|
|
“СВЕТСКИОТ ПОЛИЦАЕЦ“ ВОСПОСТАВУВА РЕД НА БАЛКАНОТ?! |
Пишува: м-р Слободан ТОМИЌ- новинар Светскиот полицаец како неправедно ги нарекуваат САД, кои патем демонстрираат грижа за редот и поредокот во светот, конечно и на брдовитиот, немирниот и криминогениот ни Балкан! Зборот Балкан доаѓа од турскиот збор крв и мед, но денес, Балканот наликува на башибозук за арамиите и арамилакот измешан со дрога, корупција, геноцид... Да се надеваме дека големите ќе создаваат ред и поредок на Југо-Истокот во Европа. Не оди повеќе вака... Од Белата куќа во Вашингтон стигна абер дека Канцеларијата за развој, помош и обука на странските обвинителства при Министерството за правда на САД ќе назначи постојан правен советник за Западен Балкан! Неговата задача ќе биде да обезбеди техничка помош во спроведувањето на законите и да го зголеми капацитетот за истрага и гонење случаи на корупција и организиран криминал во Западен Балкан, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Дали тоа значи крај на однапред„наместените“ тендери и лoпoвлyкот?! Според првичните информации, правниот советник е предвидено да започне со работа во април 2022 година, со мандат од 14 месеци, а конкурсот за пријавување на кандидатите е затворен на 13 декември. Така барем соопшти американското Министерство за правда, додавајќи дека станува збор за регионална програма. Неговото седиште ќе биде во Загреб, каде тесно ќе соработува со хрватското Министерство за правда. Во што ќе се состои работата на “будното око за корупција, арамилак и тендери“? Секако нема да биде испукан празен куршум во ветар, или нема да биде уловен некој зајак, или потполошка, тука вистински “капителец или трло“ од друга крупна “дива криминална или политичка зверка“. Работата на правниот советник, како што е наведено, ќе се фокусира на измами во јавните набавки, корупција, перење пари, организиран криминал, родово насилство и трговија со луѓе, а ќе вклучува техничка помош, менторство и совети за истрага, гонење и одлучување во случаите. Прашањето е: Зошто досега “Големиот брат“ тоа не го сторил, имајќи ги предвид најголемите криминални дејанија на сите политичари од Балкан, кои нанесоа штети од стотина милијади евра, или нанесоа катастрофа врз економскиот и општествениот живот на граѓаните на Балканот? Дали со ваквата мерка на САД, дефинитивно се става печат за авторизација на владеење и влијание на Балканот од страна на САД, а која беше во стартот дефинирана, или официјализирана за време на конфликот 1999 година, кога се брзаше кој ќе го “освои“ подземниот аеродром Слатина крај Приштина, и кога не дојде до големата катастрофа кога тогашниот командат на НАТО, Весли Кларк даде наредба да се дигне во воздух подземниот аеродром Слатина крај Приштина, а генералот Џексон Мајк, одбил да ја спроведе таквата апокалиптична наредба и со тоа го спаси светот од можна нова светска воја?! Наводно тогаш биле договерни интересните сфери на влијание меѓу САД и Русија на Балканот: Северно од Приштина е владеењето на Русија, а јужно на САД! Но, конечно убавата вест зад големата бара, а тоа е дека некој ќе стави ред на арамилакот на Балканот! Фактот одамна говори дека во сите пост комунистички држави “арамилакот“ и гладта за “брзи“ пари и “лепливи прсти“ ќе бидат евидентни. И би тоа, во сите 30 години, политиканти, или ситни души се размножија како печурки по дожд и така ред по ред година за година, создадоа империи или мафијашки кланови со нечесни зделки, тендери, перења на пари, прохибиција на забранета стока, претварајќи ги официјалните институции во шверц комерц политика и дипломатии. Во име на дипломатски пошти се шверцуваат алкохолни пијалоци, цигари, како исто на име дипломатски мебел се извезуваа. И по некој тон, псхихотрони супстанци, без никој да каже каде заминаа?! Ваквите забранети и недозволиви стоки, кои се примени на име на држава за државни потреби, но заминати во “крив и непознат“ правец! Малку и за “будното око“ на САД за арамилакот на Балканот, меѓу другото, во соопштенето на Министерството за правда на “Големиот полицаец“ се вели дека САД исто така, ќе даваат совети за постојните закони или сметки. Правниот советник тесно ќе соработува со други советници назначени во различни балкански земји, како и со персонал од американските амбасади во тие земји. Кандидатот мора да има диплома по право, лиценца за адвокатура и да биде адвокат со добра репутација и со најмалку четиригодишно искуство во право и обвинителство. Кога сме кај нашиот стратешки партнер САД, не може да се изостави и изјавата на амбасадорката на САД во Македонија, Нејзината Екселенција Кејт Мари Б’рнз во годишното издание на “Економист: Светот во 2022-та“ со прогнози за новата година. Според неа, во една година исполнета со предизвици и настани, Македонија покажала издржливост во решавањето на постојаните проблеми на пандемијата, економските нарушувања и други неодложни прашања. “Најновиот сојузник на НАТО покажа нови способности со тоа што беше домаќин на регионални вежби, се залагаше за регионални иницијативи за интеграција и ја унапреди својата позиција за почеток на пристапните преговори со Европската унија“, се вели во изданието. Се поставува дилемата, дали досегашните кукли или марионети, кои во изминатите 30 години извршувааа клиентелистички задачи и наредби, а притоа се омрсија, или самонаградија или се самопочастија од буџетот и ребалансите на буџетите со милијарди долари и евра од сопствената држава и напатениот народ на Балканот, плаќајќи ги премногу, а тоа се сопствени жртвувања со живот, катастрофи, етничко чистење, идинтитетски геноцид, менувајќи го идентитетот името и јазикот на државите, како и редифинирање на геополитичката карта на Балканот и тоа без милост само да се докопат до товари “златни“ шипки и тони хартии од евра и долари како и копање“ на бит коини шверцерски продавање и копување на струи, дури и да се премиери! Некои пак политиканти, или кукли камикази за уште потешки “задачи“ како етнички геноцид, добиваат поголеми “награди и тоа милијадри евра и долари во три фази, сефот каде што ги чека наградата се состои во три клуча од “тешките сефови по светските банки дали се тоа во Швајцарија, Кипар, Њу Јорк, Дубаи, или Кајманските острови. Се поставува прашање, дали „трабелмејкерите“ или клиентелистите по завршените “злодела“ бараат престојувалиште под некои нови или други форми на политичко дејствување, секако под заштита и патронат на “големите сили“ како благодарност на завршената задача, а на штета на државите?! Дали со отварањето на Канцеларијата за развој,помош на странски обвинистелства при Министерсвото за Правда на САД на Балканот, ќе донесе вистинска контрола и воспоставување на ред во организирање на чесни тендери, и намалување на корупцијата или ќе имаме своевидна економска и политичката амнестија или амнезија за злосторствата и злоделата што ги сторија кулките од куклениот театар на хоророт и човечките трагедии на Балканот, или сепак “Светскиот полицаец“ конечно доаѓа на Балканот да стави ред и поредок и крај на арамилакот или нема веќе однапред „наместени“ тендери и лоповлукот на Западен Балкан?! |