|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 150 |
Мартин Треневски ПО ЃАВОЛИТЕ СО ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ИЗВИТОПЕРЕНИТЕ УМОВИ ВО БРИСЕЛ 1. ЕВЕ не пред јубилејното 150-то издание на мојата редовна неделна рубрика ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ со која настојувам - изнесувајки пред се мои лични ставови и погледи, а понекогаш цитирам и туѓи видувања што сметам дека заслужуваат пошироко внимание и почит, за да укажам на лошите политики и практики на актуелната власт (СДСМ-ДУИ) изминативе години што нанес(уваат)оа проблеми со коишто ќе се соочуваат генерации и генерации после нас. Ваков значаен јубилеј вообичаено се одбележува на пригоден начин - со наздравување со чашка добро македонско вино, но овој пат тоа ќе го сториме работно, со уште еден прилог во серијалот на цртички и отровни стрелички од моја страна за грдите реалности со коишто се соочуваме сите ние како генерација дома и во дијаспората! Кон одбележувањето на јубилејното издание на серијалот најавувам можност (доколку се смилува Министерството за култура финансиски да помогне) да објавам и втор дел од книгата ПОГЛЕДИ ПОД ЛУПАТА - ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ што ја издаде НАМПРЕС во 2020г. 2. Добивање на датум за одржување на првата меѓувладина конференција МК-ЕУ, што формално би значело почеток на преговорите за полноправно членство на нашата земја во Европската Унија, постана вообичаена секојдневна мантра - особено на актуелната власт, од утро, преку ден, до вечер, со која се преокупира јавноста - небаре Mакедонија нема други горливи проблеми! Да се разбереме: не сум против членството во ЕУ! Напротив, од првиот ден на македонската независност пред 30 години и како член на Ексспертската влада, член на сега опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, но и како граѓанин, се залагав Република Македонија да стане членка на Унијата што е можно побргу затоа што заслужува и нејзиното место и е таму. Од тие причини ја прифатив понудата на Д-р Ото фон Хабзбург за формирање на Паневропската Унија на Македонија, и преку атктивностите во таа најстара меѓународна организација што се залага за концептот за обединета Европа, заедно со ентузијасти со исти погледи како Јордан Бошков, д-р Ненад Новковски, Мане Јаковлевски, академик Никола Кљусев, Гоце Дуртановски, Ѓорѓи Мицевски и многу, многу други дома и ширум Европа неуморно работевме за остварување на таа наша идеја! Но, праксата покажа дека идејата за Македонијс како членка во ЕУ е и останува во недоглед но само како идеја, а за реализацијата на истата - засега нема н и ш т о! Лицемерието, што е најочигледна одлика на ЕУ, најочигледно се практицира токму врз нашата земја! Што значат изјавите на бројните големци, демек државници на разни нивоа, дека "Македонија заслужува членство во ЕУ", "Македонија ги исполнува условиде за прием во ЕУ", или "Силно ја подржуваме Македонија за членство во ЕУ" и слични бла, бла,бла фрази!? Апсолутно ништо!!! Бидејки, кога ќе се најде на двене ред на Советот на министри на ЕУ или други нивоа на расправа во ЕУ - истите тие "силни подржувачи" никаде ги нема! Ниту збор за подршката што ни ја мафтаат пред нос кога ќе ни дојдат на гости кај нас, дома. Па дури и да се симне блокадата од една Бугарија (каква иронија на судбината) за одржување на првата меѓувладина конференција, т.е. почеток на преговорите за членство, што од тоа??? Можно е да се подотворат некои фондови од Брисел, но што понатаму? Грција (небаре наш стратегиски партнер во НАТО) најави дека ќе ни го избие од глава македонизмот преку блокадите што ги најавува во текот на процесот на преговори, а ќе има можнопст да не блокира и уценува десетици и стотици пати не само таа - Грција, туку и Бугарија, но да не го заборвиме Кипар како втора грчка држава во ЕУ и тоа се заради "Идиотскиот консензус", како метод на одлучување во ЕУ, како што милуваше да рече покојниот претседател на Бугарија Д-р Жељу Желев. Зад овие игри без граници со блокадите на Македонија со сигурност тврдам дека стојат и други позначајни држави, а не само Бугарија. Нереално е да се очекува дека источниот сосед ќе се откаже од Санстефанските соништа туку така, преку ноќ. Па замислите колку илјадници магистратури, докторати и академски титули се напишани на тие Санстефански тези! И мислите дека некој ќе го покази она што е напишано во тие трудови!? Нема шанси!!! Па и децата од најмалу нозе ги учат и воспитуваат на тие тези кои се всушност наша, македонска историја и наследство. А ние ќе сме морале да се откажеме од нашето наследство што ни го присвоија и сеуштре го присвојуваат бугарите? Такво нешто не може и нема да се случи па не да бил некој си муртински фактор во прашање, туку кој и да е, бидејки ќе му се случи народ и тоа овој пат поодлучно од било кога. Мислам дека конечно треба да се освестиме од грдата реалност дека ЕУ за нас останува многу далечна (да не речам недостижна) цел и мораме да се свртиме кон сопствените проблеми кај нас, дома. Да соработуваме со земји и асоцијации што не уважуваат, да ползуваме она што ни го дала мајката природа: земја, вода и сонце за развој на земјоделието, 300 сончеви денови во годината за производство на електрична енергија, но пред се рударството!!! Македонија лежи на многу богати резерви злато, бакар и други минерали и редно е скептиците да се вразумат и да сватат дека постојат технологии што не загадуваат, а рударството е гранка што овозможува многу работни места, т.е. развој на општините и задржување на работоспособните овде, дома, а не да им робуваат на развиените само за преноќиште и парче леб. По ѓаволите лицемерието и демагогијата што ни ја пласираат извитоперените умови од Брисел!!! 3. Македонското синдикално раководство кое со преврат стапи на функција благодарејки на самовластието на министерката Мила Царовска (која со декрет го смени легално и на конгрес избраниот претседател Д-р Живко Митрески) ја уценија Владата со барање просечната плата да изнесув 18.000 денари (околу 300 евра) месечно!? Кога се во прашање правата на работниците секогаш давам подршка, но има едно "ама". Сојузот на Синдикати на Македонија да ми ти изготвил закон за загарантирана минимална плата од 18.000 денари и тоа од 1 јануари 2022г. И не само тоа, во творците на предлог – законот за минимална плата, си зацртале во стилот "Како малиот Ѓорѓија ги замислува работите": разликата меѓу просечната и минималната плата да не биде помала од 60 отсто!? И се би било во ред доколку во Македонија не се мисли и на уште една широка групација на граѓани - на пензионерите. Нив ги споменуваат само пред избори со најчесто празни ветувања дека ќе им бидат зголемени пензиите - но од тоа едно големо - ништо!!! Ако градиме правично општество со почит и на жените, хендикепираните и други категории граѓани, би било исправно да се води сметка за сите за да не дојде некои да бидат попривилигувани од другите! Впрочем, токму на овие (вториве) категории им треба повеќе средства за лекови и помагала барем да го проживеат пристојно она што им преостанува од животот. Затоа господо синдикалци, убаво е што се грижите за работниците, но покажете доблест и респект и за другите на кои исто така им треба општествена грижа и подршка!!! 4. Смената на градоначалници по неодамнешните локални избори покажа дека некои од сега бившите градски татковци се заборавиле од неоправдано трошење на народни пари и ги оставиле општините во огромни долгови. Најсликовито тоа го кажа новиот градоначелник на Тетово кој на голема табла во центарот одбјави бројка од над 20 милиони евра колку што должи општината заради недомаќинското работење на неговата претходничка Теута Арифи. Сепак на врвот на листата е скопскиот градоначалник Петар Шилегов кој додека беше на функција без око да му трепне јавно манифестираше патолошка алчност и грамзивост и направи долг на градот што според некои извори изнесува над 50 милиони евра, а според други извори над 140 милиони евра. Низ Скопје се зборува дека немало тендер а Шилегов да не си зацртал процент за себе (а можеби делел со некого), но врв на безаконието (патем Шилегов е адвокат!) е потезот со продажбата на новата Градска куќа за 11,5 милиони евра (без платени комуналии и други придонеси кон градот), ама парите не се легнати на сметка на градот, ниту пак се некаде евидентирани. Очигледно е дека новата градоначалничка Данела Арсовска ќе има врашки тешка работа да расчистува беззаконија од нејзиниот претходник, отколку да се занимава со решавање на натрупаните градски проблеми. М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор |