Среда, 26 Јануари 2022   
Марија Кукубајска во Pacific Asia Museum, Pasadena, California, настапи со лирски есеи за Кинеската Нова година 1992

1Marija Kukubajska Марија Кукубајска

Во пресрет на Кинеската Нова година која годинава, 2022, се слави од 1 до 15 февруари, донесуваме настан од престижниот музеј и културен центар во САД, Pacific Asia Museum, Пасадена-Лос Анѓелес, организиран пред три децении. Музејот, кој е дел од California State University Los Angeles, во1992 година, постигна ексклузивен успех со мини есеите на македонската поетеса Марија Кукубајска и нејзиниот Арт-По концепт.

Македонско-американската писателка, есеист, драматург, антологичар и културолог, Марија Емилија Кукубајска, беше носител на поетскиот дел од мултимедијалниот сценски перформанс со сликарот Виет Нгуен. Со нивните дела свечено се отвари културно-уметничкото славење на Кинеската Нова година 1992 во Калифорнија. Во изложбениот каталог на музејот, пишува „Нивната синхронизирана интеракција на сликарство и поезија беше високо оценетa од Smithsonian Institute, Смитсониан Институтот и неговиот Indo-China Art Project, Travel Exhibit, Индо-кинески уметнички проект, патувачка изложба, кој ќе се одвива во текот на1993 година. Бројни други изложби ја потврдија успешната мултимедијална соработка на овој уметник и овој писател.“

На покана од Музејот на културите на Азискиот Пацифик во Пасадена, Марија Кубајска, Марија Кукубајска, претстави нови стихови од својата збирка насловена „A South Land and a Light with no End”, Јужна земја и бесконечна светлина. Лирските мини есеи се посветени на кинеската, виетнамската и македонската култура и историја, а инспирација е бесконечната љубов на Марија Кукубајска кон својата родна земја, извор на светлина, Република Македонија, и на својата фамилија. Поезијата содржи споредбени поетски слики од убавините на Македонија и од Паркот на цвеќињата во Хуеи, Виетнам.

Овој ексклузивен настан е дел од копродукцијата со наслов „Vietnam, Me and Infinity“, Виетнам, јас и вечноста кој резултира од културно-книжевната и сликарска соработка на македонската поетеса Марија Кукубајска и виетнамскиот уметник Виет Нгуен. Делата на на виетнамско-американскиот сликар и галерист Нгуен беа претставени со 3D слики, гравури и литографии. Сликарско поетскиот настап беше претставен во интердисциплинарниот концепт на Марија Кукубајска, Art-Po, Уметност и поезија. Перформансот на Музејот на Пацифичка Азија вклучи и концерт на Фолклорниот музички ансамбл на „Виетнамската асоцијација за развој на Традиционалната уметност“ со настап на Танцот на Лавот, The Lion Dance. Културата на Виетнам, стара 4.000 години, содржи многу сличности со кинеската, која владее 1.000 години со Виетнам, од 111 п.н.е. и периодот на династијата Хан.

Во каталогот, под насловот Спасувајќи го човековото загадено етичко битие, пишува: „Најновиот предмет на инспирација во поезијата на Кубајска, кој е актуелен колку и трајно важечки, е прашањето за ЧОВЕКОВАТА ОКОЛИНА. Писателката го има одбрано внатрешниот аспект на ова прашање: РАЗЈАДУВАЊЕ НА МОРАЛНИТЕ СЛОЕВИ ВО МЕНТАЛНАТА ПРИРОДА НА ЧОВЕКОТ.“

Поезијата на Марија Кукубајска и уметнички дела на Виет Нгуен беа изложени од 12 декември 1992 до 24 јануари 1993.

На фотографијата: Марија Кукубајска со својата ќерка Емилија, сликарот Viet Nguyen (десно) и виетнамско-францускиот композитор на современо-фолклорна и класична виетнамска музика, Pham Duy, 1992

(извадоци од книгата „Скица за библиографија со монографски сегменти – Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска“, НУ Универзитетска библиотека Гоце Делчев - Штип, 2000)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.