Среда, 23 Февруари 2022   
Македонска нација Како се создавани Бугари во Македонија

doom Македонска нација 

Како се создавани Бугари во Македонија

По укинувањето на Трновската патријаршија во 1393 г. и Пеќската патријаршија во 1766 г., Охридската архиепископија беше последниот духовен бастион на славјаните на Балканот. Меѓутоа, во 1787 г. со султанско ираде била укината и Охридската архиепископија, а нејзините епархии биле припоени кон Цариградската епархија. Со нејзиното укинување и бил нанесен тежок удар не само на македонскиот народ, туку и на останатите славјански народи, кои преку Цариградската патријаршија беа изложени на ширење на грчкиот јазик и влијание на Балканот.

Во 19 век започнува борба на славјанските народи против грчките свештеници на Вселенската патријаршија, за враќање на црковнославјанскиот јазик во богослужбите и за возобновување на своите цркви.  Оваа борба резултирала со создавање на Бугарската егзархија во 1870 година, а пак по пат децении од прогласувањето на автономна Белградска митрополија во 1832 година, била добиена од Цариград и автомомија во 1879 година во рамките на кнежеството Србија.

Меѓутоа и покрај барањата на македонските свештеници и народот, Охридската архиепископија не била возобновена. Тоа ќе им овозможи простор на пропагандите на Српската православна црква и Бугарската егзархија да се шират во епархиите на поранешната Охридска архиепископија притоа присвојувајќи го и преставувајќи го македонскиот народ како свој. Поради ширење на Егзархиата надвор од етничките граници на Бугарија, Вселенската патријаршија свикала црковнонароден собор во Цариград и ја прогласила Егзархијата за шизматичка во 1872  година. Под шизма Бугарската црква ќе остане до 1953 година.

Но тоа не ја спречило Егзархијата да се шири во Македонија, истиснувајќи го грчкото влијание врз населението. По подобрување на односите на Бугарите со Османлиите, во 1877 година, на чело на Егзархијата доаѓа егзархот Јосиф(1840 - 1915), еден од главните преставници на бугарската пропаганда во Македонија и во последната деценија на 19 век биле поставени нови владици во Охриската, Скопската, Велешката, Пелагониската, Струмичката, Дебарско-кичевската и Неврокопската епархија.       

Српската пропаганда која ги има истите претензии, особено е активна по Илинденското востание во 1903 година и успева да го придобије населението во  повеќе села во северниот дел на земјата. За оваа Бугарско-српска црковна борба за индоктринација на македонскиот народ, се дадени големи средства од Белград и Софија за што говорат многу документи.  Иако денес тие се користат од соседите за докажување на некакви други корени на Македонците, сепак тие се доказ како истите вршела асимилацијата на македонскиот народ.

Всушност за Вугарската пропаганда Македонците биле Бугари, а пак за Српската тие биле Срби од Стара Србија. Тоа може да се види од презентираната коресподенција на бугарскиот егзарх Јосиф со скопскиот митрополит Неофит, објавена по Балканските војни (1912 - 1913) и поделбата на Македонија. Од ова писмо се добива востинска слика како пропагандите се обидуваат да го менуваат етничкиот карактер на Македонија.

Во контекст на денешните барања на Софија Македонците да ги признаат своите бугарски корени со оглед на документите каде нашите претци биле запишани во книгите на Егзархијата како Бугари, еве што пишува белградска „Политика“. Во овој весник од 28 декември 1913 година е објавен текст, во која е презентирано писмото на ехзархот Јосиф до тогашниот скопски митрополит Неофит, од кое се гледа „како се создавани Бугари во Стара Србија“, односно како Македонците биле запишувани како Бугари. Еве пто пишува белградскиот весник во статијата под наслов „Бугарски искрености“:

„Во неделниот часопис „Новое Звено“, политичко-економски сесловенски преглед, кој од 14 овој месец почна да доаѓа во Петроград, под редакција на А. Н. Брјанчанинов, објави верен превод и едно писмо од 1912 година од бугарскиот егзарх Јосиф до поранешниот скопски митрополит Неофит.

Од овој документ може убаво да видат и оние кои до сега не можеа или не сакаа да видат, според зборовите на истиот часопис, „како е ризично да се верува на белешките во егзархиските книги и како длабоко лажат оние кои безапелавионо тврдеа и тврдат (Миљуков и др.) дека сите оние кои се запишани во егзархиските книги се безусловно само Бугари.

БУГАРСКА ЕГЗАРХИЈА

Бр. 5600

10 мај 1912 (Доверливо)

Цариград  

Њ. Високопреосвештенство скопски митрополит г. Неофит во Скопје

Новата состојба во Козјак, за која ми јавивте во доверливото писмо од 30 април Бр. 2254 заслужува секое внимание, пресретливост и такт од страна на Скопската митрополија. Во таа деликатна задача Егзархијата е готова да и даде на Митрополијата секаква поддржка и ќе и даде, за таа цел, на располагање сите неопходно потребни материјални средства.

Бидејќи настана погоден момент за да во крилото на родното духовно началство се вратат оние 34 села во Козјак, кои во 1903 година преминаа во српската пропаганда, гледајте да ги искористите сите моменти и сите фактори само да ги постигнете посакуваните резултати за нашите црковни цели.

Власта која ја има кол-аси (капетан – н.з.) Адил - ефендија е доволна. Поради тоа превземете ги не само мерките за да селаните на споменатите 34 села изјават дека припаѓаат на бугарската народност туку да ги уверите и за тоа, дека ако се откажат од српската пропаганда и се запишат во егзархиското паство во иднина никој нема да им прави никакви пакости туку дека државните органи ќе им дадат секаква правна заштитат. Не заворавете покрај ова, во  нивните пасоши да направите промена за нивната народност.

Во исто време, погрижете се да покрај Адил-ефендијевата поддржка да обезбедите и помош на другите државни органи, заради подобар успех на преземеното дело како сега така и во иднина.

Егзархијатот засега ви испраќа 100 лири. Ваше Високопреосвештенство – ќе пристапите кон остварување на назначените цели и ќе не известувате како за развој на делото така и за потребите.

28.12.1913-1

Ви се препорачувам на Вашите св. молитви и останувам Ваше В. брат во Христа, егзарх бугарски Јосиф.“

(Политика, 28.12.1913, стр. 1)

Инаку митрополитот Неофит (Наум Паскалев, 1870 - 1936), кој по потекло е од Охрид, рано останал сирак и го школува бугарската егзархија. Задоен како Бугарин, тој во 1907 година, со одлука на Светиот Егзархиски Синод, бил издигнат во чин архимандрит. На 7 декември 1908 година бил ракоположен за епископ со титула Брегалнички и бил поставен за викарен епископ на митрополитот на Скопската епархија Синесиј. На 20 јуни 1910 година, епископот Неофит Брегалнички бил канонски ракоположен за митрополит скопски. Меѓутоа тој не бил одобрен од Македонската револуционерната организација, бидејќи извршувал само наредби на Егзархијата. Поради овој избор, во април Христо Татарчев се сретнал со егзархот Јосиф, од кого добиле објаснување дека тоа бил единствениот соодветен кандидат. Во Скопје митрополитот Неофит бил активен против српската пропаганда, но по Втората балканска војна кога Вардарскиот дел на Македонија и припаднал на Србија и во составот на Белградската митрополија влегле Скопската, Велешко-дебарската и Призренската, тој бил уапсен од Србите и притеран во Бугарија. Со доаѓањето на Србите сега во книгите на Српската црква Македонците биле запишувани како Срби, а нивние имиња менувани. Истото се случувало кога се менувала власта во Македонија, за време на двете светски војни и меѓу нив. Така Македонците добивале различни изводи, во кои биле час Срби, час Бугари и т.н. Но ниту еден обид за асимилација на македонскиот народ не успеал.

Иако македонскиот народ бил изложен на силни притисоци и страдања, сепак никој не успеал во минатото да ги асимилира Македонците. За жал и денес како и во минатото, во земјата постојат внатрешни сили кои продолжуваат со истата пропаганда од 19 и почетокот на 20 век. Но како и тогаш така и денес, овие сили ќе бидат поразени.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.