|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 155 |
МАКЕДОНСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ: ГЛАДНА КОКОШКА - ПРОСО СОНУВА 1. После цели пет месеци (каква експедитивност и ефикасност) германските форензичари ни ги доставија нивните заклучоци за причините за пожарот во модуларната болница за болни од ковид 19 што се случи на 8ми септември минатата година во Тетово, кога за само три минути се пеплоса целиот објект, а во пожарот загинаа 14 лица! И, замислете: заклучокот на германските форензичари - кои ни беа претставени како врвни стручњаци специјализирани за истраги за пожари, беше речиси идентичен со заклучокот на нашите форензичари (небаре го препишале од нив), дека причина за избувнување на пожарот бил преоптоварен продолжителен кабел!? Но нечувме како и зошто целата модуларна болница со 12 соби и други простории за третман на болни од ковид 19 изгоре за само три (3) минути? Да не се случајно во прашање м а т е р и ј а л и т е од коишто беше изградена болницата коишто - како што се покажа, биле брзогоречки, небаре полиени со керозин!? Слични модуларни болници се изградени на повеќе места низ Македонија за што Министерството за здравство инвестираше над шест (6) милиони евра, а ги монтираше фирмата Брако на Кочо Анѓушев, но ниту фирмата ниту неговото име никој не ги спомена јавно како можни кривци за трагедиијата.
Ми се чини дека сепак истрагата за оваа трагедија не е и не смее да заврши и токму тој аспект (за материјалите - дали беа според потребните стандарда и сл.) од кои беа изградени 12 модуларни болници ширум замјата ќе м о р а и поматаму да се истражува! 2. Една народна поговорка гласи:"Гладна кокошка просо сонува". Токму така се македонските перспективи за членство, или подобро кажано за почеток на разговори за членство во Европската Унија. Тоа многу јасно и дирекно ни го даде на знаење нашиот "голем пријател" - новиот премиер на Бугарија Кирил Петков кој изјави дека:"Имаме 15 години да ги решиме прашањата, но да се пушти Македонија на патот кон Европа, не значи дека Македонија се пушта во Европа". E па Македонијо и на сите нас дома и во дијаспората кои се чуствуваат македонци, нека ни е на здравје! Со други зборови, дипломецот од Харвард Кирил Петков смета дека за 15 години ќе успејат да не побугарчат и такви да ни дозволат да почнеме преговори за членство во таа фамозна Европска Унија. Петнаесет години се премогу долг период за нас, кои чекаме цели 17 години за почеток на преговори (втори сме после Турција кои толку долго чекаме) а какви се премрежјата низ кои поминува и Унијата и светот во целина (кризата со Украина, Република Српска, и други потенцијални нови воени и кризни жаришта на планетава) дури и тој рок што така галантно ни го претстави Кирил Петков - прашање е да не ќе да биде и уште подолг. Но чинам дека некој во Македонија треба к о н е ч н о да се соочи со грдата реалнсост дека членството во ЕУ е многу, многу далечна и прашање е дали воопшто е остварлива перспектива??? Ке речете: зошто така тврдам. Па од едоставна причина бидејки мораме да со соочиоме со реалноста дека Бугарија НЕ Е единствена што го кочи процесот на проширувањето на ЕУ. ЕУ, или поголем дел на нејзините членки се скептици за проширувањето и само ја користат Бугарија и нејзината фанатична заслепеност за бугаризација на Република Македонија, на нејзиното минато, сегашност и иднина. Како инаку да се толкува и изјавата на холандскиот амбасадор во Скопје Дирк Јан Коп дадена пред од прилика половина година дека "Бугарија со ветото за почеток на преговорите за членство на РМ во ЕУ го потврдува владеењето на правото (замислите!?) во Унијата"! Да се крстиш и да не веруваш!!! Ало, амбасадоре, па ова што ни го прави Бугарија нам е само блага форма на истото што Холандија како колонијална сила им го правеше на народите во нејзините колонии во Африка, Централна Америка и Индо-Кина! Зарем не го сваќате тоа??? А за какво право стнува збор господине амбасадоре? Дали Вие и Владата во Хаг сте запознаени какви се барања и услови поставува Бугарија за да го тргнела ветото кон Македонија? Дали тие барања се нормални и прифатливи за вас холанѓаните??? Па ставете се барем за момент во наша ситуација и употребете ги сите алатки што ви се на располагање да се надмине блокадата, а не само истурате милијарди евра кон Софија која е срам за ЕУ (според нивото на корупција и невладеење на правото) како најголем мировен проект по Втората светска војна. Македонија - но не со оваа - сегашнава влада, ќе мора да разгледа и алтернативни опции што да прави со себе во наредниот 15-годишен период; да ги користи умовите и искуствата сконцентрирани во МАНУ, УКИМ, па и странски експерти и да работи за својот економски и севкупен развој, а не да чека милостиња од една Бугарија и слични на неа. Да ги користиме огромните потенцијали на бизнис заедницата во дијаспораста, да привлекуваме странски инвестиции (како што го правевме тоа порано, со Груевски), но да се посветиме целосно на институциите и на демографијата со активно инволвирање на црквата, бидајки Македонија без народ, којшто масовно се иселува, или со се помалку народ (наталитетот е во страотен пад), ќе биде лесен плен за нашите непријатели од соседството! 3. Во Градското собрание на Скпје покренати се неколку иницијативи за именување на улици на заслужни граѓани и личности. Се придружувам кон иницијативата со мој личен предлог: да се даде име на улица што ке се вика Ул. Акедомик Владимир МОШИН. или едноставно: Ул. Владимир Мошин. Сметам дека токму тој, академикот Мошин, со неговото откритие дека таканаречените Кипријановски или Новгородски листови (најстари сочувани текстови од златното Евангелие што македонскиот цар Самоил му ги дарувал на царот на Русија Владимир Први при покрстувањето на русите) е меѓу најзаслужните што руските слависти, дури и самиот Претседател Путин, се категорични дека кирилицата и православието во Русија дојдоа токму од Македонија!!! М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешем министер и амбасадор |