Петок, 24 Декември 2021   
Ламбе Арнаудов: Зошто Хрватска е држава, а Македонија со Заев беше орда?

1 LambeЛ

 

Ламбе Арнаудов: Зошто? Заради ЈАЗИКОТ!

Ако само го негираш својот јазик немаш идентитет, ако немаш идентитет немаш потекло, ако немаш потекло не си народ, ако не си народ немаш право на држава и конечно ако немаш држава немаш НИШТО. Со една реченица кажано, не можеш да се завртиш назад, ниту да стоиш исправен и без поглед напред.

Хрватскиот јазик, почнувајќи од Новосадскиот договор од 1954 година па сé до пролетта 1966 беше грубо и сурово нападнат, континуирано негиран и “збогатен“ со многу примеси што го разобличија и го доведоа во прашање обележјето на хрватскиот народ да има сопствен јазик на кој зборува, твори, пишува и на кој одржува редовна настава.

Што е најинтересно во сета оваа рашомонијада околу хрватскиот јазик е тоа што активно учество во насока на деградирањето и до степен на негирање имаше токму институцијата која најмногу беше задолжена да го чува, негува и брани јазикот на својот народ, Матица Хрватска.

Но, чувството на припадност, самосвестувањето кај членовите на Матица Хрватска, истите тие што го прифатија предавнички документ, експресно сфатија дека се измамени, изманипулирани и присилени, при што веднаш застанаа во одбрана на јазикот како темел на опстојување не еден народ и сопствената држава и излегоа со Декларација за улогата, употребата и местото на хрватскиот јазик што пак беше вовед во Хрватската пролет 1971 година кога се роди идејата за независна држава Хрватска.

Заради тоа многумина настрадаа, други беа упатени на долготрајни робии, трети отстранети од политичкиот и јавен живот, ама го одбранија својот јазик, го зацврстија идентитетот, го афирмираа својот народ и ги започнаа процесите за создавање суверена и независна држава.

За жал, во Македонија сé е обратно. Стотици, стотици години имаме свој македонски јазик, скоро еден век светски признат и за само една година од потпишувањето на Преспанскиот договор и договорот за пријателство, добрососедство и соработка, македонскиот јазик за едните исчезна, место главно пресудно обележје на еден народ, се претвори во правен израз и срамно поставена уставна категорија на која заборуваат граѓаните на Македонија, а за другите е дијалект воопшто неразбирлив за нив.

Ете каде може да те донесе еден непресметлив, самобендисан, учен недоучен, кој себе си се умислил дека е истовремено премиер, јазикославец, етнолог, научник, академик, обвинител, судија.

До каде? До САМОИСТРЕБУВАЊЕ

Наместо да седне на преговарачка маса КЛЕКНА и безрезервно ги прифати сите нивни предлози и за да се додвори ги надогради и ги забрза процесите на разнебитување на македонскиот народ и држава.

Тие пак “нашите загрижени пријатели“, заеднички сега блиски пријатели, а во минатото лути противници токму заради Македонија, користејќи ги правните услуги на ангажираниот од нив адвокат Европската унија, глумат силна поддршка на патот што тие ни го одбраа и трасираа за нашата “среќа“ што нé чека со полноправно членство во ЕУ.

Идејниот проект за нашата среќа на Бугарија и Грција, изведувач Зоран Заев со својата фирма, надзорен орган ЕУ, пропаст на Македонија наша.

Зоране! Јас ги разбирам нивните напори, Преспанскиот договор и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, како предлог на бугарскиот претседател Радев да станат дел од преговарачките поглавја со Европската Унија. Уште не почнати преговорите по поглавја ни додадоа уште неколку нерешливи.

Знаеш зошто? Тие се сурови политичари во однос на Македонија, но во потсвеста се плашат. Должни се. Имаат за враќање. Народ, територии, градови, села, куќи, имоти, градини, ниви, пасишта, езера, планини, фолклор, историја, споменици, гробови ...

Наместо тогаш од нив да побараш да ни го вратат насила одземеното, ти им го подари и нашето што остана во Македонија.

Ти да беше Зоране маж во политиката, а не недораснато дете во куси панталони, ги имаше сите овие аргументи на располагање и место со силата нивна да ги зацврстиш преговарачките позиции на Македонија, ти не само што ги премолчи, туку галантно им ги подари ним, небаре од тебе спечалени.

И, затоа не можам да ти се начудам што мака виде ти вака да не предадеш и обезличиш.

Затоа, не мавтајте со вашите оставки или одбивање функционерски позиции. Тоа не се ваши лични желби. ВЕ ИСТЕРАВМЕ! НАРОДОТ ВЕ ИСТЕРА. Наскоро ќе ве истераат од ПАРТИЈАТА заедно со твојата марионета Ковачески кој како што ми изгледа, да живееше во некоја демократски поразвиена држава ќе му беше определен човек или институција да се грижи за неговите постапки штом прифатил ти да му бидеш политички ментор. Куртуливме од дожд, не удри гром.

Со сите сили ти и твојата клапа се обидовте од народот да направите орда нема, од државата дива орда.

Се одржуваше со тебе некое време. Навистина наликувавме на орда, ама само во однос на твоето владеење.

Народот сочува сé, јазик, потекло, историја, идентитет, чувство за државност.

Македонскиот народ губел битки, најчесто заради предавства и велепредавства, како од тебе Зоране, но конечната победа е негова. Победа на народот, мудар, трпелив, истраен, решителен, со презир кон предавниците и слава на победниците.

Тебе и твоите, ама не наши, ве истераа од секаде. Ама и тоа не е најтешката казна. Сега ви следи самопрогонување кое ќе ве мачи до крајот на животот, мразејќи се самите  себе и криејќи се од народот. Од народот ќе се криете ама од себе никогаш.

Нема да ви заборавиме. За да не се повтори. Ќе ги учиме и воспитуваме нашите идни поколенија на убавиот македонски јазик кој за тебе не постои дека едно време имаше еден беден предавник кој не успеа во неговите намери благодарејќи на отпорот на народот.

Народот не падна во стапицата што му ја подготви ти, поверува во исправниот пат на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски и самоуверено тргна напред.

Наидуваат радосни денови на брза реконструкција на Македонија, безгрижен, среќен и топол дом за сите граѓани.

ВИСТИНСКА МАКЕДОНСКА ПРОЛЕТ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.