на Заев, Беса, но го загуби и Гостивар каде втор мандат доби досегашниот градоначалник Таравари. За да не го загуби и Кичево, каде односот на гласачите Македонци и Албанци е пата-пата, ДУИ мотивира десетици чартер авиони од Швајцарија со гласачи за да го подржат нивниот кандидат. Но дури сега почнуваат главоболките и за победниците на овие локални избори (ВМРО-ДПМНДЕ и коалицијата), како и за губитничката СДСМ и нејзината коалиција! За првите, власта по поразот е делегитимирана и треба веднаш да си замине, а во меѓувреме да се формира техничка влада што ќе организира предвремени избори. Од друга страна, коалиционите партнери на владеачката СДСМ, особеноно ДУИ и помалите партии се категорични Заев да не се повлекува туку да го доврши четиригодишниот мандат! Реакции уследија и од меѓународната јавност. Американскиот Стејт Департмент се огласи со соопштение во кое се вели дека "ja подржува владата на македонија"(!?), Претседателот на соседна Србија Ачександар Вучиќ коментираше дека не се само грешките во кампањата причина за поразот на Заев, туку и застојот во евроинтегративниот процес и блокадите кон Македонија од Бугарија за почеток на преговорите за членство. Иако општините што беа избрани во првиот круг на локалните избори (17ти октомври) се конституирани, веќе се појавија и првите сериозни проблеми. Имено, советниците од СДСМ во Штип и скопската општина Аеродром одбија да дадат заклетва доколку пред името на државата не стои придавката "северна", на што не обврзаа со капитулантскиот договор од Нивице, Преспа!!! Засега од соседна Грција нема званични реакции на овие појави, но сосема сигурно е дека ќе следат, а можно е нашиот јужен сосед да и се придружи на Бугарија во блокадата за почетокот на преговорите на РМ за членство во ЕУ. Како што стојат засега работите, ако вака продолжат, повеќе од сигурно е дека ни претстои многу неизвасна македонска политичка пролет! М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ,Поранешен министер и амбасадор |