Среда, 23 Февруари 2022   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 158

1martin1

ЏАМБАСКИ СО "ХАЈЛ ХИТЛЕР" ОТПОЗДРАВИ СРЕДЕ ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

1. На   меѓународната безбедносна конференција што неделава се одржа во Минхен, Македонија беше претставена на мошне високо ниво. Владината делегација ја предводеше премиерот Димитар Ковачевски, а таму беше и претседателот на државата Стево Пендаровски. Фалеше само Талат Џафери, претседателот на Собранието, па целото државно раководство да биде комплет претставено на настанот во Минхен.

   Судејки по прикажаното - Kовачески се обрати на конференцијата, а МНР Османи говореше на посебен форум, македонска прва виолина на настанот во Минхен сепак беше премиерот Kовачески. Следствено, се поставува прашањето што бараше Стево Пендаровски таму? Во меѓународната пракса не е познато дека премиер и претседател на држава истовремено присуствуваат на ист настан! Осем тоа, Стевовата делегација броеше најмалку шест лица: тој (не ми е познато дали ја носеше и сопругата му), најмалку двајца обезбедување, најмалку двајца советници и најверојатно службен фотограф за да остави траг за историјата, дека и Стево бил таму. Не знам дали Стево бил поканет на конференцијата - најверојатно бил, но сепак можеле да се искоординираат со Ковачевски кој да оди, односно кој би бил погoленмиот ефект дали да оди премиерот или претседателот!? За двајцата истовремено секако нема оправдување, Впрочем и Албанија и Бугарија на конференцијата беа претставени од нивните премиери, а ние - небаре сме Швајцарија (дури и швајцарците штедат) па отидовме со две делегации. А трошпците? Помножите колку чинат шест авионски карти, шест соби за по најмалку три ноќевања, исто толку дневници и попатни трошоци. Водиш ли сметка за овие работи Стево или суетата ти налагаше по секоја цена да бидеш присутен и виден на настанот во Минхен? Очигледно не е во прашање само суета туку и комплекси што се лечат на сметка на македонските граѓани!

2. Владеењето на правото е тема којашто постојано ни се наметнува како главен предуслов за почеток на разговорите за членство во ЕУ. И со право! Македонија ја зацврсти својата позиција меѓу челните земји на бројни листи според корупцијата и невладеењето на правото.

    Во мојот прилог Цртички....бр. 156 пишував за  конкретен пример за невладеењето на правото во нашата земја. Конкретно за нестатурарната смена на легитимно избраниот претседател на Соузот на синдикатите на Македонија и нелегитимното поставување на негова позиција со решение на министер со  што брутално е нарушена автономијата на синдикатите на Македонија.

   Очекував дека македонското "истражувачко новинарство" ќе се инспирира(!) од овој скандал и ќе истражува за околностите под кои се случил, но од новинарите - молк.

   Па еве, одлучив да им помогнам на неистражувачките новинари со конкретни информации за конечно да се позанимаваат со оваа тема:

   1. Последниот редовен и легитимен 19 конгрес на ССМ е одржан во мај 2015 на кој  е д н о г л а с н о  е избран за претседател д-р Живко Митревски;

   2. Mинистерката во техничката влада Фросина Ременски со решение бр 08 819/2 oд 14.11.2016 го менува легитимно избраниот претседател Митревски на кафански ручек, на лист хартија без печат и потпис...

   3. Тринаесет од вкупно 17 синдикати во писмена форма укажуваат дека не ја признаваат оваа смена!

   4. Според законот за владата вака донесениот документ е ништавен;

   5. Светската и Европската федерација на синдикатите на 23.11.2016 со писмо бараат поништување на решението на Ременски и устоличувањето на негово место на Дарко Димовски,

   6. Министерот Ибрахим Ибрахими со писмо до Централниот регистер бара да се  брише Димовски и го поништува решението на Фросина Ременски  за смена на Митревски!

   7. Во управна постапка легитимниот претседател д-р Живко Митревски добива две пресуди во негова корист и тоа У-5 бр1773/2017 од 04.04.2019 и на Вишиот  Управен суд УЖ-3 бр 1114/2019 од 18.06.2020.

   8. Иако согласно чл 13 и чл 87 од Законот за управни спорови правосилните пресуди се задолжителни, Централниот Регистар не постапува по нив и не ја спроведува пресудата на Вишиот Управен суд која е конечна.

   Дали овие податоци се доволни "истражувачките новинари" да се позанимаваат со флагрантното кршење на слободата на организирање и автономијата на синдикатите - ќе видиме. А со несвикувањето на редовен конгрес (се доцни две години) даваме на бриселските бирократи дополнителен аргумент за невладеењето на правото во Република Македонија.

3. Неодамна американските власти им вратија на бугарскиот конзлат во Њујорк прекрасно сочуван антички шлем од четврти век пред нашата ера, откриен од диви копачи во Бугарија и прошверцуван во САД. По доказната постапка дека навистина се работи за илегално продаден антички шлем на црниот пазар на антиквитети, американците го одзеле и одлучиле да го вратат за земјата каде бил најден.

   Овој случај по кој знае кој пат го актуелизира проблемот со (не)враќањето на светскиот раритет познат како Кратерот од Коречница, кај Демир Капија, оценет како еден од десетте највредни артефакти во светот.. Имено, диви копачи во 1992 година откриле пребогата кралска гробница кај селото Коречница, меѓу останатото со извонредно редок бронзен сад, познат како Кратерот од Корешница. Кратерот, бил илегално изнесен од Македонија (Новинарката Мирка Велиновска своевремено во ФОКУС тврдеше дека тоа го сториле Бранко Црвенковски со тогашниот американски амбасадор Батлер), продаден е на аукција во Швајцарија за шест милиони долари и денес е во приватната колекција на богатото еврејско семејство Шелби-Вајт Леви во Њујорк. Новите газди изјавуваат дека се спремни да го ни вратат кратерот доколку Македонија понуди докази дека е најден кај нас, што е скоро невозможно бидејки за неговото пронаоѓање дивите копачи не оставиле никаква документација.

   Соевремено познатиот археолог Паско Кузман тврдеше дека работи на враќањето на кратерот од Корешница, но за сега од тоа нема ништо!

4. Бугарија не била фашистичка земја и фашистички окупатор на две третини од Македонија. Рака тврди званичната бугарска историографија, а така е запишано и во бугарските учебници.

   Арно ама таквите учења и ставови ги демантираше на многу театрален начин токму Бугарин, и тоа членот на Европскиот Парламент Ангел Џамбаски. Именуваниот напуштајки седница на ЕП отпоздравил со подигната десна рака во стилот "Хајл Хитлер". Значи, не станува збор за непријателска пропаганда на Скопје, како што не ретко тврдат во Бугарија, туку очигледна манифестација на чувствата на новиот претседател на бугарската партија ВМРО-СМС Досегашниот претседател на таа партија Красимир Каракачанов - за кого поранешниот државен секретар во МВР Слободан Богоевски потврди дека  кога студирал во Скопје бил врбуван од македонската УДБА, поднесе оставка по поразот на последните парламентарни избори во Бугарија.

Ете, драги мои, со кого си имаме работа и кои снаги ги кочат нашите евроинтеграции!?

9123123

На сликата: Европратеникот Ангел Џамбаски поздравува во стилот "Хајл Хитлер"

M-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.