Среда, 16 Февруари 2022   
Свекрва : Ах тие пари, пусти пари!

1

Украинската криза како последица на глобализацијата и обидот на западните моќници да дојдат до руските резерви, до пари и моќ, го тресе светот. Стравот од нова војна која може да го запали светот, како и од нови поделби на сфери на влијанија и промени на границите, е реален. Сето тоа има рефлексии на Балканот, особено во државите кои се на т.н. линија на огнот: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија.

Повторно почнаа да се сонуваат соништа за создавање на големи држави.

Србите во Република Српска не се чуствуваат комотно во БиХ и погледот им е свртен кон Белград, Албанците не сакаат независно Косово, туку спојување со Албанија, а од Софија која го негира постењето на Македонците, веќе пристигаат предлози Бугарија и Македонија да формираат федерација.

Македонија долго време е изложена на притисок од надвор и внатре, а ЕУ ја пропушти шансата да биде фактор на стабилност на Балканот. И додека власта предводена од СДС бара излез преку Бугарија, ДУИ се врти кон Тирана и Приштина. Со оглед дека земјата функционира како бинационална, како и состојбите по „линијата на огнот“ можни се во иднина големи турболенции на Балканот, а неминовна е нова Јалта на која ќе се дефинираат сферите на влијание помеѓу САД и Русија.

За да се спречи руското влијание преку Србија на Балканот, Западот како брана ги подготвува Косово и членките на НАТО Албанија, Црна Гора Македонија и Бугарија. Со оглед дека постои резерва кон поедини православни народи, Западот користи инсталирање на марионетска власт и парични средства за да ја купи нивната лојалност.

Класичен пример имавме во 2019 година кога се изгласаа уставните измени за промена на името од Република Македонија во Северна Македонија.

Кога никој од народот не сакаше и не се надеваше дека ќе помине промената на името, осум члена на Собранието од опозицијата, покрај заканите, благо речено беа „купени“ од власта (односно од западот), овозможувајќи го потребното мнозинство за промена на името. Денес се подготвува истата стратегија, со закани и „купување“ на членови на опозицијата, де се спроведе договорот за пријателство со Бугарија и нивните барања, со кој е загрозен идентитетот на македонскиот народ.

Ах тие пари, пусти пари!

Очигледно е дека парите играат голема улога и во обидите на нашите преставници да ја ревидираат историската вистина. Како и за време на пропагандите од 19 век во игра се големи пари за да се ревидира историјата, меѓудругото да се избрише дека за време на Втората светска војна Бугарија била дел од Оската Рим–Берлин–Токио и фашистички окупатор во земјата. Парите треба да напишат дека тие биле администратори, а Гоце Делчев, апологетот на македонската револуционерна борба, треба да се престави како Бугарин.

А поедини македонски преставници, како и во минатото, во зависност од каде доаѓаат парите, така ја менуваат капата. Најголемиот број во Собранието имаат таква љубов кон парите, што речиси сите здушно, освен 16 пратеници го одбија предлогот за укинување на апанажата на јавни функционери. 

Познавајќи дека парите вртат таму каде бургијата не може, спонзорушите во власта ако треба уште повеќе ќе ја заострат кризата (енергетска) и потоа партиципирајќи со народни пари, зголемувајќи ги пензиите и платите, ќе се јават како заштитници и спасители. И додека голем дел од пензионерите гледа како да преживеат со 10.500 денари, како да ги платат режиските трошоци, лекови и храна, додека не му ја зголемат пензијата за некој минимум, а работникот со ветената најниска плата од 18.000 денари на 1 април, едноставно никој веќе не ни разнислува на распродажбата на идентитетот, јазикот и историјата на македонскиот народ.

Неодамна, во периодот кога македонските преставници коленичеа во Софија, повеќе министри од власта престојуваа во Приштина, во земјата се случувала вистинска драма во подрачните единици на министерството за одбрана во Југозападна Македонија. Од министерството за политички систем и односи на заедниците на Артан Груби беа испратени луѓе кои без соодветен сертификат (или сертификат за службена тајна) барале класифицирани информации (на ниво државна тајна). Наводно, тие барале одговори зоошто не се користи двојазичноста во овие подрачни единици, но и за „застапеноста од 20 проценти на Албанците во Армијата на Република Македонија“. Некој треба да се запраша зошто некој ги бара овие списоци, особено во овие турбелентни времиња.

Всушност темелите на македонската држава се нарушени прво со Рамковниот договор, потоа со договорот на Зоран Заев со Грција. Ако пак се продолжи вака и со Бугарија македонскиот народ ќе ја изгуби државата. Затоа оваа коалициона власт предводена од СДС и ДУИ, каде главен збор имаат преставниците на ДУИ, мора да си заминат од власта. Мора да има нови избори и власта да ја превземе опозицијата за да ја зачуваме државата и достоинството на македонскиот народ и останатите заедници во земјата.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.