Среда, 15 Декември 2021   
Додека не стане доцна, време е за нови избори

1 Свекрва

ВМРО ДПМНЕ и СДС избраа претседатели на партиите

Во СДС се бираше наследник на Зоран Заев, кој треба да ја продолжи неговата досегашна политика на трговија со националните интереси, а во ВМРО ДПМНЕ пак се изврши проверка на довербата на актуелниот лидер за досегашната политика заснована на одбрана на националните интереси и создавање на подобар живот на граѓаните.

Во СДС се режираше уште една трагокомична претсттава на наводно демократски избори, во кои беше избран Димитар Ковачевски за лидер на партијата, пулен и наследник на Зоран Заев. Тој е избраниот човек кој треба да ја продолжи досегашната политика на Заев и да го спаси  него од обвинување за распродажба на националните интереси доколку се склучи неповолен договор со Бугарија, кои ги најави неговиот емисар во Софија Владо Бучковски.

Од друга страна на 17 конгрес на ВМРО ДПМНЕ со мнозинство гласови беше потврдена довербата на досегашниот лидер Христијан Мицкоски. Тој доби доверба и понатаму да ја води партијата, да ја врати на власт за да ја спречи распродажбата на националните интереси од страна на актуелната власт и да се создадат подобри услови за живот на граѓаните.

Покрај справувањето со кризите (пабдемијата, енергетската, економската и политичјата лриза), еден од основните приоритети во надворешната политика е да се врати достоинството на македонскиот народ и како таков да влезе во ЕУ, а не да се прифатат бугарските барања дека Македонците имаат бугарски корени, дека македонскиот јазик е западнобугарски дијалект и дека македонската историја до 1944 година е бугарска историја.

Индиции дека сегашната власт има намера повторно да изврши национално предавство дава специјалниот пратеник на премиерот во оставка Заев во Софија Владо Бучковски. Имено, во интервју за софискиот „Дневник“ тој вели дека „со Бугарија имаме дефинитивно заедничка историја“.

Тоа наговестува дека владата не ги ферма македонските историчари, македонската наука и дека нема да се држи до Резолуцијата за црвените линии за преговорите со Бугарија и дека ќе потпишат Договор со кој Македонците ќе го изгубат својот идентитет, само за да добијат некаков датум за преговори со ЕУ, а за членство и да не зборуваме.

На секој Македонец му е јасно дека македонскиот и бугарскиот народ, освен за време на бугарската фашистичка окупација за Време на втората светска војна (1941-1945), немаат заедничка историја. Колективната меморија е многу посилна од пишаната, така да и промената на историските учебници под директива на власта нема да ги сменат сознанијата пренесувани од колено на колено во кој нашите дедовци и баби, нашите татковци и мајки говорат дека Македонците се посебен народ од бугарскиот, дека говорат свој македонски јазик, дека имаат своја посебна култура и традиција, но и дека македонските партизански единци кои ги носеле имињата на Илинденци се бореле со бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна.

Бугарите не сакаат да бидат преставувани како окупатори, туку како ослободители за време на Втората светска војна. Тие сакаат да се претстават на јавноста дека во средновековието имало Бугари, дека светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум се Бугари, дека кирилицата и глаголицата се нивни, дека Гоце, Сандански, Груев и др. се Бугари и т.н. 

Меѓутоа, Бугарите забораваат де кажат зошто Самуил не тргнал на исток за да ги ослободи, туку тргнал за запад и север.

При своите дискусии забораваат да кажат дека терминот вулгар или бугар Византија го користела за сите славјански племиња (Срби, Хрвати, Македонци и т.н) кои не говореле грчки (прости луѓе). Тие забораваат да кажат дека уште од времето на Охридскиот архиепископ Димитар Хоматијан ракоположен во 1216 година постојат записи во кои Македонците се преставуваат дека се „по род Македонец”. На пример Иван Иеракар  од селото Власто (денеска Велестово). (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena). Parissis et Romae 1891, col. 315.

Ако сме биле едно, каде беше бугарската армија за да ги спаси своите браќа кои го кренаа Илинденското востание?.

Едноставно чекаа да загинат сите кои беа за самостојна Македонија. Има еден куп докази за предаствата на бугарските политичари, против т.н. „братски бугарски народ од Македонија.“ За каква заедничка историја можеме да говориме.

Ступидни се изјавите на некои македонски политичари и теориите на Софија дека Македонците се Бугари, кога самите бугарски историчари одамна говорат за посебноста на двата народа. Односно Македонците се блиски со Бугарите  и имаат заедничка историја, колку што се блиски и имаат заедничка историја со Србите, Грците и Албанците.

Во овој контекст треба да се напомне дека Македонецот го обвинуваат за говорот на омраза, дека не им овозможуваат на Бугарите од Македонија да се чуствуваат како Бугари. Меѓутоа Софија барем еден да најдеше во Македонија на кого е докажано дека му се загрозени човековите прави. Заа разлика од кај нас, во Бугарија има константно прекршување на правата на луѓето кои се декларираат дека по потекло се Македонци. 

Покрај тоа во Македонија не постои говор на омраза, туку огромно разочарување дека еден близок народ наместо да ги развива пријателските односи не' уценува и го попречува влезот во ЕУ. А оној повремен оштар одговор на нивните притисоци е само рефлексија на сите пропаганди кои не само денес туку и низ вековите се обидуваат да го асимилираат македонскиот народ. Тоа е одговор на сите војни и поделби на македонскиот народ и земја кои не му дозволуваат нормално да живее, а денес и му го оспоруваат правото да стане членка на ЕУ, иако Европа го носи името на еден македонски град од Егејска Македонија и Македонците припаѓаат на европското семејство по географска позиција на македонската територија.

Ако новиот лидер на СДС е избран за да го замени Зев на лидерската и премиерската позција само за да го потпише договорот со Софија, основна задача на опозицијата е да го спречи овој велепредавнички чин. Опозицијата под раководство на Мицковски треба да најде начин по секоја цена да ги заштити националните интереси на македонскиот народ за што имаат поддршка и од македонските академици.

За да се заштити Македонија од нападите на Софија, за да може да се справи со последиците од пандемијата, енергетската, економската и политичката криза, македонскиот народ мора да се обедини. А единствана партија која во моментот може тоа да го направи и има капацитет за да се справи со проблемит, како и за да донесе подобро утре  е ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски како лидер на најголемата партија повика на обединување без разлика на етничка припадност за да се истреби секое зло кое го зафати македонското општество. Истовремено тој промовира нова доктрина за дејствување на партијата која ќе ја донесе на власт, а со тоа ќе донесат и сигурност на населението.

Додека не стане доцна, време е за нови избори

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.