|
|
ВОЈНАТА ШТО МОЖЕШЕ И МОРАШЕ ДА СЕ ИЗБЕГНЕ |
(Цртички и отровни стрелички - 162) 1. Наближува скоро еден месец од како започна воената интервенција, поточно воена агресија на Русија врз соседна Украина. Светот е вчудоневиден од жестокоста на нападите на руската војска што доведе до невидени и незамисливи разурнувања на Украина, но и ужаси и страдања на украинскиот народ којшто масовно - во милиони, бара спас и засолниште во соседните земји. Бројот на внатрешно раселени лица во земјата, исто така се брои на десетици милиони. Но сите се прашуваме: ЗОШТО? И дали можеше да се избегне овој пекол сега, во 21от век? Сметам дека не само што можеше, туку и мораше да се избегне бидејки е нападната независна држава, членка на Обединетите наци, најголема по површина во Европа по европскиот дел на Русија, земја со 44 милиони население. Мотивите, или објаснувањата на агресорот - Русија, се познати на јавноста: oд заштитата на руско-говорното население во отцепениот регион Домбас, можните планови на Русија да биде доминантна сила во регионот на Црното море, но најчесто споменуван како повод е настојувањето на Украина да постане членка воениот пакт НАТО на што Русија гледа како опасна закана за својата безбедност!? НАТО секако е инволвиран во случувањата во Украина но главно преку доставување на воена и хуманитарна помош и до сега невидени економски и секакви други блокади на Русија. Истовремено, Алијансата многу внимателно води сметка да не предизвика воен судир НАТО-Русија, што може да е повод за судир од несогледливи размери, па дури и употреба на нуклеарно оружје што неминовно води кон трета светска војна. Иако е далеку од здравиот разум, но таа можност не се исклучува. Ќе се осврнам во оваа прилика на улогата на НАТО во актуелниот конфликт со војната во Украина. Неминовно за почетокот се наметнува договорот Реган-Горбачов, и подоцна Буш постариот-Горбачов за распушање на Варшавскиот и НАТО пактот. Русија го испочитува тој договор, но Западот не само што не ја расформира Алијансата, туку и ја зајакна со нови членки! од поранешниот Варшавски пакт. НАТО долго време трагаше по нов идентитет и оправдување за своето постоење. Мотивот за формирањето на Алијансата 1949 година беше агресивното настојување на Сталин да го наметнува комунизмот како идеологија во од војната разурнатата Европа, но по распуштањетпо на Варшавскиот пакт и падот на комунизмот, тој мотив едноставно повеќе не постоеше. НАТО како алтернативен мотив и оправдување за својот опстанок гледаше во борбата против тероризмот, но со тек на време се повеќе се ориентираше во антагонизирање на релациите со Русија. НАТО Алијансата на почетокот од 21от век усвои доктрина која предвидувше формирање на "ѕид" према Русија од земји-членки од крајниот север до југот на Европа и во голема мерка во тоа успеа. Им преостана уште да ја вклучат во членство БиХ и евентуално Србија за "ѕидот" да се комплетира, но тоа очигледно ќе биде тешко (барем засега) остварливо заради инсистирањето на Белград на својата неутралност. Приемот на БиХ е исто така проблематичен заради одбивниот став на Република Српска кон НАТО и големата подршка што и ја дава Руската федерација. Каде е Украина во овие замешателства? Украина од стекнувањето на независноста 1990 година јавно најави своја заинтересираност за членство во ЕУ и НАТО. Но Алиансата ја прифати Украина како земја-партнер (Украина учествуваше и во мсијата на НАТО - ИСАФ во Авганистан), но не и како кандидат за членство. Таквиот став во меѓувреме се промени и со одредени изјави и потези НАТО ги охрабруваше Грузија и Украина за евентуално членство. Таквите сигнали придонесоа за јакнење до агресивност на про-НАТО структурите во двете земји од една, но и Руското нетрпение кон нив од друга страна. Дојде и до воена интервенција во Грузија при што земјата изгуби голем дел од својтата територија, а слична судбина се наѕира и со Украина. Русија има категоричен став: не го сака НАТО на своите граници од безбедносни причини и не е спремна да прави отстапки од тој став! Впрочем, ни САД не ги сакаат руските ракети во нивна непосредна близина (се сеќаваме на Кубанската ракетна криза во шеесеттите години од минатиот век) и тие ставови мислем дека треба да се почитуваат за да не излезат работите од контрола. На почетокот од овој век, кога односите меѓу двете страни беа порелаксирани, во НАТО постоеше таканаречен НАТО-Русија Совет (NATO-Russia Council) специјано формиран како форум за дискусија на прашања од взаемен интерес на двете страни. Русија имаше и свој амбасадор во НАТО (во времето на моето амбасадорување во Алијансата руски амбасадор беше Димитриј Рогозин, поранешен потпретседател на руската влада и актуелен генерален директор на Роскосмос). Во меѓувреме тој совет беше укинат (не ми е познато од кои причини), а со тоа е ускратена можноста за непосредни контакти и дискусија меѓу двете страни. И сега на што сме? Како да сопрат војната и непријателствата и што е прифатливо за спротивставените страни за прекин на огнот!? Сметам дека Украина треба да се откаже од настојувањата за полноправно членство во НАТО, а Алијансата да и понуди специјално партнерство со многубројни форми на соработка што нема да значат членство и на земјата нема да се однесува членот пет од Вашингтонската декларација. Доколку оваа формула се прифатеше пред ескалацијата на непријателствата што доведе и до воена интервенција, сметам дека Украина и украинскиот народ немаше да се соочат со руската агресија поради која ќе им треба многу десетлетија за обнова на разурнатата земја. 2. Од истокот ништо ново! Иако од Харвардскиот кадар Кирил Петков, актуелен премиер на Бугарија, се очекуваше покосмополитски пристап (па после толку години престој на студии во САД белким нешто научил и попримил од американската демократија) за прекин на бугарската блокада за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, тој сега го условува со "гаранции за споменување на бугарите во Уставот на РМ". Ова Петков го изјавил за влијателниот грчки весник Катимерини. Според него, "Бугарија дава подршка за европската перспектива на Македонија но било потребно прво да се решат одредени прашања, како што е почитување на правата на бугарите во Македонија со гаранции во Уставот"!? Бугарин си е Бугарин и не помага ни Харвард ни ѓавол за тој да си го промени табиетот и менталитетот! Па каде се чуло и видело на планетава земја една земја да го уценува својот сосед со условување за промена на нејзиниот устав како претпоставка за отстранување на блокадите што ги кочат перспективите и напредокот на земјата-сосед? Можете ли, Мистер Харвард, конечно да еволуирате во своите погледи и постапки и да се однесувате како цивилизирани луѓе??? Научете конечно нешто од скандинавците како тие меѓусебно им приоѓаат и ги надминуваат проблемите, доколку ги има!!! Со кое право барате Македонија да го промени својот Утав заради ваш ќеф, а не почитувате дури 16 пресуди на Меѓународниот суд на правдата во корист на македонците во Пиринска Македонија??? Впрочем, да почекаме да се објават податоците од минатогодишниот попис на населението па да видиме колку бугари има во Македонија. Па кај нас има етнички заедници што се декларираат како египјани, и други и што треба сега според вас - да го дополнуваме Уставот според ваш ќеф!? Факт е дека многу македонци зедоа бугарски пасоши, но исклучиво заради економски причини, т.е. за да можат слободно да работат во земјите на ЕУ. Но, би ве запрашал Господине Харвард, колку од нив излегоа да гласаат на последните парламентарни избори во Бугарија! Дали ви треба поконкретен доказ како се чуствуваат македонците со бугарски пасоши? За жал, повеќе од јасно е дека ваквото однесување на Бугарија кон нас не ќе да е без подршка на лицемерната ЕУ, односно поедини нејзини членки. Тоа категорички го тврдам и немам никаков сомнеж дека е така. 3. Копретседавачот на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања Ангел Димитров во колумна истресе колосална глупост и остана жив. Според него "Македонија во ЕУ ќе биде „Тројански коњ на Русија“. Господинот Димитров, очигледно покрај повеќето звања и титули што ги имате (дипломат, историчар, преговарач...) се окитивте и со уште една - пропагатор на антимакедонската хистерија во Бугарија! Па Ангеле (според однесувањето не го ни заслужувате да го носите тоа име бидејки ангел е синоним на нешто убаво и благородно), како историчар би требало да знаете дека Тројански коњ на Русија е Бугарија, а не ние во Македонија. Русите два пати ви направија држава, а сите испитувања на јавното мислење во вашата земја покажуваат дека расположението на граѓаните во сегашниот Руско-Украински конфликт е на страната на Русија. Колку ваши генерали откажаа послушност на директивите од НАТО заради папчаната врска на Бугарија со Русија? А би ве запрашал Ангеле, дали ова што го пишувате не е ваш личен придонес кон говорот на омраза, за што континуирано не оптужувате нас, во Македонија!? Дали очигледно давате свој личен придонес кон антимакедонската хистерија што преовладува во Бугарија, особено во вашите медиуми? Патетичен сте г-дин Димитров, и вашата клевета не може да помине, особено не во пошироката меѓународна (кому што и беше наменет вашиот прилог) јавност! Зачудува единствено што македонското МНР не реагира на вакви подметнувања во форма на авторски писанија зад коишто сосема очигледно се презентираат бугарските официјални шовинистички и фашизоидни ставови и нетрпение кон нашата земја. Некој спомена добрососедство? Па гледаме како тоа во пракса го манифестира земја која вон сите критериуми е членка на ЕУ! М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор |