Среда, 19 Јануари 2022   
Во 2015 не случајно се појавија т.н. бомби и не случајно подоцна се сруши владата на Н. Груевски

1 Свекрва

 

Македонска трагедија продолжува

Во последните години, поради спорот на САД и Русија околу Украина, постојано на линија на огнот се наоѓаат Србија, БиХ, Косово и Македонија.

Според Западот, овие земји се постојано на нишан на Русија која има намера тука да создаде кризни жаришта за да се одвлече вниманието од Украина. Оттука меѓудругото не случајно, проруските политичари во Бугарија, кои сметаат дека Крим во моментот е Руски, го одолговлекуваат приемот на Македонија во ЕУ, верувајќи дека еден ден Македонија пак ќе биде монета за поткусурување која ќе ги оствари нивните Санстефански соништа.

Во 2015 не случајно се појавија т.н. бомби и не случајно подоцна се сруши владата на Н. Груевски.

Мораше да се избере марионетската влада, која ќе ја подготви земјата за да послужи како монета за поткусурување доколку дојде до серија поделби и промени на границите во Украина и на Балканот. Оттука и подржката од надвор за да денес продолжи старо нова бинационална влада во која од 21 ресор 11 се Македонци и 10 Албанци.

Во време кога Канада ги опоменува своите граѓани без потреба да не патуваат во Украина, поради стационирањето на руска војска на границите со Украина и изјавата на Вашингтон дека Русија подготвува инвазија на таа земја доколку пропаднат преговорите со САД и НАТО, земјите на линија на огнот на Балканот се подготвуваат за наповолен развој на настаните.

Србија и Хрватска се вооружуваат, членот на претседателството во Босна и Херцеговина Мирослав Додик најавува повлекување од Одбранбените сили на БиХ и формирање на Војска на Република Српска, а лидерит на СДА, Бакир Изетбегович, најавува дека „ќе го подигне муслиманскиот свет“ (муџахедините) за да ги подржат Бошњаците. Исто така врие на северот на Косово, а Бугарија во Македонија гледа лесен плен за остварување на Санстефанскиот сон.

Политиката на Софија кон Скопје не се разликува многу од време на Балканските и двете светски војни, За жал владата предводена од СДСМ и ДУИ, подлегнува на политичките притисоци и игри на Софија, при што најдебелиот крај ќе го извлечат Македонците.

СДСМ како ништо да нема научено од војните на почетокот на 20 век кои на македонскиот народ му донесоа поделби на територијата, кавги, изгубени човечки и материјални ресурси.

Ни по три децении од независноста на Македонија, не беше снимен ниту еден филм кој би ги потсетил не само Македонците, туку и Бугарите, но и останатиот свет за поделбата на Македонија, на македонскиот народ, за предавствата и за ужасите кои ги претрпеле нашите претци. Можеби така ќе ги спречеше Заевистите да го сменат името, можеби немаше сега да бидеме доведени во оваа состојба кога иднината на државата е доведена во прашање.

Еве една сторија од Првата светска војна за нашиот народ, која некој може во иднина да ја искористи за одличен филм. Можеби токму оваа пишана сторија и покрај тоа сите кризи со кои се соочуваме, некого ќе го предизвика да размисли пред да направи нови непромислени чекори кои повторно ќе го поделат народот, земјата и ќе предизвикаат да исчезнеме како Македонци. 

Се работи за настан од Првата светска војна, кога бугарската армија по влегувањето во војна во 1915 година на страната на Централните сили и окупацијата на Македонија го мобилизирала таткото, а неговиот син останал да живее со бабата во Битола. Година дена потоа градот го освоиле сојузниците и синот останал од другата страна на македонскиот фронт. По дваесет години разделени со војната синот и таткото се најдоа во Битола. Еве што пишува авторот статијата потпишан со Н. за оваа битолска трагедија во белградска „Политика“ од 16.07.1936г.: 

„Се ова е неверојатно, сето ова личи на приказна, ама сето ова е вистина. Ристо Дамјанов(иќ) локален молер во улица Баштенска бр 6, се најде синоќа со својот син Ѓорѓи, кфалификуван мајстор во Војно-техничкиот завод во Крагуевац, после дваесет години, откако (Првата) сватската војна ги раздели. Тие одамна ја изгубија надежта дека ќе се видат. Мислејќи еден за друг дека веќе не се живи и дека светската војна како и многу други ги покосила.

Молерот Ристо Дамјанов(ич) го затекнала инвазијата на Бугарија во Битола, заедно со синот Ѓорѓи и мајката Марија. Жената му била умрена па бабата Марија се грижела за својот тригодишен внук Ѓорѓи. Меѓутоа непријателската власт го отргна Ристо од куќата – го земала во војска. Неговата мајка Марија останала да води грижа за малолетниот внук Ѓорѓи.

Во есента 1916 година Битола била ослободена. Бабата Марија со внукот Ѓорѓи, под налетот на непријателските гранати, избегале во Воден. Тука преставниците на нашите бегалци ги прифатиле, давајќи им помош во храна и други потреби за неа и внукот. Меѓутоа таа се разболе и ја пренеле во нашата болница. Со неа заедно болницата го прифатиле и Ѓорѓи. Таму наскоро старицата умрела.

Ѓорѓи, останувајќи без старател бил прифатен од г. др. Мишо Попович, лекар, и г-ѓа Даринка Груич, па бил одведен во Солун и подалеку во Мантон – Франција. По ослободувањето во 1919 година, Ѓорѓи со останатите деца – воени сирачиња, бил вратен во Белград – Кошутњак и после кратко време во Каменица – Срем – во дом за сирачиња -  задужбина на големиот добротвор на нашиот народ пок. Фротингам (Џон Фротингам – н.з).

Таму Ѓорѓи завршил основно училиште и два класа гимназија, па во 192 година бил испратен во Војнотехничкиот завод во Крагуевац, каде во 1929 година бил оспособен за државен мајстор и останал да работи.

Меѓутоа, Ѓорѓи постојано го копкаше да го побара и да го најде својот татко Ристо, меѓутоа за многу малку знаеше, само дека татко му се вика Ристо, мајка му Захарија и дека е роден во Битола. За мајка му знаеше дека е умрена.

Овие дена од управникот на Военотехничкиот завод добил неколку дена одмор. Наврзо дошол во Битола, каде го побарал својот другар од домот за воени сирачиња г. Јован Јованоч службеник на овдешниот окружен суд.

Двајцата се фатија за работа да го пронајдат Ристо, таткото на Ѓорѓи. Три дена се распрашувале за него. Меѓутоа без успех бидејќи не го знаеја презимето на Ристо (а Ѓорѓи се празивал по татко му - Ристиќ), неговата професија, нити било каков податок кој би им помогнал да го пронајдат.

Најпосле дојде спасоносна мисла, да по ова прашање побараат помош од црковните власти. Го знаат името на детето, мајката и таткото, па од протоколот на родените да најдат поблиски податоци. И навистина во книгите на црквата „Св. Димитрија“ најдоа дека на 26 јануар 1912 година родено дете Ѓорѓи од мајка Захарија и татко Ристо Дамјанови(иќ), овдешен молер кој живее во маалата Султанија во Битола. Морале да се обратат до битолската општина – од пописната книга за луѓето во Битола. Така тука пронајдоа дека во улицата Баштенска бр. 6 живее Ристо Дамјанови(иќ), молер. Оваа пак улица во турско време, покрај другите, влегувала во состав на именуваната маала означена во книгите на родените.

Повикан во општината и испрашан за тоа, Ристо изјавил дека имал син Ѓорѓи, меѓутоа од 1915 година ништо не знае за него.  Се сомневал дека воопшто е жив. Кога го донесоа Ѓорѓи и кога му рекле дека тоа е неговиот син, трогателна била сцената на средбата на таткото и синот после дваесет години. Топло прегрнати, видно возбудени и со солзи во очите, останаа на момент неми и без вборови. Бидејќи тој момент и без зборови нив многу им говорел....“

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.