|
|
Бугарска правокација во Битола |
Свекрва На 18 април 1941 година со одобрение на нацистичка Германија, Бугарија ја започна воената окупација на Македонија. Осумдесет и една година потоа, два дена пред годишнината од овој настан, поточно на 16 април оваа година, бугарскиот премиер Кирил Петков, вицепретседателката на Бугарија Илијана Јотова и членот на парламентот Захариева беа на отварање на бугарски Културен центар кој го носи името „Иван Ванчо Михајлов“, котраверзна личност од штипско Ново Село, кој се бореше за бугарската кауза, не признаваше постоење на македонски народ, човек кој е виновен за погибијата на многу македонски дејци меѓу двете светски војни и беше соработник со нацистичкиот режим за време на Втората светска војна, . Присуството на бугарската делегација на отварањето на т.н. Културен центар во Битола, а потоа и во Охрид, наместо културен настан, беше чин на правокација, чин на негирање на македонскиот народ, но никако и чин на добрососедство на два народа. Всушност под маската на демократија, присуството на бугарската делегација на отварањето на КЦ „Ванчо Михајлов“ беше чествување на фашизмот и 81 година од почетокот на окупацијата на Македонија за време на Втората светска војна. Ако некој добие погрешна перцепција и смета дека тоа не беше чествување на фашизмот, тогаш треба да запраша зошто бугарската делегација не положи цвеќе и не се извини пред споменикот на Евреите од Битола, на жртвите од холокаустот кои т.н. „бугарска администрација“ во март 1943 година ги депортира во логорите на смртта!!!? Нешто повеќе од 3000 Евреи од Битола беа однесени и истребени во логорот на смртта во Треблинка. Присуството на оваа делегација отвори многу прашања, меѓу кои: Дали има пилот во земјата? Кој дозволи да се отвора Културен центар под име „Ванчо Михајлов“? Кој дозволува внесување на бугарски книги во кои се негира постоењето на Македонци? Зошто нема ниту еден демарш од власта кога не навредуваат - дека не постои македонски народ? Зошто се дозволува да не уценуваат за влез во ЕУ ако не признаеме дека Македонците имаат бугарски корени и дека македонскиот јазик е западнобугарски дијалект? Вреди ли да се преговара со некој кој не ве почитува, кој ги велича фашистичките соработници? Дали е ова враќање на нацизмот и фашизмот? Зошто молчи Еврејската заедница? и т.н. Сепак Бугарите уво не ги боли ни за Македонците, ни за Евреите. Тие дојдоа во Битола и Охрид да си ја обележат територијата, крајните граници, кои според Санстефанска Бугарија и окупационите зони од Втората светска војна е од Охрид до Црно Море. Единствено кој бугарската делегација ја пречека во Битола, што добива и официјален карактер е министерот за надворешни работи Бујар Османи. Меѓутоа, на прв поглед изгледа дека тој единствено се интересира само како да ја снабди Албанија со бугарска струја. Но што се крие во позадина од преговорите со Бугарија не знаат ни пратиниците, а можеби ни македонскиот дел од власта предводен од СДС. Се е во рацете на ДУИ. Сето ова се случува кога од полициски магацин во Охрид е украдено оружје. Ако се сетиме каде заврши оружјето по масовните грабежи од воените магацини во Албанија во 1998 година, може само да се претпостави каде можат да завршат украдените бомби, гранати, муниција и др. Имено, на северната граница на Косово повторно врие. Наводно секојдневно се пука врз косовската полиција од дрвокрадци. Од друга страна Британија им испорачува противоклопно оружје на Косово и се противи Србија да има главна улога во Отворен Балкан. Таа сака Бугарија да ја превземе таа улога, делувајќи преку Македонија, како најслаба алка. Во контекст на настаните во Украина, кога во Европа и кај соседите се повампирува наци-фашизмот, земјата треба да биде многу внимателна. Нема потреба од истрчување во рамките на НАТО и ЕУ, чија иднина набрзо може да биде доведена во прашање, поради внатрешните несогласувања. Но Македонија прво мора да се престрои внатре и власта да се прочисти. Македонија не смее да дозволи да ја водат лица чиј поглед е свртен кон соседите (Бугарија, Албанија, Косово, Србија, Грција) и не смее да дозволи правокации кои водат до распаѓање на земјата. Таа мора да остане држава на македонскиот народ и сите други заедници. |