Среда, 30 Март 2022   
ОМД: Реториката на Бугарија која никогаш не се промени
 

Изјавите на Бугарската влада заедно со сите свои претставници ја продолжи традицијата на етничко негирање на Македонскиот народ и Македонската историја надвор и внатре во својата територија. Изјавите на Претседателот Радев и Премиерот Петков и нивните соработници не покажуваат ништо повеќе од претензии за негирање на постоењето на Македонскиот народ и Македонската држава во целост.

Бугарија постојано наведува непотребни ултиматуми за давањето на зелено светло за пристапните преговори на Македонија кон Европската Унија иако е повеќе од свесна дека самата државност на Бугарија се разликува од Македонската и дека илјадници Македонци со потекло од сите делови на Македонија ја изградиле токму истата Бугарска држава. Сепак до денешен ден, таа реалност не е прифатена од државните претставници на Бугарската држава и е негирана и угнетувана со илјадници македонски жртви во Бугарија и во територијата на Македонија во текот на Втората Светска Војна и после неа. Поставените услови за прифаќање на Македонија кон пристапните преговори со Европската Унија се сосема контрадикторни на самата Бугарска политика што доаѓа до сериозно запрашување за одлуките и ставовите на самиот Бугарски политички врв. 

Ставот на македонските граѓани насекаде во светот е да нема прифаќање на лажните обвинувања и препреки кон патот на Европската Унија. Македонија како држава исполни премногу неприфатливи ултиматуми од страна на скоро сите членки на Европската Унија и времето ни покажува дека Македонија и не е толку посакувана во Унијата 

Македонците кои живеат, растат и делуваат во Бугарија, се лојални на државата во која живеат но истотака ги почитуваат своите корени и секогаш јасно се определуваат како Македонци. Македонците во Бугарија континуирано ги потсетуваат Бугарските власти за нивното постоење и угнетување од страна на Бугарската држава во историјата. Барањето на признавање на бугарско малцинство во Македонија од страна на Бугарските власти не би било соодветно без признавање и давањето на право за самоопределба на Македонското малцинство во Бугарија. Затоа, сите барања од страна на Бугарија мора да имаат реципроцитет. 

Македонија е независна држава. Како и сите останати држави има свои граѓани кои се родиле, живеат и делуваат во соседните држави или било кои други држави. Македонија и македонскиот народ во целина направија толку многу отстапки во блиското и далечно минато, да секоја понатамошна ќе доведе до дезинтеграција на македонската нација а со тоа и на македонската држава кое со сигурност ќе стане повод за голем регионален, а можеби и европски воен конфликт. Стабилноста на Балканот зависи од Македонија која е рамноправна со сите други држави на Балканот. 

1omd1

Обединета Македонска Дијаспора

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.