|
|
Трајче Т. Трајковски: ОБЈАВЕН ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ! |
Трајче Т. Трајковски: ОБЈАВЕН ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ! Неодамна излезе од печат книгата под наслов „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“ во која е објавен значаен дел од автентичниот дневник на овој можеби најголем македонски револуционер во периодот по Втората светска војна, а воедно и основач на ВМРО ДПМНЕ. Издавачи на овој дневник се задграничните комитети на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаид (Австралија), а во техничката редакција за подготовката на книгата се: д-р Виолета Ачкоска, Ангеле Вретоски, Мендо Вулкановски, Јордан Груев, Александар Донски, Трајче Т. Трајкоски (Претседател на ЗК на ВМРО ДПМНЕ за Перт) и Предраг Ивановски (Претседател на ЗК на ВМРО ДПМНЕ за Аделаид). Драган Богдановски (1929 – 1998) е познат во поновата македонска историја по тоа што преку својата активност во дијаспората ја промовирал, одржувал и застапувал идејата за обединета и независна македонска држава со македонската нација како нејзин носител. Тој е основач на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) кое во 1970-те и 1980-те години одиграло голема улога во националното осознавање на Македонците во дијаспората, но и во самата тогашна СР Македонија, посебно преку својот печатен орган списанието „Македонска нација“ и други печатени материјали. Во 1990 година тој ја основа и партијата ВМРО ДПМНЕ и е прогласен за нејзин почесен претсеател. Поради својата активност, Драган Богдановски се нашол на удар на Во неговиот Дневник во детали се опишани сите овие настани, како и тортурите низ кои поминал во долгото поминато време во предистражниот затвор. Еве како го опишува чинот на самото киднапирање Драган Богдановски: Гледајќи го моето чудење, Ѓорѓи ми рече: “Драгане да те претставам, ова се мои гости, кратовчани, дошле во посета на Париз, па како кратовци дошле да ме видат и ми донеле неколку шишиња домашна ракија и ми донеле поздрав од татко ми и мајка ми. Запознај се со нив“. Се ракував со нив, ми беше понудена столица и ми беше налеана чаша ракија. Само неколку минути потоа, некој ме чукна толку силно одзади по главата, што јас си помислив дека главата ми прсна на парчиња. Во истиот момент радиото кое свиреше музика некој го пушти толку силно да не се слуша ништо горе на катовите. Свеста не бев ја загубил од ударот, затоа почнав да викам на сиот глас на француски јазик “О секур“ – “На помош!“, меѓутоа неколкумина се нафрлија врз мене, ме легнаа на подот, а жената од својата женска чанта извади шише со етер, натопи памук и ми го притисна врз носот. Веднаш почувствував како ја губам свеста. Потоа почувствував како во вратот жената ми удри две инјекции. Етерот и инјекциите го направија своето, само како на сон се сеќавам дека бев пренесен во спалната бев фрлен на една софа (тросед). Подоцна во Македонија од моите удбашки иследници разбрав дека жената која ме онесвести со етерот и со инјекциите била специјалист лекар анестезиолог, и дека удбашите ја довеле специјално за акцијата. Првото делумно враќање на свеста беше нешто како бунило, чувствував дека само се возам некаде во кола, но каде се возам и со кого не знаев. Од средствата за наркоза, а можеби и од ударот главата ме болеше ужасно, додека костумот ми беше целиот извалкан од повраќање. Во колата сум повраќал од мака. Бев фрлен на задното седиште во колата на Ѓорѓи Јовановиќ и притиснат од обете страни од по еден сопатник, од кои едниот беше жената што ме дрогираше. Колата ја возеше Ѓорѓи Јовановиќ, а патем се менуваше со еден од луѓето што ме нападнаа... До француско- Во продолжение читаме за сите измачувања низ кои поминал Драган Богдановски за време на сослушувањето од страна на југословенската Служба за државна безбедност кое се одвивало на неколку тајни локации каде Драган бил воден со врзани очи со автомобил или со хеликоптер. Воедно, преку процесот на неговото сослушување, во оваа книга се објавени и повеќе детали за неговата револуционерна дејност. Оваа возбудлива книга, која буквално се чита во еден здив, е објавена во две посебни изданија на македонски и на англиски јазик. Македонската верзија во Република Македонија може да се набави кај: Владо на неговиот моб. 077 842 815 Верзијата на англиски јазик во Австралија може да се набави кај: Трајче Т. Трајковски на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ili +614 23 23 74 84 Трајче Т. Трајковски |