|
|
Со СДСМ Македонија само губи |
ВМРО-ДПМНЕ повикува на масовно обединување против власта СДСМ се плаши и бега од народот затоа што нема анкета на која не губат, и знаат дека ќе доживеат тежок пораз на избори. СДСМ не сака избори затоа што народот има празни џебови од сиромаштијата која ја донесоа, а е резултат на криминалот кој го прават, преку тендерите и разните матни шеми со државниот буџет. Донесоа најголема инфлација во Европа. Горивата поскапеа, основните намирници исто така, а лебот и над 100%. СДСМ вети дека ќе влеземе во ЕУ, а наместо тоа државата и народот голтаат само кнедли, а ЕУ ниту на повидок. Со СДСМ нема ниту ЕУ, ниту иднина. ВМРО-ДПМНЕ има јасен став во поглед на спорот со Бугарија. Ние сме против каков било чин или чекор кој ќе значи нарушување на идентитетот, јазикот или срамно решение кое ќе значи откажување од нашето историско наследство. Ние сме за решение кое ќе ги одразува и зачувува националните и државни интереси. Со СДСМ Македонија само губи. Поразите се секојдневие, а сиромаштијата се поприсутна. Затоа е потребно обединување на народот против власта и што поскоро предвремени парламентарни избори. |