|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 151 |
КОНЕЧНО ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА НАЈОМРЗНАТИОТ ПРЕМИЕР НА СИТЕ СОНАРОДНИЦИ ДОМА И ВО ТУЃИНА ИМ ЈА ЧЕСТИТАМ НОВАТА 2022 ГОДИНА, А НА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ НЕКА НИ Е СРЕЌЕН ДЕНОТ НА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ - БОЖИК 1. Во четвртокот (23 декември) сите ние кои се чувствуваме македонски патриоти (без разлика на ентичката припадност) и си ја сакаме Македонија, ја доживеавме долго посакуваната и очекувана катарза: Конечно од политичката сцена замина најомразената личност во нашата понова историја, лицето Зоран Заев (З.З,) kоj понуди оставка на функцијата премиер што ја узурпираше цели пет години. Дали и политиката на З.З замина во историјата заедно со него - ќе видиме, бидејки овој бескрупулозен и патолошки антимакедонски настроен тип се погрижи зад себе (или подобро речено: за себе) и заради континуитет, да остави свој верен подржувач во лицето на Димитар Ковачески. Што ќе ни приреди новата влада на Ковачески сепак останува да видиме иако тој самиот најавува дека ќе ги следи политиките на неговиот претходник и ментор З.З., а при тоа најави кадровски освежувања со ангажирање на стари кадри од времето на Бранко Црвенковски, како и отстранување од владата на некои досегашни министри. Предолг е списокот на гревови што ни остави лицето З.З. со кои ќе се соочуваат генерации Македонци, но таа тема им ја препуштам на хроничарите на случувањата во Македонија во изминатата деценија. За мене неспорен факт (за којшто постојат цврсти докази) е дека З.З. беше наметнат од надвор (од длабоката држава) за да заврши валканите работи за преименување на нашата држава и разнебитување на македонската нација од етничка, во политичка нација (демек сите што живееме овде сме македонци, без разлика на етничка припадност), што во голема мерка му успеа. Останува тоа само да се верификува со монтираниот попис на населението и резултатите од истиот што сега се штимаат во Државниот завод за статистика! 2. Лицето З.З. мора еден ден да одговори на тврдењето на македонските тајни служби што јавно го објавија во 2016. година дека 17 пати пешки го поминал граничниот премин Дојран-Дојрани, каде од грчка страна го чекало ауто (!), за утредента да биде донесен - повторно со ауто - на граничниот премин Богородица кај Гевгелија. Логично се поставува прашањето: каде одел; со кого се среќавал и з о ш т о одел З.З. 17 пати инкогнито во Грција? За да биде инструиран од експерти на длабоката држава за рушење на Македонија и се што е Македонско (што му беше главен приоритет во изминативе пет години на власт), или...?. Кога и да е работите ќе излезат на виделина, но цената што ја плаќаме и допрва ќе ја плаќаме е непресметлива! 3. За антимакедонизмот на З.З. нека пишуваат други, но ќе се обидам да се осврнам на неговите (не)карактерни особини. Ваква несреќа што не стрефи со неговото устоличување на власт се нема случено од осамостојувањето на земјава. Новинарот Драган Павловиќ Латас е потполно во право кога вели дека З.З. е најомразен премиер во поновата историја на Македонија. Патолошки лажго што и медицинската наука вреди да го анализира како уникатен егземплар, кој - како што самиот се исповеда, стекнал милиони продавајки суви пиперки на пазарите во Србија, и направи вистинска пустош во македонското општество со потезите што ги правеше и тоа секогаш, без исклучок, на штета на македонскиот народ. Но, збор-два, за неговите пезантски (селски.уличарски,примитивни.../манири. Некои го ословуваа З.З. со "господин". Па прав господин има, пред се, манири на добро однесување во јавноста! А овој - Муртинецов, не се срамеше да кажува псовки во своите јавни настапи, во два наврати (еднаш на партиски настан во Прилеп, и еднаш во Скопје) направи гестикулација со рацете во стилот:"Евеви го..., на". Секако ќе остане запамтен во аналите и инцидентот што црпнатиот од нива З.З. го направи во еден од најкатоличките манастири во католичка Австрија, Вахау, на Дунав (комплексот е на списокот на УНЕСКО на светското културно наследство), кога на трибина во меѓународен состав присутни почна да блебети за "секси жени"и слично во тој стил. Избезумени од елемнтарното отсуство на почит кон светиот комплекс, организаторите на настанот на којшто имаше стотина угледни австриски и ЕУ политичари, стопанственици и дипломати, буквално му го грабнаа микрофонот од раце, за да не истресе уште некоја погана мисла во сексистичкиот занес сред католичкиот манастир небаре тој (З.З.) е не знам каква политичка величина!!! Ете, токму така З.З. ја афирмираше Македонија на меѓународен план!!! И за неверување е дека токму на ова лице (З.З.) Сојузот на борците од НОБ на РМ по неговата оставка го награди со Повелба на Сојузот на Борците, "за долгогодишен и успешен придонес во подршката и соработката со Главниот одбор на Сојузот, и негово издигнување на достоинствено државно ниво"!? Без коментар сум на овој гест на "борците", но се прашувам: што остана од таа организација која очигледно е узурпирана од бивши офицери на ЈНА, пензионирани полицајци и понекој од ретките преостанати вистински борци во НОБ, кои ја претворија во клон на СДСМ!? Какво безобразие и срамота!!! Патем, пригодната беседа при доделувањето на високото - море највисокото признание на "борците" ја одржа големиот "борец"(!), и секретар нз Сојуот на борците од НОБ г-дин Борко Зафировски којшто, патем да потсетиме воопшто и не служел војска бидејки бил прогласен за н е с п о с о б е н! Тоа и можеби не е битно за "борците" во РМ!? Nајважен предулсов за нив очигледно за да бидеш прогласен за "борец". е да си на линија со политиките и ставовите на СДСМ!!! Гротескно!!! 4.Морам да признам: не паметам кога последен пат сум бил толку воодушевен како деновиве кога ја прочитав веста дека во Русија подготвиле документарец во којшто децидно се вели дека Македонија е колевката на словенската писменост!
Во Рускиот документарен филм во кој Бугарија е избришана од картата на словенската култура, се тврди дека писменоста на Словените дошла од Македонија, што, според "Независен весник" предизвика вистинска бура од негодувања во Бугарија. Сценариото и режијата на документарецот „Една вера, еден јазик“, се на Елена Мироненко, а филмот неодамна беше прикажан на фестивалот во Скопје наречен „Богородичен покров“. Истиот филм бил прогласен за „Најдобар телевизиски филм на регионално телевизиско студио“ на XXVI меѓународен филмски и ТВ фестивал „Радонеж“ во Москва. Филмот бил сниман со помош на Руската амбасада во Скопје со акцент дека татковината на словенската азбука е Македонија, а браќата Кирил и Методиј немаат никаква врска со Бугарија, која во докментарецот воопшто не е ни претставена како евентуален литературен и православен центар во Балканот во IX и X век, а не е ни прикажана на картата на Југоисточна Европа од IX век! И што е најважно: во филмот е нагласено дека „од Охрид доаѓа православната вера, која ги обединила словенските народи – Русите, Украинците, Белорусите, Бугарите, Србите и Македонците“. Рускиов документарец ме враќа децении наназад кога на фестивалот "Струшка музичка есен" беше најавено откритието на пок. член на МАНУ, академик Владимир Мошин за познатите "Кипријановски листови". Како млад новинар отидов во Струга, го чув предавањето на акад. Мошин и имав прилика да разговарам со него. Следеше мој текст на таа тема што не ни претспоставував дека ќе предизвика огромно внимание во светот на славистиката. Имено, акад. Мошин - славист со светско реноме, после долги истражувања изнесе тврдење дека најстарите словенски ракописи воопшто сочувани до денес, таканаречените "Новгородски листови", или "Кипријанвски листови" (станува збор за два листа со позлата од евангелието што цар Самоил му ги испратил како дар на рускиот цар Владимир I при покрстувањето на русите. Денес се чуваат во Петроград). Информацијата предизвика огромно внимание, особено меѓу руските слависти кои (подоцна разбрав) дури организирале специјален лет за акад. Мошин од Скопје до Москва, (и покрај тоа што тој веќе беше во деветтата деценија од животот) за непосредно да ги претстави резултатите од своите научни истражувања што полека, но сигурно, ја пробиваат вистината во научниот свет. А дека православието и писменоста во Русија потекнуваат од Македонија јавно го потврди во неколку наврати и самиот претседател на Руската федерација Владимир Путин. Полека, но сигурно, бугарската пропагандна квази-наука се разобличува и на меѓународен план!!! Забелешка: Кога пишуваме на овие теми никако не смееме а да не го споменеме д-р Григориј Острогорски кој во своето епихално дело:"Историјата на Виизантија" категорички тврди дека "во науката не постои документ/доказ дека постоела втора бугарска држава", како што тврди бугарската историска наука!!! :М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор |