|
|
Свекрва : Заевистите рак рана на ова општество |
Свекрва Власта предводена од Зоран Заев во последните неколку години ја воведе земјата во тотален хаос. Од доаѓањето на власт во 2017 година Заевистите ја обезличија, обезглавија и ја презадолжија земјата. Во земјата на која и се заканува тотален мрак, сиромаштија и зголемен морталитет поради несоодветен одговор на пандемијата, цвета корупцијата и криминалот. Службите кои се повикани да ги спречат ваквите појави, поради партизираност се неефикасни. Поради ваквото владеење на СДС и ДУИ народот им даде црвен картон на локалните избори. Но наместо одговорните да си дадат еднаш засекогаш неотповиклива оставка, наместо нови парламентарни избори поради немање парламентарно мнозинство, Заевистите продолжуваат да бидат рак рана на оваа општество. Владеачките структури прават огромни напори да го оддржат Зоран Заев на власт, наводно дека е потребен за преговорите со Бугарија, бидејќи се мисли дека таа ќе попушти до крајот на годината и ќе го крене ветото, овозможувајќи и на Македонија да започне преговори со ЕУ. Меѓутоа, изгледа дека ни по парламентарните и претседателските избори во Бугарија нема да може да се сменат работите многу. Во првата изјава дадена по освениот втор мандат по победата во вториот круг на претседателските избори актуелниот претседател на Бугарија Румен Радев вели дека „новата Влада на Бугарија не треба да отстапи од националните позиции особено кога е во залог бугарскиот идентитет и историјата и правата на нашите сонародници зад границите“. Софија очигледно се плаши да се дозволи народот во Бугарија слободно да ја изрази својата етничка припадност, бидејќи е свесна дека нема да останат многу Бугари и дека најголемиот број ќе се изјаснат за Македонци. Поради тоа Влада во Софија нема да излезе надвор од декларацијата на бугарското Собрание од 2019 година, како и од позициите на БАН со кои се оспорува постоењето на македонскиот јазик и идентитет. Ако се има во предвид дека ни под притисок на Вашингтон и Брисел, Софија нема да се откаже од своите позиции и да го крене ветото доколку Македонците не “признаат“ дека се Бугари, тогаш зошто Заевистите сакаат по секоја цена да останат на власт?. Има две работи поради кои Заевистите сеуште се борат да ја задржат власта или Зиран Заев да ја контролира истата. Една е Заев да го исполни ветувањето на меѓународната заедница која го донесе на власт и да испорача уште еден договор со Бугарија на штета на националните интереси на македонскиот народ и втората да избега од правдата. Заевистите се рак рана за македонските национални интереси, малиген тумор кој од внатре го разјадува македонското ткиво. Поради тоа мора да се остранат од власта, да бидат подалеку од македонското Собрание, се додека не се сменат луѓето со вистински социјалдемократи кои ќе застанат во одбрана на македонските национални интереси и ќе станат здраво ткиво во македонското општество. Кога едно општество е заболено од тешка болест тогаш заболеното место треба итно да се лекува. Најдобар начин е заболеното место хирушки да се острани, за да не ги зафати други органи, во овој случај македонски народ со што би довел до негово исчезнување. Во недостаток на специјалисти, сосема сигурно оваа хирушка операција треба да ја изведе народот. За тоа има дозвола од самиот Заев кој по изборниот пораз кажа дека дава оставка на позицијата премиер и лидер на СДС. Народот не смее да му дозволи тој да се пишмани и да направи нови злоупотреби на позицијата која ја има. Зоран Заев мора да си оди за да може Македонија да оди напред. |