|
|
Свекрва : По доаѓањето на коалицијата СДС и ДУИ на власт во 2017 година, Македонија е видоизменета |
Свекрва По три децении од осамостојувањето на Македонија, земјата која беше признаена со уставното име од преку 130 земји членки на ОН, стана непрепознатлива. Во последните пет години од владеењето на СДСМ и ДУИ, спротивно на вољата на мнозинскиот македонски народ, се промени уставното име, земјата стана двојазична и членка на НАТО но повеќе не е истата суверена земја на македонскиот народ и останатите заедници кои живееат во неа. Со неа сега владее ДУИ, СДС слугува, а народот неможејќи да ги остварат своите права, да го сочува своето име, идентитет, јазикот, право на работа, масовно ја напушта сопствената земја. Во Владата на премиерот Димитар Ковачевски од вкупно 21 министер, речиси половината се од ДУИ. Тие раководат со клучни ресори како Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии, Министерство за економија, Министерство за здравство, Министерство за информатичко општество и администрација и други, со што се овозможува масовни партиски вработувања. Наводно се се прави за праведна застапеност во институциите и органите на државата, меѓутоа се заборава дека другите се запоставуваат. Ако се има во предвид вработувањето по клуч, Албанците во многу институции и организации далеку го надминуваат предвидениот процент според нивната застапеност во земјата. По доаѓањето на коалицијата СДС и ДУИ на власт во 2017 година, Македонија е видоизменета. Се промени името на земјата со Преспанскиот договор, со прифаќањето на Тиранската платформа и донесувањето на Законот за употреба на јазиците стана двојазична, а допрва ќе се видоизменува со договорот за добрососедство со Бугарија, со кој македонскиот народ е доведен во состојба целосно да го изгуби името, јазикот и индентитетот. Имено, за да ја превземе и остане на власт, СДС му ги „одзеде“ правата на мнозинскиот македонски народ и му даде преголемо право на едно малцинство, запоставувајќи ги притоа другите етнички заедници. Едноставно му го смени личниот опис на македонската држава, a Македонците останаа без права во својата земја! Отука тие мора да се пишуваат за Бугари, Грци или нешто друго за да можат да заминат и најдат егзистенција во Европа. Со секое именување на преставници на албанските партии на чело на институциите и органите на државата значи, ако дотогаш не е сменето, менување на таблата на институцијата од двојазнична во тројазична (македонски, албански и англиски), со поставување на албанско и американско знаме на чело во канцеларијата (македонско може и не мора да го има), како и промена на систематизацијата со поставување на кадар на ДУИ на позиции без разлика на нивниот степен на образование, квалитетот и подготвеност да одговорат на задачите. Ако влезете во институциите и органите на земјата, во јавните претпријатија, како да сте во некоја друга земја. Се гледаат наслови на вториот службен јазик, се гледаат знамиња на друга држава, се добиваат двојазични решенија. Државата наликува како поранешната автономна покраина Косово, која по интервенцијата на НАТО во 1999 година се отцепи од СР Југославија и потоа беше призната и од Македонија. Ваков впечаток може да добиете ако гледате и вести од Македонија. Ако преставник на власта дава изјава (албанските министри ги даваат на албански јазик), обично во позадината стои тројазично име на соодветниот орган на власта, на кое може да се прочита само името на албански или евентуално и на англиски јазик, но тешко и на македонски бидејќи тој наслов на македонски кој прв и обично е над главата и надвор од видокругот на камерата. Така странците добиваат впечаток дека не се наоѓаат во Македонија. Ако некој се пожали на неправилностите на кадрите на ДУИ, тогаш најчесто од преставници на СДС во власта се добива одговор дека неможат ништо да направат. Чуството на обесправеност кај неалбански заедници, особено кај македонскиот народ доаѓаат и однесувањето на највисоките челници на ДУИ и СДС. Сепак незадоволство од политиките на коалициона власт, чуствуваат и голем дел од албанското население. Особено се незадоволни од политиката на корупираната власт која за да опстане знае да заигра на националната карта, Така не се ретки ни заканите по безбедноста на земјата. Сите овие нешта создаваат недоверба кон оваа коалициона власт, посебно кон министерот за надворешни работи Бујар Османи кој ги води преговорите со Софија. Кога се во прашање чуствителни работи како името, јазикот и идентитетот на македонскиот народ, не може овој министер рационално да размислува за македонското прашање бидејќи неговиот и погледот на ДУИ е свртен кон Тирана и Приштина. Иако досега постои принципиелниот однос на Албанците кон македонското прашање, не треба да се заборави фактот дека едноставно приорит на ДУИ е да го откочат ветото на Софија за да Албанија која е во пакет со Македонија што побргу ги започне преговорите за членство во ЕУ. Во тој контекст, тие заедно со марионетската власт на СДС лесно можат да ги пречекорат црвените линии донесени од македонското Собрание. Имено, по воената агресија на Русија врз Украина, постои голем притисок врз Скопје и Софија за изнаоѓање на решение за да започне приемот на Македонија и Албанија во ЕУ. Со оглед дека Бугарија има ист став како Русија кон Украина – две држави ист народ – не се очекува договор во кој ќе бидат почитувани македонските црвени лчиниии. Дека се очекува преговорите да бидат на штета на македонскиот народ говори фалтот што од страна на владеачките партии дека се говори дека за ова прашање не треба да се праша македонскиот народ на референдум туку треба да се одлучи во Собрание. А како се планира тоа да се изведе со оглед дека за тоа им треба двотретинско мнозинство е големо прашање, допрва ќе видиме. Веројатно се очекува да се купат нови пратеници од опозицијата. Поради ова македонскиот народ мора да се избори за своите права кои ги изгуби и кои уште повеќе ќе ги нема при секој нов чекор на власта. Самиот е виновен што дозволи оваа власт од СДС и ДУИ да ги изманипулира, зголемувајќи ги последиците од кризите кои го зафатија светот, ставајќи ги личните интереси, пред националните. Војната која Русија и Украина ја избраа не е добра опција, но Македонецот мора да најде други опции за да се избори за своите права во соствена држава и да не ги напушта своите огништа. Мора пре се да се тргне оваа ненародна власт, која не е спосбна да се справи со било каква криза, а потоа едно по едно да се вратат сите одземени атрибути на ова општество. |