|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 149 |
Мартин ТРЕНЕВСКИ : ЗА КИТЕЊЕТО СО ТУЃИ ПЕРЈА 1. Во неделата, (на 12. 12. 2921) во Скопје се одржа 17от конгрес на најголемата опозициона партија ВМРО-ДФПМНЕ во присуство на близу 500 делегати и голем број гости - стари членови, коалициони партнери, поранешни министри и пратеници... Конгресот се одржа под мотото:"Нова генерација за нова иднина". Речиси плебисцитарно за претседател во наредниот четиригодишен период беше реизбран досегашниот претседател на Партината Проф д-р Христијан Мицкоски кој во својот говор навести кадровски и програмски промени во Партијата и енергична заложба за предвремени парламентарни избори за излез од длабоката политичка, економска, здравствена и енергетска криза до која што ја доведе земјата актуелната корупмирана, криминална и неспособна власт. Претседателот Мицковски најави кадровско освежување и подмладување на Партијата и упати апел на секој што и мисли добро на Македонија и ги подржува политиките на ВМРО-ДПМНЕ да се придружи, без разлика дали е - или не е, член, или симпатизер на Партијата. На Конгресот беше усвоена и нова доктрина на Партијата од 17 точки која, помеѓу другото ги апострофира темелните вредности, заложби и основни цели на ВМРО-ДПМНЕ, образованието како приоритет, јакнење на македонскиот патриотизам, членството во НАТО и ЕУ, градење на хуман здравствен систем семејството како основен нуклеус во општеството. Посебно поглавје во политичката доктрона е посветен на земјоделието, енергетиката како стратегиски приоритет и заштитата на животната средина, развојот на спортот и негување на културата и историското наследство, а посебно поглавје е посвето на македонската дијаспора како нераскинлив дел од националното ткиво. 2. Истиот ден, кога ВМРО-ДПМНЕ одржуваше конгрес и владеачката СДСМ одржа внатрепартиски избори за нов претседател на Партијата, по оставката на досегашниот претседател Зоран Заев (З.З.). Гласаа членови на партијата со регулирано членство (платена членарина) и од тројцата пријавени кандидати (Димитар Ковачевски како протеже на З.З., Фросина Ременски и Јован Деспотовски, најмногу гласови доби досегашниот заменик министер за финансии Димитар Ковачевски, личен пријател ан З.З од студентските денови. Ковачески во своето обраќање вети дека ќе ја продолжи политиката што четири и пол години ја трасираше неговиот политички ментор З.З, Најави "посветеност и прогресивно (!) дејствување" во интерес на сите граѓани. Изборите во СДСМ за нов претседател партијата завршија како што завршија, но македонската јавност е длабоко загрижена што ќе направи лицето З.З. којшто сеуште останува на позицијата премиер (веројатно до средината на јануари 2022 година) и неизвесноста да потклекне на бугарските уцени и да потпише документ со којшто ги профаќа бугарските услови, т.е. уцени, за да го отстранат ветото за почеток на преговори за Република Македонија за членство во ЕУ. После се што видовме и доживеасвме од ова лице (З.З.) оправдана е загриженоста бидејки нему Македонија не му значи ништо и спремен е да прифати се што се бара од него. 3. Китењето со туѓи перја не е убава работа! Кога-тогај работите ќе излезат на виделина, а срамот ќе остане на тој што се кити (со туѓи перја). Токму тоа се случи во неделото издание (12.12.2021) на емисијата "Во центар" каде гостинот (Ѓ.М.) без око да му трепне се претстави како основач на Паневропското движење (Паневропската Унија) на Македонија (ПУМ) и тоа уште од уште 1993 година!? Не можев да верувам на сопствените уши што слушам бидејки јас лично имав чест и привилегија да ја донесам таа организација во татковината уште во 1992 година, по средбата со нејзиниот долгогодишен претседател и голем пријател на Македонија Др Ото фон Хабзбург на една вечера во домот на баронесата Патриша Роулингс (членка на EП) во Лондон. Др фон Хабзбург се интересираше за состојбите во Македонија и во разговорот спомена дека е претседател на меѓународната Паневропска унија - најстара организација (основана 1922 година), која се залага за обединување на Европа!. Му предложив да ја донесеме и во Македонија, а при тоа ме праша: "А знаеш ли некого кој би сe нафатил да ја промовира ПУ во Македонија?" Му одговорив:: "Па се разбира јас, немај друг". Започна меѓусебната преписка, а есента истата година Др фон Хабзбург ги прати во мисија на утврдување на фактите помалиот син надвојводата Георг фон Хабзбург во приружба на принцот Емануел фон Лихтенштајн. Нивниот извештај беше позитивен и веќе на 20ти април 1993 година одржавме основачко собрание во бараките на градското собрание на Скопје. Работното претседателство го сочинуваа: градоначалникот на Скопје, пок. Горан Николовски, Доста Димовска и јас, а записник водеше пок. Борис Трајковски. Беше избран првиот состав на раковдство на ПУМ, со претседател Мартин Треневски, генерален секретар инж Јордан Бошков, претседател на младите д-р Данило Глигоровски, а за почесни потпретседатели беа именувани: Архиепископот г.г Михаил, Љубиша Георгиевски и академик Ѓорѓи Ефремов. Во еден период, трите водечки позиции во земјата ги раководеа членови на ПУМ: пок. Борис Трајковски, Претседател на РМ, Љубчо Георгиевски, премиер и Љубиша Георгиевски, претседател на Собранието на РМ! ПУМ разви широка активност со сродни организации ширум Европа, и во голема мерка помогна за афирмација на Република Македонија и нејзиното членство во ЕУ. Со нашите активности направивме многу пријатели и подржувачи меѓу кои нобеловецот Лех Валенса, поранешнитe министри за одбрана на Франција Ивон Бурж и Мишел Хабиб Делокле, повеќе членови и потпретседатели на Европскиот парламент и многу други. Нема да биде нескромно да се каже дека ПУМ, под наше раководство, многу помогна ВМРО-ДПМНЕ да биде прифатена како модерна конзервативна партија, подржана од конзервативните партии ширум Европа што во голема мерка помогна и за победата на партијата на парламентарните избори 1998 година. Наши големи подржувачи и спомагатели во дијаспората беа Мане Јаковлевски, д-р Томе Лукаров, Ѓорѓи Мицевски и многу други. Во оваа прилика должно признание и благодарност им искажувам на градоначалниците на Скопје Миле Талевски и пок. Горан Николовски кои сесрдно ја помагаа организацијата! Има уште многу да се пишува за активностите и дострелите на ПУМ под наше раководство, а оние што сега си го присвојуваат (Ѓ.М.) и (Л.А.) во тој период ги немаше ни близу нас. 4. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска далдисваше (по Охридски) по медиумите месециве и неколкуте години од приемот на Република Македонија во Н А Т О небаре таа лично е најзаслужна за тоа!? А тоа што го сработиле шест амбасадори пред неа, со комплетни тимови во Мисијта на РМ во седиштето на НАТО (сега Делегација на РМ во НАТО) од експерти од МО и Армијата на РМ, дипломати од Министерството за надворешни работи и многу други познати и непознати дејци, како ништо да придонесле!? Истото го правеше и нејзиниот, сега поранешен (имало Господ) шеф З.З. (не сакам ни да му го споменам името) кој затвараше па ослободуваше пратеници од затвор и поткупуваше други за да гласаат во Собранието за да има 81 глас за промена на уставното име што беше предуслов за да биде отстрането грчкото ембарго за прием на земјава во Алијансата. Шекеринска претпоставувам не беше ни свесна што значи полноправно членство во воената алијанса, каков строг режим на проверки за подобност и слични предострожни мерки практицира Алијансата, особено кај новите членки и - судејки по пишувањето на одредени домашни портали, сега има големи главоболки за што и самата е виновна. Според пишувањето на порталот МКДенес од седми декември, спорно било именувањето на позицијата државен секретар во МО на Дражо Николиќ, симпатизер на „четничкиот покрет на Србија“ на злосторниците Дража Михајловиќ и Ратко Младиќ, како и на сектата на Зоран Вранишковски. Николиќ важел за симпатизер на Ратко Младиќ, но според пишувањето на МКДенес во Министерството за одбрана наводно има уште десетици други миленици и истомисленици на Шеќеринска кои работат дирекно против македонските интереси и против „натовизацијата“ на македонската одбрана!? Но главоболките на Шекеринска не завршуваат тука. И полковник Секуловски, бил директен соработник на Слободан Милошевиќ а работел и за Ратко Младиќ како офицер во српската војска! МКДенес тврди дека Шекеринска се обидела да го скрие овој детал од Претседателот Пендаровски на кого не му ставила до знаење дека од вкупно 12 кандидати кои биле на интервју за највисоката позиција - воен претставник на АРМ во НАТО, токму фаворитот на Шеќеринска за којшто порталот тврди дека е воен злосторник од Кабинетот на Милошевиќ и соработник на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ е полковникот Секуловски!? НАТО поставува битни прашања, кои се исто така значајни и за македонската јавност. МК Денес прашува, цитираме: "Зошто биографијата на полковникот Зоран Секуловски била прифатена без проверка на фактите и што се сокрива во истата? Зошто, Шеќеринска го овластува токму полковникот Зоран Секуловски да врши селекција на вработените во Министертвото за одбрана, за спроведување на ветингот за НАТО? Замислете, фатен разузнавач на непријателски служби на дело Шеќеринска го става главен да проверува кои се тие предавници, a многу вработени кои не се подобни за српската служба се подложени под дискриминација, ускратено им е правото за апликација, и сето тоа го прави жив фатен српски шпиун, токму од службите на НАТО", поставува прашање МКДенес! НАТО не прави компромиси во вакви подметнувања (!), и предлогот на Шекеринска н е м а да помине. Но угледот и довербата на НАТО кон нашата земја - членка дефинитивно се разнишани и оскрнавени!!! М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор |