|
|
ВЕРДИ, ПРОКЛЕТСТВОТО НА РИГОЛЕТО, ЖЕНАТА Е НЕВЕРНА И МАФИЈАТА НА ВОЈВОДАТА ОД МАНТОВА |
Марија Емилија Кукубајска Во темната, трагична опера Риголето, со аријата „Жената е неверна“, Верди ја исмева неморалната мафија на Војводата од Мантова, тој што го вработил Риголето за келнер во неговиот ноќен клуб и за обезбедување против народот кој не ги сака неверните жени. Во Риголето се пее за жените кои го „користат газдата“ кој ги злоупотребува клиентите кои му се предаваат. Во трагичен крај, криминалните ликови меѓусебно се пресметуваат. Се оградувам од можни политички коректни замерки за оваа Вердиева претстава на жената како неверен протагонист, и ќе се послужам со цитат од оваа италијанска опера (1851) која и во 2014/15 беше една од 10те најпопуларни во светот. Во Риголето се пее за жента на лагата која го користи народот што го заведува: „Менува глас, менува мисла, секогаш со привлечно лице, и да плаче и да се смее – секогаш лаже. Секогаш е мизерен тој што и’ верува“. Жената е измамничка, секогаш превртлива, никогаш не може да и’ верува тој што бара стабилна и верна врска. Таквиот етички став може да се воопшти и на пријатели, на деца и родители, како и на власта и народот. Лагата е отфрлена од вистината како страно тело, иако „Луѓето на лагата“ се најпопуларни последните децении (Др. Скот Пек). Само релативистички игри со вистината можат да ја прифатат лагата како не-морално, конфликтно, идеолошко... оружје за владеење со другиот, со народот, со општеството. Симболот на правдата како жена без у-вид Во музичката уметност, како и во правните и општествените науки, прогресивноста на лагата го релативизира својот однес кон реалноста за она што е морално и правно прифатливо. Со дедуктивно размислување се очекува човекот и власта да извлекуваат здрави заклучоци во процесот на стекнување и примена на знаења за успешно управување со себе си и со општеството. Секоја наука и нејзината практична вредност се реализира преку моќта да демонстрира убедливи докази и одржливи факти за реалноста. На тоа е заснована и применливоста на правото како наука за законите. Законодавството нема да е моќно да поставува и брани вредности, вистини, ред, мир и слобода за општествен и севкупен напредок, ако измамата е акт за релативно толкување на реалноста, и оправдување на симболот на правдата како жена со врзани очи. Што е праведно, а што не, што е одржливо, а што промовира илузии за прогрес, што ги докажува замките и загубите во регресивниот прогрес низ историјата и сегашноста - треба да се брани како неменлива правна категорија, предуслов за развој на личноста и на општеството засновано на закон и заштита на народот, на човековите права. Нема правда ако владетелот е диктатор, ако се режира траги-комедија на демократија, пост-хумано аморално, анти-народно, анти-државно управување со сцените на животот во театарот на светот. Оваа тема од Риголето, во аријата на расипаниот Војвода од Мантова, сведочи за цената што ја плаќаат криминалните умови, но и нивните жртви. Таа е релевантна и денес. Се одвива по улици и спортски стадиони, видео игри, комерцијални и политички реклами и филмови, во светот, и во Македонија. На државно и на индивидуално ниво. https://www.youtube.com/watch?v=xCFEk6Y8TmM Генијалниот Павароти како расипаниот Војвода |