Среда, 10 Ноември 2021   
Свекрва : На народот му е потребен просперитет и напредок, а не мрачна иднина

1ab Свекрва

Македонскиот народ мора да го принуди Заев за прв пат да си го одржи зборот, за да си замине еднаш засекогаш од власта, а не повторно да го лаже.

По изборниот пораз на Локалните избори 2021 Зоран Заев пред јавноста си поднесе оставка од премиерската и лидерската позиција во СДС. Меѓутоа тој се обиде уште еднаш да ја изманипулира јавноста и повеќе од недела дена ја немаше доставено оставката до Собранието на Македонија. Поради тоа 61 пратеник на партиите ВМРО ДПМНЕ, Алијанса/Алтернатива, Беса и Левица побара гласање на доверба на Владата, што ќе се одржи во Четврток. Дотогаш СДС и коалициониот партнер ДУИ, чии членови ја вратија воената реторик, ќе се обидат со купување, притисоци, закани и уцени да добијат некој пратеник повеќе за да останат на власт.

По повеќе од недала дена од локалните избори преку фејсбук се јави и премиерот во оставка Зоран Заев кој патетично напиша дека парламентарното мнозинство нема намера да поднесе оставка бидејќи опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ „поради желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда“. Според него „државата има свој народ, и граѓани, и демократи,  и борци, и политичари, и партиии кои нема да дозволат, Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата“.

Човекот како да има кратко паметење и изгледа заборави дека само пред една недела на Локалните избори 2021, народот му кажа јавно Не за неговото практицирање на власта - Не на корупцијата, криминалот и за држење на земјата во криза. Народот не заборави дека СДС и ДУИ наместо просперитет и напредок, земјата намерно ја внесоа во темнина за народот да не ги гледа криминалот, корупцијата, наместените тендери, како и последиците на ваквите зделки при справувањето со Ковид 19 и од секојдневното поскапување.

Зоран Заев своите апетити и ги препишува на опоцијата и вели дека таа поради пуста желба за власт и пари ја турка земјата низбрдо. Меѓутоа, токму тој е кој поради пуста желба за власт и пусти пари ги распродаваше националните интереси, овозможи поради непревземање мерки да процвета криминалот и корупцијата, и ја турна земјата кон провалија, од која тешко би се извлекла доколку под итно не настанат промени.

Стравот на Зоран Заев и Али Ахмети е голем. Тие се свесни дека доколку ја загубат власта, утре можат да одговаарат за сите антинационални и криминогени дела кои ги направиле. Поради тоа, особено од ДУИ се слуша опасна воена реторика. Демек, како што вели членката на ДУИ Шкодране Дардишта, припадник на УЧК во конфликтот во 2001 година, тие „уште ги чувале чизмите на таван“. Од друга страна од ДУИ велат дека граѓаните во Македонија треба да спијат мирно бидејќи Али Ахмети ја одржувал безбедноста во државата.

Тешко на Македонија ако безбедноста во  земјата зависи од некој кој со уцени за војна се одржува на власт веќе две децении и за тоа време ама баш никој не одговарал за криминал, уцени и за рекет.  

На граѓаните на Република Македонија и се потребни просперитет и напредок, а не мрачна иднина  која ја нуди СДС и ДУИ. Имено, додека неповратно низ Вардар, Црна и други реки тече огромна количина вода без да бидат претворени во електрична енергија, додека трите блока на РЕК Битола не работат или пак половично произведуваат струја, неспособната власт на Заев превзема половични мерки и купува скапа струја. Сето ќе се рефлектира, врз цената на струјата, цената на производите и даноците, кои народот ќе ги плати.

Македонија тоне во мрак, а намерно или поради неспособноста на СДС и ДУИ државата се дестабилизира и се разорува. Тоа го гледаат граѓаните и затоа на Локалните избори му го дадоа мандатот на опозицијата. Тие бараат од неа да ја сруши оваа ненародна власт.

Опозицијата ја има таа можност деновиве.

ВМРО ДПМНЕ, Алтернатива/Алијанса, Беса и Левица имаат потписи од 61 пратеник за рушење на Владата на Заев во Четврток. Но не е исклучено овој број да се зголеми, но и да се намали, бидејќи СДС и ДУИ за да се задржат на власт ќе се користат со секакви методи како што е купување на гласови, притисок, уцени и закани по животот на пратениците.

Зоран Заев мора да си оди за да може Македонија да оди напред, а тоа може да биде само со нова влада предводена од ВМРО ДПМНЕ на чело со Претседателот Др. Проф. Христијан Мицкоски.

За Македонија се работи!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.