|
|
Oд симпозиумот на МАНУ, СТО ГОДИНИ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ |
Oд симпозиумот на МАНУ, СТО ГОДИНИ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, 2012. М. Кукубајска, Роберт Каплан, Балкански духови – примери за пристрасно игнорирање на Македонија Кога Џон Рид ја посетил Софија 1915, половина население само во престолнината, веќе две години по Балканските војни, го сочинувале македонски бегалци, пишуваКаплан. Каплан намерно изостава суштински факти дека Мировниот договор во Букурешт, 10 август 1913, е нелегално легализиран грабеж на територијата Македонија и протерување на македонскиот народ од својот дел на Турската империја. Потписници на поделбата на Македонија се Бугарија, Грција, Србија и нивните соседи Романија и Црна Гора. Првата Балканска војна, 8. окомври 1912 - 30 мај, 1913, завршува со анти-демократскиот договор за окупација на пост-Отоманска Македонија од сите нејзини соседи. Неправедноста кон Македонија продолжува, но ескалира и во 21от век. Договорот во Лондон (30 мај 1913)успедил по едногодишни преговори на амбасадорите на шесте големи европски сили: Австро-Унгарија, Велика Британија, Франција, Италија, Германија и Русија. Овие преговори, наречени Лондонска Мировна Конференција, се воделе од септември 1912 до август 1913. Со договорот во Лондон, Првата балканска војна е завршена и Македонија е поделена меѓу Балканската лига. Тогаш на Албанија и’ е дозволено да прогласи независност иако официјално е непризнаена од ниедна земја. Како и Косово во своето почетно самопрогласување. Но, поделбата на Македонија не е финална. Таа ќе биде повод и за втората Балканска војна, како и за Првата светска војна. Втората балканска војна е индиректно условена од незаситноста на Бугарија со воениот плен - богатата Македонија. Бугарија ги напаѓа своите сојузници од Првата балканска војна, Грција и Србија, и конфликтот одново се води за додатна поделба на Македонија. Втората балканска војна почнала кога Грција и Србија ја нападнале и одбиле Бугарската офанзива во Македонија. Војната почнала во 1 часот наутро, на 16 јуни и завршила на 10 август 1913. Ова бил брз цезарски рез за абортирање на Македонија од светската сцена. Но, и тогаш, и во двете светски војни, и во конфликтите во 20ти и 21ви век, македонскиот народ опстојува и продолжува како уважен меѓународен субјект, организира својата суверена република и развива оригинална национална култура. Меѓутоа, најновите геостратешки промени на светот, „присилно доброволно“ вршат нов абортус на Македонскиот народ, негово укинување меѓу живите светски народи. Овие факти не го интересираат Каплан. Балкански духови е премал но индикативен инструмент во служба на најновата политика за уништување на македонскиот народ и држава. Авторот Каплан тенденциозно премолчува дека Македонскиот идентитет е суштински дел од Балканската и светската документирана историја, и дека постојат милиони докази за систематска грчка, бугарска, и српската, асимилаторска и анексирачка политика против милениумската македонска нација. Роберт Каплан го игнорира фактот дека западната политика на овој дел од Европа, уште од 1913 година ја употребува целта на соседните држави: оневозможување на Македонија и таа да основа своја независна држава со свој доминантен македонски народ на Балканскиот полуостров. И европскиот континент е полуостров на Евро-азиското копно. И Балканскиот полуостров е дел од Европа. Но, кој ако не светски промовираната демократија на Западот, треба да е сила што ги штити правата и развојот на конститутивните народи на светската цивилизација каде припаѓа и Македонскиот народ. Светската историја знае: и грчките и бугарските племиња го окупирале Балканот, надоаѓале од Азија и Африка, уништувале и се развивале, во свои градови-држави, но и во народи кои не биле инклузивни за домородните соседи. Македонското население одамна пред нив имало формирано кралства, зборувало стар македонски јазик и користело усовршена прото македонска азбука, постара и од првите грчки писмени знаци преземани од феникиското писмо. Каплан ја игнорира темата Македонија и не ја преминува црвената линија на официјалната геополитика. Позади таа линија тој ги фаворизира вековните непријателски соседи на Македонија, токму тие кои корумпирано ги фалсификувале македонските антички, византиски, средновековни и просветителски епохи од македонскиот историски гениј. Светската историја, како и народите на блискиот и средниот исток, чуваат научни сведоштва за својата милениумска супериорност над елинските племиња и нивната вродена грчка фалсификаторска природа. Така, на штета и на Македонија, Каплан ја глорифицира грчката култура, а ги понижува вредностите и на Отоманската и на азиските култури. Ако книгата „Балкански духови“ претендира да е успешно патување низ историјата, авторот Каплан не успева да е објективен и инклузивен почитувач и на други, древни, светски цивилизации. Промовирајќи го грчкото значење за Европа, тој ја премолчува културната историја на Ориентот и азиските и медитеранските народи од кои грчките племиња присвојувале и преименувале во „грчки идентитет“, се’ што им било на нивниот пиратски пат. Запишувале туѓи достигнувања за грчки. Науки, уметности, филозофии, математички, астрономски и архитектонски знаења од древните источни и медитерански народи, Турските Хитити, Вавилон, Месопотамија, Египет, Израел, Персија, Македонија, се и тајни и јавни жртви на грчките цивилизациски кражби. Ставот на Каплан кон Балканот, светот и посебно кон Македонија, не е само пристрасен туку и површен и ограничен за познавачите. Темата за Македонија личи на анатема со која тој му служи на новиот светски поредок. За македонското население на етничката и територијалната карта на историска Македонија, тој не дава место меѓу културно различните наследства на соседите. А тие разлики се факти, и не фикција или Балкански духови, дека Македонскиот народ има стара и силна генеалогија, постара и од своите подоцна доселени соседи. Археологијата и историјата имаат докази дека Македонците се староседелци на Балканот од раниот палеолит до периодот на формирање на своите македонски кралства и царството на Александар Велики Македон. Дури илјада години по Александар Македонски, татарските булгарски племиња дојавале од Азија. Го ограбувале југот на Европа, ја пустошеле, палеле и поробувале Македонија, а подоцна бескрупулозно ги преименувале во бугарски средновековните македонски наследства и кралски династии, меѓу кои и царството на македонскиот владетел со потекло од Ерменија, Цар Самуил. Се’ до 19, 20 и 21 век, Бугарите ги применуваат грчките методи на преименување и посвојување, преку политички, образовни, црковни и медиумски актери. И бугарите како и грците, уценуваат, потплатуваат, корумпираат и физички ликвидираат македонски револуционери, идеолози, народни борци и цивилно население кое ја брани националната и територијална самостојност на Македонија. Овие факти за Македонија се непостоечки во Каплановиот нов светски поредок. Факт е дека и српските колонисти во окупацијата во Балканските војни му наредиле на македонскиот народ во рок од 24 часа да се откаже засекогаш од својата националност и да прифати српско име и идентитет. Но, тоа не останало српска политика „засекогаш“, како што пропаднало и Душановото царство во Македонија. Во периодот на Титова СФРЈ, Македонија и Македонскиот народ се признаени за уставотворна република и историски народ. Но, факт е дека и грчката власт, како и бугарската, добиле европска слобода во 21 век да ги евидентираат Македонците на македонска територија како Грци, Бугари, дури и како Албанци. Со тоа се утврдува и пропагандата на Каплан дека кулминацијата на грчкиот трумф над Македонија е постигната уште со заземање на Солун во Балканските војни. Во Егејска Македонија грчкиот варварски терор, тиранија, протерување и антицивилизациска асимилација на посебниот македонски народ - од пред 200 години продолжува да се применува и во 21ви век. Истата политика против Македонија и македонскиот народ симултано ја води и Бугарија, преку Македонија и во Албанија. Каплан ги спомнува но ги отфрла историските факти дека и грчката армија, при навлегување во македонските територии на север од Грција, се уверила дека тој македонски народ не само што не зборувал грчки, не зборувал ни бугарски, туку свој македонски јазик. Бугарија, иако го окупирала целиот анти-бугарски револуционерен Пирински дел од Македонија, за Каплан, како и за Џон Рид, останала изневерена: „За Бугарите, Првата светска војна заврши исто како и Втората балканска војна: нивната нација ја изгуби цела Македонија која им припадна на Србите и на Грците“. Иако веќе претворена во жртва распната на четири соседни страни, четврта - албанската, Каплан ја обвинува токму Македонија - и за двете балкански војни и за абдицирањето на бугарскиот крал Фердинанд во 1919 година, и за убиството на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ од страна на „бугарскиот Македонец“ Владо „шоферот“ (Черноземски), и за целиот пандемониум од 1913 до 1918 година, кога Македонија, според Рид и Каплан, станала држава во држава која, со својата инсигнија на череп и скелет, за надворешниот свет станала синоним за омраза и насилство. Каплан употребува и провокативни тези дека опиумските профити го финансирале купувањето на оружје за ВМРО. Каплан прави и неконтролирана грешка кога запишува дека стандардната цена за убиство на бугарин од страна на ВМРО била 20 долари, па затоа бугарските политичари се движеле со цели возови телохранители. Чесните историчари и политичари знаат дека, ако ВМРО била бугарска организација, од кого требало бугарите да се бранат? Новинарот на Њујорк Tајмс, Ц.С. Сулцбергер, бележи: „По некоја чудна причина, Бугарите се најфините убијци во Европа“. „Балкански духови“ и известувачот Каплан се пример за бескрупулозна пристрасност која не е ништо ново за медиумско-политичките фронтови во светот. Со вака индоктринирани анти-македонски критичари, на Македонија и останува засилено да бара меѓународно коректен, коригиран однос кон македонските права на автохтона нација и безбедна државност. Македонски интелектуалци со докажани меѓународни дипломатски, правни и историски портфолија ги чека итна должност како рамноправни граѓани на светот - да ја застапуваат Република Македонија пред ОН и пред меѓународни институции, за аргументирано да го демантираат манипулираното и незаконски фалсификувано бришење на македонскиот народ и неговите универзални права. Особено сега, кога економската војна на новиот светски поредок масовно одзема кадри од Македонија, со што и демографски ја уништува, покрај планираниот етнички дебаланс во земјата. Дали решението за Македонија треба да се бара во најнова поделба на нејзината територија денес, како што резонирала европската дипломатија пред 100 години? Се чини дека и политичарите и пропагандистите не учат од историјата и од грешките со конфликтите во Македонија, и светот. Крај Марија Емилија Кукубајска |