|
|
КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Асанж Ве бара на втората линија господине Бајден |
Страшо АНГЕЛОВСКИЏулијан Пол Асанж е австралиски новинар и семрежен активист, најпознат по неговата работа на мрежното место Викиликс кое го основал во 2006 година. Од тогаш на Викиликс има објавено стотици документи во кои, спротивно на официјалните тврдења на американската администрација, ги разобличува војните во Ирак и Авганистан. Прогонуван од американската администрација, на 16 август 2012 година добива азил во амбасадата на Еквадор во Лондон, за да, штом на 11 април 2019 година, Еквадор му го укинува азилот, тој е уапсен од британската полиција. Со страшно влошено здравје, Асанж повеќе од две години се наоѓа во лондонскиот затвор Белмарш, каде очекува да биде екстрадиран во САД. Таму, според гарантираната слобода на говор, заради објавените вистини, Асанж се соочува со затворска казна од 175 години. Од затворот, упорно, со месеци, се обидувал да стапи во телефонски разговор со претседателот на САД Џо Бајден, но заради презафатеност, телефонот постојано го префрлал на втората линија. Затоа, на 23 март, на денот на неговата венчавка во затворот, решил да го обелодени писмото испратено до американскиот претседател Бајден. Писмото во целост: “Почитуван претседателе, А сега,во неколку точки ќе ви напишам што сакам. 1. Најпрво да Ви посакам добро здравје бидејќи уште долго ќе му требате, како што самите велите, на слободниот свет за да го водите во битката против се’ поизразените недемократски режими. Само внимавајте на скалите на претседателскиот авион бидејќи се многу лизгави. Кога сме кај здравјето, сакам да верувам дека памтењето уште добро Ве служи. Па, се сеќавате ли на Белград? Оној Белград чие бомбардирање, според вашите горди зборови, сте го предложиле? Се сеќавате на малата Бојана, едно од стотиците деца кои тогаш загинаа, чија мајка, или, според Вас, родител два, се’ уште и после 23 години секое утро оди на нејзиниот гроб. И секое утро Ве преколнува (тоа е еден стар, архаичен, традиционален балкански обичај), но сега, слушам се подготвува да замине во соседната држава, во Македонија, па на нотар да го смени полот и да стане татко, или, родител еден. Е тогаш, може да стане опасно и за Вас и за Вашата демократија, па од клетви да премине на пцости. Како сте по дома? Како е син Ви Хантер? Предлагам да пие Билобил, зашто гледам почнал да заборава, па и лап топот го заборавил на сервис. Сосем доволно, оние, непријателите на демократијата да видат што се’ правел во Украина, нормално, како вистински син и со Ваша помош и притисок врз тамошните демократски власти. Не ќе е лошо да присоберете стотина милиони долари и да формирате некоја фондација за мир со неговото име, зашто како тргнал со биолошко оружје во украинските лаборатории, можеби еден ден ќе му затреба. И Нобел најпрво почна со динамит, нели? 2. Кога сме веќе кај Украина, јас сум убеден но сепак, Ве молам заземете се Зеленски секако годинава да го добие Оскарот за споредна машка улога, заради неговата веќе легендарна сцена со излитено ванелче со куси ракави среде украинската зима, каде ги кажува веќе култните зборови “дајте ни оружје, дајте ни уште оружје“. Или тоа беше Нобелова награда за мир, ќе ми простите, знам, беше едно од двете. 3. Се радувам што сте го укинале оној Достоевски, кој со секирата на Раскољников е инспирација за крвникот Путин, па и Толстој, кој со неговото дело “Војна“ е првиот геополитички стратег на Русија. Зашто народот не знае дека дури при американскиот превод на англиски јазик на насловот на книгата и беше додаден зборот “мир“, па сега сите ја знаат како “Војна и мир“. За да не ги мразат крвожедните Руси ширум светот заради десетиците, после книгата на Толстој, започнати војни – оние во Ирак, во Либија, во Виетнам, во Никарагва… И, доколку некој се осмели да рече дека тоа е недемократски, кажете му дека имате еднаков аршин за сите – дека го укинавте и “Петар Пан“ за да не се навредуваат индијанците што ги истребивте и ги сместивте во резервати, па и слончето Дамбо, за да не се навредат луѓето со црна боја на кожата со чии животи, како со животи на робови тргувавте. Тргувавте, ама не како оние недемократине со комунистички државно формирани цени на било што, туку со либерално наддавање на пазарот на живи робови. Најдемократски. 4. Најсреќен сум што успешно се справивте со најжестоките планетарни терористи – руските спортисти и им забранивте настапи насекаде. Па, можам само да замислам едно кревко руско девојче, три-четиринаесетгодишно, со руса коса и тело како самовила, облечено во светкаво фустанче, што настапи на олимпијадата во Пекинг во уметничко лизгање, како, обучено во камповите на КГБ, за секунда ви го сече вратот со острата лизгалка. Затоа, добро е што тероризмот го сосекувате во корен. Инаку, не стасав да гледам, како заврши во неделата трката во Формула 1, во Џеда, во Саудиска Арабија? Онаа Саудиска Арабија што пред неколку дена изврши нова воена агресија во веќе седумгодишната војна во Јемен. 5. Бидејќи имам многу слободно време во демократскава институција каде се наоѓам, читам, во некоја држава на Балканот, Македонија, некои терористи што се обиделе да го спречат Вашето малку погрубо инсталирање демократија добиле вкупна казна затвор повеќе од 220 години. Па, си велам, терористи беа или оперски певци, глумци и гајдаџии, кога јас самиот, во најдемократската држава на светот успеав да заработам 175 години. Ама пак, кој ми е виновен – или сум направил погрешен потег во вистинска држава, или вистински потег во погрешна држава. Па, си замислувам, да го сторев ова во Русија, или во Кина, досега седум Нобелови награди ќе добиев – за мир, за литература, за економија за… Дури можеби и еден Оскар како Зеленски. 6. И за крај. Поттикнат од она вирусот против кој се бориме веќе две години, оној де, што Вашиот син Хантер го создал додека јадел лилјаци во Украина ( ќе ми простите можеби пак измешав нешто), ќе Ве замолам да воведете задолжително миење раце барем 20 пати дневно. А, би Ве советувал и Вие лично да го практикувате тоа. Ќе ме прашате зошто? Ова го видов во една кланица каде се колеше крупен добиток. Вработените на секое само ги миеја рацете. Кога ги прашав зошто така, ми одговорија – ЗАШТО КРВТА БРЗО СЕ ЗАСУШУВА НА РАЦЕТЕ, СИНКО!!! Да живее демократска Америка |