Среда, 05 Јануари 2022   
Манипулациите на Ѓорѓи Илиевски

ilievski-1-696x399.jpg

На 30.12.2021 год. во угледниот портал „Нетпрес“ објавен е текст од Ѓорѓи Илиевски во врска со книгата „Дневник на македонскиот маченик Драган Богдановски“. Во својот текст Илиевски изнесува низа невистини и манипулации против книгата, но и против почитуваната проф. д-р Виолета Ачкоска, против ветеранот на ВМРО ДПМНЕ Манојил Јаковлески, против Задграничните комитети на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаид, против поранешниот активист на ДООМ Јордан Груев од Мелбурн, практично против сите кои на еден или друг начин учествуваа во објавувањето на оваа вредна книга, која веќе предизвикува голем интерес во јавноста.

Кај нас и во светот речиси секојдневно се објавуваат книги со анти-македонска содржина, но не сме го виделе Илиевски да реагира против некоја од нив, а се нафрла против книгата со автентични мемоари на основачот на ВМРО ДПМНЕ Драган Богдановски. Ваквата постапка на Илиевски предизвикува зачуденост кај ветераните на партијата кои не можат да сфатат како и зошто некој може олку агресивно да напаѓа книга со мемоари на основачот на партијата?

Но, да одговориме аргументирано на лагите на Илиевски.

Во стилот на некои мрачни минати времиња, Илиевски бара некаков „заговор и конспирација“ во објавувањето на оваа книга(!?).

За негова жал, такво нешто не постои. Книгата е јавно објавена, средствата за неа беа јавно собирани, имињата на сите донатори се јавно објавени во книгата, а Задграничните комитети во Перт и Аделаид се горди што помогнаа за реализацијата на овој вреден проект и што фигурираат како издавачи на книгата. Во врска со забелешката за авторските права од страна на роднини на Драган Богдановски, со целосна почит кон сите нив, само ќе кажеме дека во Законот за наследување (вклучително и на авторските права) глава XX, 1 член 13, пишува: „Оставината на умрениот ја наследуваат пред сите неговите деца и неговиот брачен другар“.

Значи доколку некој треба да праша за авторските права на мемоарите (Дневникот) на Драган, тоа треба да биде неговиот единствени жив син по име Пер-Арне (роден од сопругата на Драган, која беше Норвежанка) и ниту еден друг негов роднина.

Во врска со тврдењето дека Дневникот (мемоарите) на Драган не бил автентичен ќе кажеме дека ваквото тврдење е небулозно и злонамерно. Најголем доказ за автентичноста на Дневникот е фактот што делови од овој Дневник ВЕЌЕ БЕА ОБЈАВЕНИ УШТЕ ДОДЕКА ДРАГАН БЕШЕ ЖИВ!!!

Со негова дозвола и знаење, извадоци од неговиот Дневник, како мини фељтон, беа објавени во весникот „Мацедониа Њееклѕ Хералд“ од Мелбурн (чиј сопственик беше покојниот Панко Стамкоски) и тоа уште во 1990 година!

Како издавач на книгата ги пишавме ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаид и тоа го направивме во знак на почит кон нашето партиско членство во Австралија, а секако и во знак на почит кон другите македонски патриоти, кои финансиски го помогнаа нејзиното печатење.

Па зарем направиме грев со тоа што објавивме книга за страдањата на овој македонски патриот кој ја поддржувал идејата за независна македонска држава тогаш кога било најтешко?

Ова автоматски значи дека претставуваат пукање во празно прашањата на Илиевски упатени до д-р Ачкоска во врска со „одговорноста“ околу процедурите за издавање затоа што издавачот на книгата е странски субјект. Ова исто така значи дека ние како издавачи од странство не можевме да бараме ЦИП од македонска инситуција, па ако Илиевски и неговата менторка имаат забелешки околу процедурите за издавање нека се обратат до австралиските институции. Но, зарем е толку важно тоа дали книгата има ЦИП или не? Тоа ли е повод за ваквото несфатливо ширење патолошка омраза против книгата? Зарем не е поважна нејзината содржина од имањето или немањето ЦИП?

Содржина во која Богдановски графично го опишува своето киднапирање, но и сите маки и тортури низ кои поминал за време на испрашувањата и потоа. Илиевски спомнува и недостиг на некаков „методолошки пристап“, но оваа книга ниту е нечиј докторат, ниту пак е магистерски труд или дипломска работа за да се води сметка на такви формалности – оваа книга едноставно е само преобјавен Дневник (мемоари) на еден борец и маченик за Македонија без интенција дека претставува нечиј „научен труд“, а ако некој сака во иднина да ја искористи за свои научни истражувања, слободно може да го направи тоа.

Илиевски го „прашува“ членот на техн. редакција Јордан Груев дали учествувал потив судските процеси против Панко Стамкоски. Со ваквата ефтина провидна и подмолна маниулација (според која прашањето би требало да сугерира „позитивен“ одговор), Илиевски повторно пука во празно затоа што одговорот на ова прашање гласи НЕ!

Задграничниот  Комитет на УЖ на ВМРО ДПМНЕ, комитет на УВ на ВМРО ДПМНЕ, комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ Јордан Груев не само што никогаш не учествувал во судските процеси против Панко Стамкоски, туку бил негов долгогодишен соработник и лично Јордан (како голем поддржувач на Драган Богдановски и долгогодишен член на ДООМ) му го има дадено на Панко првиот дел од Дневникот што Драган му го дал во Шведска во 1990 година, од кој Дневник Панко објави неколку делови, а ние сега само ги преобјавивме.

Илиевски лаже кога тврди дека Јордан Груев на „социјалните мрежи“ ги напаѓал ВМРО ДПМНЕ затоа што Јордан Груев воопшто не учествува и не членува на социјалните мрежи. Впрочем, не знаеме каква врска имаат политичките ставови на Груев со неговата помош во објавувањето на оваа вредна книга со мемоари на Драган Богдановски, па повторно го прашуваме Илиевски во кое време живее?

Илиевски лаже и кога пишува дека на нашите ФБ профили сме напаѓале „видни личности од ВМРО ДПМНЕ“, веројатно надевајќи се дека преку ваквата лага на своја страна ќе привлече партиски членови (!?). Но, и оваа негова лага лесно може да се докаже. Јавно го повикуваме истиот да покаже кои се тие „видни личности“ од партијата што сме ги „напаѓале“ на нашите ФБ профили?

Што се однесува до спомнувањето на „Република Македонија“ од страна на Драган Богдановски во книгата, Илиевски очигледно не знае дека Богдановски вака ја ословуваше нашата држава уште пред официјално да и биде симнат префиксот „Социјалистичка“ за што поседуваме докази (извадоци од негова брошура). Но, ваквата забелешка на Илиевски всушност е голем доказ токму против небулозните тврдења на неговата менторка дека наводно УДБ-а стоела зад овој Дневник. Зарем УДБ-а би напишала „Република Македонија“ во времето на СРМ кога оваа полиција дејствуваше? Крунски доказ за автентичноста на Дневникот е самата негова содржина која никого не може да го остави рамнодушен и срамота е некој заради лични неостватерни амбиции да ги негира потресните сведоштва на Драган за неговите измачувања.

На крајот и ние имаме неколку прашања до Ѓорѓи Илиевски:

-Зошто го премолчувате фактот дека делови од овој Дневник веќе беа објавени во 1990 година со знаење и дозвола на самиот Драган Богдановски?

–Со кое право го злоупотребувате фејсбук профилот на Унијата на ветерани на ВМРО ДПМНЕ и заради лични побуди објавувате напади против книгата со мемоарите (Дневникот) на Драган Богдановски, а не ги објавувате нашите одговори на тие напади?

-Дали сте свесни дека со ова правите непоправлива штета на Унијата на ветерани и на самата партија ВМРО ДПМНЕ поради тоа што се обидувате да предизвикате смут и збунетост помеѓу ветераните?

– Вие очигледно не знаете дека во 2015 година Дијана Транталовска имаше безуспешен обид да ги набави истите овие мемоари од Австралија, но откако не успеа во тоа, сега се нафрла против нивното објавување. Ве прашуваме доколку таа ги набавеше и ги објавеше овие мемоари, дали ќе ја нападневте и неа денес?

За ваквата деструктивна активност што Вие и вашата менторка ја спроведувате против книгата ние со окружно писмо ќе ги запознаеме сите клучни фактори во партијата (каде веќе доставивме голем број примероци од книгата), па тие нека проценат чии аргументи се повалидни.

Пишува:

Трајче Т. Трајковски
Претседател на ЗК
На ВМРО-ДПМНЕ
Перт Западна Австралија

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.