Среда, 06 Април 2022   
После две децении е извршен попис на населението во Македонија!

1 Свекрва

После две децении е извршен попис на населението во Македонија!

После две децении во Македонија е извршен попис на населението. Вкупно попишано население изнесува 2 097 319 лица, од кое нерезидентно е 260 606 лица. Од нив 54,21 % се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи. Инаку, само во Македонија живеат 1.836.713 жотели, од кои Македонци 58.44%, Албанци  24,3%, Турци 3,86%, Роми 2,63’, Срби 1,3’ Бошњаци 0,87’ и Власи 0,47’%. Со оглед дека пописот беше извршен за време кога во земјата владееше голем страв од заболување со Ковид 19 и многумина го бојкотираа пописот, добиените резултати од теренот и вкрстувањето на базите на податоци не ја дадоа правата слика за состојба во земјата, поради што речиси сите етнички заедници не го признаваат пописот, освен на коалиционите партнери СДСМ и ДУИ. 

Реакциите на Македонците, Турците, Ромите, Србите и Бошњаци покажаа дека овој попис е неуспешен, а бројките не се одраз на реалната слика во Македонија и во дијаспората, со што директорот на заводот за статистила Апостол Симовски не го положи испитот. Тој не успеа да спроведе реален попис кој навистина би и помогнал на државата да ја планира своја иднина. Напротив потрошени се многу средства за да се добијат нецелосни резултатите кои можат да доведат до погрешни проценки во планирањето и до затегнување на меѓуетничките односи. За ваквата состојба некои партиии се заканија со кривична пријава.

Инаку, од далеку се гледа дека ова беше политички, а не статистички попис, кој има една и единствена цел - да се задоволат барањата на Албанците дадени во Тиранската платформа. Односно да се оправда Законот за упореба на јазиците или употребата на албанскиот јазик и писмо, равноправно со службениот македонски на целата територија на државата. Секоја помала бројка од 20 % однапред носеше закана дека Албанците нема да го признаат пописот.

СДСМ која на власт дојде со помош на ДУИ поради прифаќање на Тиранската платформа, оцени дека пописот е направен по сите стандарди. Всушност пописот спроведен од СДСМ, му овозможи на лидерот на ДУИ Али Ахмети бројки за да веднаш побара промени во Уставот. Очигледно е дека СДСМ спроведува агенда од надвор според која Албанците треба да станат државотворен народ, додека Македонците треба суптилно да исчезнат од пописните листи, односно тој треба да се побугарчи.

Против ваквата режија станаа Македонците и сите други етнички заедници, па речиси да нема етничка партија која нема забелешки на пописот спроведен од СДСМ и ДУИ. Дури и нивниот помал коалиционен партнер веднаш по објавувањето ги оспори резултатите, особено бројките на Албанците. Имено, Павле Трајанов, лидер на Демократскиот Сојуз „смета дека Албанци ги има само 20 %, а како аргумент наведува дека 132.000 лица од вкупната бројка кои не се попишани, се Македонци, со што се овозможи Албанците да добијат на бројност во однос на Македонците“. Од друга страна, опозиционата партија Левица, одби да го признае пописот оценувајќи дека се „непопишани 300.000 државјани“, А за најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, пописот е некомплетен и како таков не дава целосна слика за популацијата.

Покрај Македонците и другите етнички заедници сметаат дека додека на конто на Албанците се додаваат бројки, нивното конто се намалува. Така, националното координативно тело на турскиот народ во земјава смета дека вистинскиот број на Турците е поголем од оној што го покажуваат пописните резултати. Исто така, незадоволство од бројноста на Бошњаците изрази и Бошњачкиот демократски сојуз, кој бара да се преиспитаат резултатите.

Покрај нив, резултатите од пописот не ги признаваат Демократската партија на Србите во Македонија и Српската заедница во Македонија. Исто така реагира и лидерот на партија од владината коалиција, поранешен министер за имплементација на Стратегијата за Роми и подбрување на состојбата на Ромите во Македонија Самка Ибраимовски. И тој како и Србите, сака да направи попис за да докаже дека има повеќе Роми во земјата. А преставникот на Еѓипјаните, искажувајќи го своето незадоволство од пописот пак вели дека „повеќе се собирале на свадби од бројката со која се прикажани на овој попис“.

Свое сомневање во резултатите од пописот на населението изрази и Синодот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (САС на МПЦ-ОА), Тие укажуваат на применетата методологија според која очигледно не се разликува припадност на религија (христијанство, ислам, јудаизам итн.), на вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам итн.) и на црква или верски заедници/групи (МПЦ, ИВЗ, ЕЗ итн.). Оттука резултатите не ја одразуваат реалната состојба на верска припадност во земјата.

Исто така, повод за сомневање во точноста на пописот е и непопишувањето на православните Македонци по светот (нерезиденти), како и промената на пописните резултати на резидентите од 355 на 8.764 атеисти набргу по објавувањето на официјалните резултати. За директорот ДЗС оваа интервенција во бројката на атеистите била за да се исправи печатна грешка.

Интересно е однесувањето на Софија за која е несфатливо како е можно на пописот да има само 3.500 Бугари, кога тие на Македонците им имаат издадено околу стотина илјади бугарски пасоши. За сите е јасна причината за барање на овие пасоши но не и за Софија која смета дека Бугарите од Македонија се плашеле да се попишат како Бугари.

Меѓутоа, поради малиот број Бугари на пописната листа, Софија може повторно да се закани со вето за влез на Македонија во ЕУ и да бара оние 132.000 лица власта накнадно да ги запише како Бугари, исто како што ја зголеми бројката на атеистите. А за оправдување сигирно ќе ја обвинат Москва. За се е крива Руската федерација. Односно руските агенти го хакирале сајтот и на околу сто илјади лица му ја избришале етничката припадност! Кога е во прашање Македонија, македонската влада и македонското МНР се е можно!!!

Според пописот Македонија старее, младото население масовно се иселува и денес во земјата има помалку за 9,2 % од вкупното население според пописот од 2002 година. Постоу впечаток дека под сугестија од надвор постои тенденција земјата да се албанизира и бугаризира, како и верски да се профилира како земја со мал број на православно население, а за тоа сигурно, според власта пак  ќе бидат виновни македонскиот народ и Русите!!!

И во едни такви услови замислите што ќе биде ако заради Русите во иднина остане некој Македонец, а на местото на Јенс Столтенберг за генерален секретар на НАТО биде избран албанскиот премиер Еди Рама, како и незваничен премиер на Косово и Западна Македонија. Балканот познат како буре барут ќе биде готов за потпала.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.