Среда, 09 Февруари 2022   
Народот мора да ги протера сите оние страни слуги кои ја распродаваат земјата!

1 Свекрва

Во изминатите повеќе од два милениеми во македонската земја беснееја разни господари: Турци, Срби, Грци, Бугари и др. Сите тие ги експлоатираа македонските богатства и не му го дозволуваа правото на Македонецот, стариот господар, единствено тој да располага со своето богаство. Денес кога Македонецот повторно има своја држава, старите тирани, повторно не му дозволуваат да располага со своите богаства, оспорувајќи му го наследтвото. Тие му го оспоруваат тоа право со негација на името, идентитетот, јазикот и културата.

Геостратешките интереси на големите сили и територијалните аспирации кон Македонија ги инспирираат соседите во нивните настојувања да преземаат свирепи мерки за го избришат македонското име и сознание и да не му го признаваат правото на македонскиот народ да биде свој господар и чувар на својата земја. 

Сепак настојувањата на нашите славјански и православни соседи да му ја  одземат тапијата на Македонците за да управува со својот имот не би било можно доколку тие немаат поддршка во корумпираната власт во земјата.

Одродените Македонци и не Македонците инсталирани во власта со помош од надвор веќе неколку години го распродаваат македонскиот имот.

Коалицијата СДСМ и ДУИ, предводена тогаш од премиерот Зоран Заев, зпочна со името и откажувањето од грижата за македонското малцинство кое живее во Егејска и пиринска Македонија. Сега истата коалиција предводена од наследникот продолжува со распродажба на националните интереси.

На барање на Бугарија на распродажба се ставени историјата, јазикот и македонскиот идентитет. Имено, според соседите до 1945 немало македонски народ, македонски јазик и македонска историја, а Бугарија за време на Втората светска војна не била фашистичка земја и окупатор во Македонија, туку само администратор. За нив Македонците се Бугари, јазикот е западнобугарски дијалект, а се што е историја таа е дел од бугарското историско наследство.

Иако Софија не смее да присвојува дел од македонската античка историја, за да не се замери со Грците, таа има храброст да ја присвојува историјата од Самоил па се до АСНОМ-ска Македонија, формирањето на македонската држава. Иако најголем дел од македонските дејци се бореле за создавање на македонска независна и суверена држава, под паролата Македонија на Македонците,  за Софија сите тие, па и најголемиот македонски син Гоце Делчев, се Бугари.    

Со негирање на македонскиот народ, јазикот и историјата, Софија посредно го негира наследно право на Македонците да управуваат со државата, со што само ги потврдува своите теритријални претензии кон Македонија. Односно исполнување на Санстефанскиот мировен договор. Од друга страна марионетската власт во земјава која го официјализира албанскиот јазик на целата територија и од т.н. мултинационална ја направи бинационална, изгледа нема намера да ги испочитува македонските црвени линии, со што земјата може да ја подели.

Има основи за сомнеж дека власта се подготвува за целосна распродажба.

Тоа е бугарско-македонското заедничко чествување на роденденот на Гоце Делчев, кого соседите го присвојуваат иако добро знаат дека е Македонец, како и предлог законот со која власта бара секој да одговара што ќе искаже  критика или навреда кон власта.

Свесни дека нема да им помине распродажбата на националните интереси, како и поради  нивната неспособност во справувањето на кризите кои ја зафатија земјата (здраствена, економска, енергетска, безбедносна), власта забега и сака да ги спречи протестите, како и да ги контролира медиумите за да ја замолкне јавноста .

До каде е забегана оваа власт покажа и примерот со министерот за надворешни работи Бујар Османи кој отворено забрани да се зборува за историски личности и Гоце Делчев. Тој истакна дека „јавноста и општеството не смеат да расправаат за историските личности и нивното значење, меѓу кои е Гоце Делчев, туку тоа може да го расправа само Комисијата (историска)“. А претседателот на Комисијата пак тврди дека Бугарија не била фашистичка, земјата која пред Втората светска војна го донесе Законот за заштита на државата врз кој Евреите од Македонија и Тракија ги однесе во логорите на смртта, при што им го украде нивниот имот. Не е познато во јавноста дали се вратени тие средства, но само македонските Евреи побаруваат повеќе од десетици милиони  долари оштета (над 60 мил.!) 

Од друга страна, министерот кој му одговара само на Али Ахмети, како припадник на албанската заедница, си дозволува не само да распродава туѓа историја, туку и да го замолкнува македонскиот народ кој бурно реагираше на неговото однесување. Изгледа како да владее ДУИ, а не СДСМ, како малцинството да владее над мнозинството и тоа решава што ќе биде со земјата.   

Оттука, тој заборави дека е таму да ги брани интересите на македонскиот народ, а не да го замолкнува. Тој е повикан да знае дека никој не смее да го негира македонското име, македонскиот идентитет, јазик и култура.

Исто треба да знае дека: „да се биде Македонец е света работа, а дури потоа проклетство и немир. Ние не сме Македонци само затоа што зборуване и само затоа што пишуваме на македонски, ние сме Македонци само затоа што пееме и само затоа што играме на македонски, Македонци сме најмногу затоа што сме страдале и затоа што треба да се обединиме на македонски!“

(П.М. Андреевски)

Но бидејќи оваа власт не знаае како треба да се чуваат национални интереси и кога нивните интереси се над националните, тогаш треба таа што побргу да си замине од власта. Народот мора да се обедини „по македонски“ и да ги протера „по македонски“ сите оние страни слуги кои ја распродаваат земјата.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.