Вторник, 18 Јануари 2022   
Предизвиците со „македонскиот синдром“ на Бугарија – Може ли Кирил Петков да ги реши?

1omd1

Во пресрет на посетата на новиот бугарски премиер Кирил Петков во Македонија денес, престижниот Емерџинг Еуроп објави статија од Мето Колоски, претседателот на Обединета македонска дијаспора (ОМД).

thumbnail-img-9569-120x120 

Линк до статијата ОВДЕ.

Предизвиците со „македонскиот синдром“ на Бугарија – Може ли Кирил Петков да ги реши?

Во 1971 година, ЦИА го измисли терминот „Македонски синдром“ поврзан со интензивната преокупација на Бугарија со тврдењето дека Македонија е една и иста како Бугарија. Кампањата отсекогаш била распространета, а доби на сила за време на комунистичкиот режим, кога Бугарија беше советска марионетска држава. Западњаците никогаш не можеа вистински да ја разберат оваа чудна и невозвратена опсесија со Македонија.

Последователните бугарски влади во минатото се надеваа за обединување на македонски територии со Бугарија - и ако се цени по неодамнешниот протест во Софија, на кој беа истакнати постери на кои пишува „Македонија е Бугарија“, тогаш овој сон е жив и цврст меѓу општата популација.

За среќа, милиони не излегоа на улиците како во Грција пред повеќе од 30 години со натписите „Македонија е грчка“. На последните бугарски избори бевме сведоци на видеа на одредени политички кандидати со бесрамни територијални аспирации за македонски територии. Можете ли да замислите дека ова се случува и се толерира во земја-членка на НАТО и Европската Унија?

Бугарската политичка елита, историчарите и академиците, тврдат дека Македонците не се ништо друго освен западни Бугари, а нивниот јазик е западно-бугарски дијалект.

Ако Македонците и Бугарите биле браќа, зошто Кралството Бугарија во август 1941 година потпиша договор со нацистичка Германија за окупација на Македонија и експлоатација на македонските ресурси?

Зошто Бугарите не беа пречекани со раширени раце од Македонците, туку се спротивставија како фашистички напаѓачи?

Зошто бугарската војска уби над 25.000 Македонци ако се браќа?

Тоа е трагично минато, со кое Бугарија до ден денешен не сака да се помири и да се извини, вклучително и за депортацијата на 98 отсто од македонското еврејско население.

Камен на сопнување

Но, ајде за момент да ги ставиме на страна историјата и политиката за идентитет и да разговараме како да бидеме модел за пример во регионот.

Пред околу 30 години, на 15. јануари 1992 година, Бугарија стана првата земја во светот што ја призна независноста и суверенитетот на Македонија, поставувајќи домино ефект каде до 2018 година вкупно 140 земји го следеа примерот.

Денес, Бугарија е прв камен на сопнување, со директно вето за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. За каква цел и во чиј интерес?

Таа не го блокира отворањето и затворањето на поглавјата или членството, што ќе трае веројатно со години. Таа го задушува процесот да почне. Прашањето е зошто.

Бугарската влада честопати се занимава со познатата практика на одвлекување на вниманието на сопственото население од проблемите дома преку поттикнување прашања со Македонија. Според најновиот извештај на „Евростат“, населението на Бугарија се намалило за 11,5 отсто во последната деценија - младите масовно заминуваат за подобри можности. Новоизбраниот премиер Кирил Петков има бројни предизвици со кои ќе треба да се соочи неговата администрација, вклучително и борбата против криминалот и корупцијата, владеење на правото, недоволна вакцинација против ковид-19, странските директни инвестиции и многу повеќе.

Ветувачка реторика, само на хартија?

Реториката што доаѓа од Петков изгледа ветувачка на хартија, но дали тој навистина ќе може да направи целосен пресврт со оглед на неговите коалициски партнери и екстремистичките позиции на бугарскиот претседател Румен Радев, кој бара Македонија да додаде Бугари во нејзиниот Устав?

Радев очигледно го крие фактот дека Бугарија 16 пати, да повториме - 16 пати, има добиено пресуди од Европскиот суд за човекови права дека ги крши човековите права на македонското малцинство во Бугарија. Досега немало случаи кога Македонија ги прекршила правата на Бугарите во Македонија изведени пред домашни или странски судови.

Да се вратиме на проблемот „Македонски синдром“.

Ветувачки е што Петков доаѓа во посета на Македонија денес, за да ја одбележи 30-годишнината од бугарското признавање на земјата, и останува да го видиме исходот.

Се надеваме дека тој ќе се претстави како некој што на македонските лидери гледа како на рамноправни партнери кои се дел од НАТО, а не како поранешниот премиер Бојко Борисов, кој зборуваше и ги навредуваше македонските лидери во многу наврати, или, пак, како поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој предупреди дека ќе ја испрати бугарската Армија во Македонија доколку не се исполнат нивните барања.

Во право е Петков што се прашува зошто нема директен лет меѓу Скопје и Софија, ниту воз меѓу двата града. Сега единствен начин да се патува меѓу двете земји е со автомобил или автобус. Побрзо е да се лета од Скопје преку Истанбул до Софија, отколку да се вози од Скопје до Софија.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

Малтретирањето не е европски принцип.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.