Среда, 13 Април 2022   
Свекрва : Кон каде оди Европа?

1 Свекрва : Кон каде оди Европа?

Македонија за време на Втората светска војна учествуваше на страната на антифашистичката коалиција. Меѓутоа кон крајот на 2020 година, Македонија заедно со земјите членки на ЕУ гласала „воздржано“ за резолуцијата во ООН со која се осудува величењето на нацизмот и неонацизмот. Против оваа резолуција која била предложена од Русија гласаа САД и Украина, а била поддржана од Израел, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина и други азиски, африкански и јужноамерикански држави.    

Со оваа резолуција која беше прифатена на 75 Генерално собрание, се повикуваа земјите членки да усвојат законодаство за елиминирање на сите форми на расна дискриминација и да ја осудат глорификацијата на каква било форма на нацистичко движење, неонацизмот и поранешните членови на организацијата Вафен СС, како и ревизионизмот во однос на Втората светска војна.   

Прашањето кое тогаш се поставуваше беше што точно им пречеше оваа резолуција на оние кои беа против, како и оние кои беа воздражани. Одговорот го даде војната во Украина каде Русија изврши воена агресија под името специјална операција“ за „демилитаризација и денацификација“ на Украина, што доведе до огромни цивилни жртви и разрушувања, но и настрада вистината. 

Киев и Москва меѓусобно се обвинуваат за воени злосторства извршени врз цивилното население, но ако добро се погледне во бројните вести кои пристигнуваат од украинскиот фронт, голем дел одат на контото на полкот „Азов“, кој е дел од националната гарда на Министерството за внатрешни работи на Украина. Овој полк чие седиште беше близу Мариопул има симпатии кон нацистичката идеологија, користи симбол претходно користен од нацистите и бил озогласен и обвинет за тортура на населението и воени злосторства. 

И додека светот се соочува со невидена информациска војна меѓу Киев и Москва, која не овозможува вистинската слика за случувањата во Украина, а на социјалните медиуми се појавуваат различни ставови кои Западот ги цензурира, во земјата се прави обид за воспоставување на „мека“ цензура. Додека западните медиуми го глорифицираат украинскиот отпор и се бројат руските злостторства,  руските медиуми и нивното видување се блокирани,  

Војната во Украина лесно може да излезе од контрола и да се прошири на Балканот, доколку големите сили не успеат да воспостават контрола. Во такви услови клучот на малите земји, како нашата, е да се одбере вистинскиот избор. Но дали тоа значи да не се осудува величењето на нацизмот и неонацизмот, поради настаните во Украина и барањето на Бугарија да не ја сметаме за фашистичка и окупаторска земја за време на Втората светска војна.   

Македонија која својата државност ја стекна за време на антифашистичката војна мора да внимава што изјавува и како се однесува без разлика што е членка на НАТО. Единствено што треба да се застапува е барање кон двете страни веднаш да ги запрат воените дејства и проблемите да ги решат на мировни преговори. Секое друго однесување, само допринесува да продолжи агонијата на украинскиот народ.

Војната во Украина и стравот од прелевањето на војната, недостатокот на стратешки резерви како и неспособноста на владата да обезбеди доволно храна и реагенси (масло за јадење, пченица, пченка, гас, безин и т.н ), предизвикува огорчени коментари на јавноста. И како во најцрните денови на македонскиот народ, сакајки да ја замолкнат јавноста, одеднаш власта се појави со закани за казнување за одредени искажани ставови за настаните во Украина. 

Според изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дадена во емисијата „Клик плус“ постои кривично дело ако се оправда геноцид и воени злосторства врз човештвото. Исто така вели дека секој што преку информацискиот систем оправдува и минимизира кривично дело може да добие казна затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години. 

Во продолжение министерот Спасовски вели: „Не мора да значи дека е само за овој конфликт во Украина. Треба да се крева јавната свест. Величењето на воените злосторства е казниво дело. Не може ова да биде цензура. Нема забрана за пишување, но се она што е кривично дело е кривично дело. Не можеме да влечеме паралела со цензура. Ако по пат на јавен информативен систем некој одобрува, оправдува, минимизира кривични дела врз цивилно население, тоа е кривично дело. Сомнежите се доволна основа за отворање постапки.“ 

Меѓутоа, ако ова не е само за конфликтот во Украина, тогаш зошто не се реагира кога се негира дека фашистичкиот режим на Бугарија за време на Втората светска војна ја окупирала Македонија и извршила злосторства врз македонскиот и еврејскиот народ. 

Имено поранешниот претседател на Владата, Зоран Заев во интервју за бугарската агенција „БГНЕС“ во 2020 година,  истата година, кога Македонија беше воздржана при гласањето за Резолуцијата со која се осудува величењето на нацизмот и неонацизмот, одговарајќи на повеќе прашања поврзани со актуелниот историски спор со Бугарија, изјави дека: „ има преку 20-тина табли во државата сменето каде што стои „бугарски фашистички окупатор“. Тоа не е така! Бугарија не е фашизам. Бугарија е нашиот пријател…  

Видливо е дека во тоа интервју Заев се обидел да ја релативизира улогата на Бугарија за време на Втората светска војна. Едноставно нејзината улога ја свел на некаква „администрација“ и тоа само на почетокот. Од неговото натамошно излагање произлегува дека во наредните години од војната, тој ги претставува тогашните бугарски воени сили во Македонија како „ослобидители“(!).  

Наспроти оваа изјава на Заев, со која се обидува да изврши ревизија на историјата, да го минимизира направеното, историските факти говорат спротивно. Бугарија на почеткот на 1941 година го донесе Законот за заштита на нацијата, во март 1941 година станала дел од Тројниот пакт (Германија, Италија и Јапонија), во март 1943 година 7.144 македонски Евреи ги депортира во логорите на смртта, и била членка на Оската се до септември 1944 година, кога преминала на страната на сојузниците. 

Ако во Украина сеуште не се истражени извршените злосторства, тогаш постојат бројни документи за сојузот на Бугарија со фашистичките сили Германија и Италија за време на Втората светска војна, потоа документи во кои сами се нарекуваат окупатори на Македонија, како и документи за холокаустот на македонските Евреи.

Ако секое негирање или минимизирање на кривични дела врз цивилно население, без разлика дали се работи за конфликтот во Украина, е кривично дело, значи дека некој треба да одговара и за релативизирање на улогата на Бугарија за време на Втората светска војна.

Македонија, која е создавана на темелите на антифашистичката борба мора да внимава многу за своите постапки. Меѓутоа, ако членките на ЕУ кон кои тежнееме, сеуште да неможат да се исчисти од наци-фашистичкиот вирус, тогаш после Ковидит 19, на човештвото не му бега Трета светска војна.?

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.