|
|
Ламбе Арнаудов: ХОЧЕШ НА СОЛУН, ЕВО ТИ ГА НА... |
Ламбе Арнаудов САКАТЕ ДА ДОЈДЕ МИЦКОСКИ, ЕВО ТИ ГО НА... Седумдесет и седум години ист калап, иста омраза, исто колективно партиско бунило, исти одродени лидери антимакедонски, исто сценарио, иста сцена, иста режија, исти текст, исти глумци и исто застанато во место, време. И, понатака вирее, цвета и дава род отровното семе посеано одамна. Род, чемерен горчлив самоуништувачки, а се продава како лек за секоја болест и долг и среќен живот спроведен во јасли со изобилство слама во штала, затворен без прозор и хоризонт. Вистинска среќа, за оние кои кога ќе се најадат ќе бидат среќни како и воловите кога ќе се најадат сено. Луѓе нелуѓе, катасрофичари на кои предавството им е ВЕРА, а основното мото во животот ПРИЛАГОДИ СЕ И ЖИВЕЈ. Никогаш во животот на Зоран Заев и како него сличните никој до сега не му кажал, ниту пак негде прочитал, но затоа неговиот ДНК состав на организмот, гледате, потполно ист како ДНК-то на Лазе Колишески и касапот на македонскиот патриотски колективен дух Светозар Вукмановиќ Темпо. Темпо и Лазо ги испратија македонските патриоти на губилишта. Зоран, Рускоска, Кацарска ги испративте машите патриоти на вековна робија. Е, Зоране, Македонија не те ни познаваше, ама никогаш нема да те заборави. Пет години со нула вредност ама наоружан со најподлото и најнехуманото оружје во форма на прислушкувани разговори ги газеше и принудуваше на соработка во твојата срамна мисија во разнебитување на Македонија илјадници мажи во женски фустанчиња. Гајле му е на народот дали некој крадел или имал љубовница па ќе си го растурел бракот. Не растурувајте ја Македонија. Таа ни е поважна од сé на светот. Не може Македонија да страда заради апаши, гангстери, предавници, трансексуалци и умислени ескорт дами. Сé на виделина, на светлоста на денот, тајните сили нека се разоткријат, на предавниците нека им паднат маските, кукавиците нека се посрамотат, Македонија да се куртули. Ова оружје во рацете на дегенерици од типот на Зоран Заев или неговиот клон, наполнетата птица Ковачевски е нуклеарно озрачување кое не се контролира и може да го уништи овој прекрасен мини космос што се вика Македонија. Почитувани сограѓани, мои Македонци ова е наследство што произлегува од тестаментот што го остава себичниот комунистички дух во завет и доградување на нивните идни антимакедонски поколенија. За среќа од спротивната страна го имаме ВМРО-ДПМНЕ, верен почитувач и следбеник на изворното, историско ВМРО. ВМРО-ДПМНЕ предводено од Лидерот Христијан Мицкоски денес е своевидна Академија каде се градат, формираат и утврдуваат критериуми вградени во личности со интегритет, авторитет и личен идентитет, идни вистински лидери кои научиле да го одбранат македонскиот дух знаејќи дека за ампутираниот дух нема протеза, не ни помислуваат да потклекнат пред ништо и пред никого кој и што ќе посегне да го загрози, ослабне или не дај Боже да го уништи, а да без соодветно не реагира. И вие и ние остануваме истрајни и постојани, секој со својата идеологија и историско политичка филозофија. На патот одиме паралелно ама суштински се разликуваме и затоа никогаш нема да се доближиме едни до други. Вие, срамните стотина години истрајувате и за милиметар не скршнувате во истурањето на злото врз Македонија и македонскиот народ. Ние, овенчани со вечна слава, истрајни, издржливи, жилави во одбрана на доброто што ӣ го подаруваме на нашата татковина не размислувајќи при тоа во борбата со вас да изгубиме сé ама да ја сочуваме Македонија. Ако сме ја сочувале Македонија ништо не сме изгубиле, сме добиле сé. Безграничната верба во доброто што го правиме за Македонија ни создава интуиција и ни ги отвора сите врати на непознатото да го запознаеме и да го претвориме во предност недостижна за душманите, додека со нашата љубов, чест, сила, посветеност ќе ја оствариме конечната победа на доброто над злото. Сé е на наша страна. ВМРО-ДПМНЕ Е НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА. И затоа ГОСПОД Е СО НАС.
|