Среда, 29 Декември 2021   
Рубинчо Видое Јованоски : И по Зоки – Зоки

1 rubin jovanoski

По последното вето од страна на нашиот источен сосед Бугарија за поеток на пристапните преговори за членство во ЕУ на нашата мила и низ векови напатена Република Македонија, реално беше момчето од Муртино да ја депонира оставката претседател во позиционата партија СДСМ, и следствено на тоа по пат на автоматизам и оставка од премиерската функција.

Овде само да се потсетиме дека оваа оставка Зајчето ја најави веднаш по катастрофалниот пораз на момчињата обоени во плаво по вториот круг од локалните избори.

Но, за жал, Зајчето едно кажува, друго ветува и сосема трето остварува на дело на македонската политичка сцена.

Па така со прегупирањето на парламентарното мнозинство со учество на нов субјект од албанскиот политички кампус и со добивање на 64 пратенички мандати за опстојување на оваа владеачка гарнитура, клептоманот остана да раководи со за жал, со потценетата актуелна извршна власт со новиот политички субјект Алтернатива на чело со Африм Гаши.

Имено Алтернатива за да даде поддршка на потенцијалната владина гарнитура ги доби министерските места за здравство и информатичко општество и министерство без ресор задолжено за дијаспората.

Исто така, доби и заменички министерски места и директорски функции на претпријатијата кои се под капата на државата.

Најтрагично е прифаќањето на Зајчето да има меѓународен судски мониторинг на кривичните дела Монструм и Диво насеље.

Зајачето на сите преговори со коалиционите партнери со себе го носеше и тогашниот заменик министер за финансии Димитар Ковачески.

Всушност, со тој потег момчето од Муртино на големо го претставуваше неговиот наследник за прв човек на СДСМ.

Во едни такви услови кај пошироката македонска јавност се постави прашањето зошто Зоки и неговите поданици глумат демократија во нивната партија кога победникот од 12-то декемвриските внатрепартиски демократски избори беше познат уште пред почетокот на изборните соочивања со сега актуелниот  претседател Ковачески и обичните марионети Ременски и Деспотовски.

На крајот на оваа колумна да ја искористиме поговорката од раните 80-ти години од минатиот век кога за време на едноумието по смртта на тогашниот доживотен претседател на тогашната СФРЈ, Јосип Броз Тито народот ја употребуваше поговорката “ И по Тито – Тито“.

Сега момчињата обоени со плаво ја употребуваат пандан Ковачески со зборовите “И по Зоки – Зоки“.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.