Среда, 20 Април 2022   
ФАШИЗОИДНИ ЛЕЈКИ И ДОМАШНИ КОЛАБОРАЦИОНИСТИ ЈА ПОНИЖИЈА МАКЕДОНИЈА

1martin1 (ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 166)

1. E драги мои македонки и македонци, што доживеавме: изминатиов викенд (на 16ти aприл), членката на ЕУ, Бугарија повторно изврши вистинска политичка (и не само политичка) агресија врз Република Македонија. Додуша не со тенкови и војска, како во 1941 година кога фашистичка царборисовска Бугарија окупира две третини од територијата на денешна Република Македонија, туку - овој пат со хеликоптери и други транспортни средства, за бројните дојденци од соседната земја за да присуствуваат на настан што не претставува ништо друго до сега невидена провокација со очигледна намера за реинкарнација на бугарскиот фашизам во нашата сопствена земја! Повод за доаѓањето на бројната бугарска државно-партиска делегација беше отворањето на таканаречениот Бугарски културен центар "Иван Михајлов" среде Битола, на којшто присуствуваа Премиерот на Бугарија Кирил Петков кој во Битола пристигна со хеликоптер, потпретседателката на Бугарија Јотова и повеќе други знаени и незнаени лица од нивната актуелна и претходна влада, меѓу кои и соработникот на УДБА (бил врбуван од македонските тајни служби кога студирал во Македонија) и порашен претседател на бугарското ВМРО-СМД, Красимир Каракачанов.

   Ваквата осмислена и очигледно педантно планирана и логистички изведена (секако со помош и во дирекна соработка со македонските државни органи и служби) акција,  п р о в о к а ц и ј а (!)  од бугарска страна воопшто не треба да не изненадува! Не ја исклучувам и однапред калкулирананa можност за свесно предизвикување инцидент како реакција на граѓаните на слободарска Битола, што би бил искористена Бугарија да не валка во Брисел со клевети за недобрососедство, неевропско однесување и слични бла, бла оптужби што е редовна пракса на бугарската непријателска политика кон нас. Впрочем, тоа е неспорно дел од непријателското сценарио на Бугарија кон нас за што е можно подолго одлагање на почетокот на преговорите на Република Македонија за членство на ЕУ. Според мене, и овој настан е дел од долгорочниот проект за разнебитување на македонската држава и нација што ни го прави веќе деценија и повеќе длабоката држава со подршка на ЕУ, одработувајќи за за интересите на други земји од нашето непосредно соседство!

   Токму така, тврдам дека и провокацијата во Битола е само уште една акција за негирање и омаловажување на македонската нација според замислата на длабоката држава, чиј главен фронтмен се фашизоидните лејки од Бугарија, со дирекно соучесништво од домашните колаборационисти од коалицијата на власт СДСМ-ДУИ, кои како со памук ни ги смукаат нашиот идентитет, самобитност и достоинство, нашето минато и не упорно водат кон неизвесна иднина!!!

   Зошто велам домашни колаболационисти? Па Македонија дента, кога се отвораше таканаречениот бугарски културен центар во Битола наликуваше на воена зона, окупирана со полиција од заедничката граница со Бугарија до Битола, за секој случај (!) бидејки власта го знае расположението на македонскиот народ кој не се помирува со фактот што пак ни се повампирува бугарскиот фашизам преку измислената парола дека отворањето на спорниот културен центар со сатрапот на многу македонски патриоти Ванчо Михајлов било "гест на помирување и зближување".

   Но не можеме да се лутиме само на бугарите коишто - заради своите интереси небаре уште да ни влезат во спална, туку и на домашните слуги на ѓаволот, во прв план министерот за надворешни работи и сегашниот премиер на РМ. Сметам дека е ненадоместлива штета што во овој драматичен момент за нас како држава и нација на позиција министер за надворешни работи се наоѓа лице од народностите кој, сосема очигледно, не ја чувствува Република Македонија како своја родна грутка, туку со потезите што ги влече слугува на нечии туѓи интереси (можеме да претпоставиме кому)!? А и самиот премиер! Па што мисли Димитар Ковачевски со изјавата:"Ке биде добро доколку и колегата Петков отвори културен центар во Благоевград и Сандански...".

   Ало, премиере Ковачевски, дилетанту, што се замислуваш ти? Мислиш дека ние - граѓаните пиеме нафта и не гледаме што правиш и кому му слугуваш? Наместо пароли човече, на првата седница на владата треба да донесеш одлука за отварање на генерален конзулат на РМ во Благоевград; званично да упатиш барање за формална согласност од бугарската влада за таа цел и, истовремено, да именуваш почесни конзули во Сандански, Петрич, Мелник и други поголеми градови во Пиринска Македонија, па да поверуваме дека навистина нешто корисно правиш за нашите сонародници таму.

   Отворање на генерален конзулат во Благоевград треба да е врвен приоритет на македонската надворешна политика, особено за сегашниот министер за надворешни работи кој, наместо да се грижи за нашите сонародници, оди во други земји и лобира за земја во соседството, а не за сопствената земја! А сите ние го плаќаме. Гротескно, навистина и без сомнеж!!!

   Но ваквото фашизоидно однесување на Бугарија не е случајно и без согласност на врхушката во ЕУ. И наместо да реагира и да ја дисциплинира Бугарија за нејзиното фашизоидно однесување, во екот на се пожесто растечкиот антимакедонизам во Софија долета шефицата на европската Комисија, мадам Урсула фон дер Лаен и им донесе вест дека според Планот за развој и реконструкција на Бугарија и се доделени 6,4 милијарди евра!?

   Евробирократите очигледно не водат сметка дека со фашизоидната политика на Бугарија таа драматично го дестабилизира регионот!? Како војната во Украина да не им е доволно и самите садомазохистички толерираат и спонзорираат кризи во други делови на континентот. Каква невидена бесчуствителност!

 2. За прв пат од неговото устоличување на позицијата Претседател на Републиката, морам да го пофалам Стевота Пендаровски заради неговата изјава:"Именувањето установи според докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството" (Станува збор за таканаречениот бугарски културен центар Ванчо Михајлов во Битола). Дали на Стево му пропеа петлето на патриотизмот или изјавата ја даде во контекст на евентуален втор мандат за претседател, не знам. Но важно е дека ја даде!

   Стево изрази жалење дека во Битола е направен обид "еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави", и додава дека "ниту македонскиот, ниту бугарскиот народ сметаат дека ликот и (не)делото на Ванчо Михајлов можат да придонесат во таа насока." Аферим бе Стево. Добродојде во реалниот свет!

3.  Во Мелник, Пиринска Македонија, беше одбележена 107-годишнината од убиството на легендарниот македонски револуционер Јане Сандански. Собирот е прогласен од организаторите за  семакдонски, бидејки на него порисуствувале гости од дијаспората, преставници на организации од Македонија, Бугарија и Албанија, но не и од македонскиот државен врв. Македонците од Албанија ги претставуваше претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски кој во своето обраќање, помеѓу останатото, нагласи дека македонците од Албанија ја подржуваат борбата за национални и човекови права на Македонците во Бугарија. "Oчекуваме од Бугарија како членка на Европската унија да ги почитува европските вредности, да ги спроведи препораките од институциите на Советот на Европа и 14-те пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права и да дозволи Македонците да ги уживаат сите права предвидени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, Рамковна конвенција која што е потпишана и ратификувана од страна на Бугарија", изјави Васил Стерјовски. Поздравни со изрази на поддршка пристигнаа од Македонци во Канада, Франција, Германија, како и од македонската амбасад во Софија, но нејзин претставник не присуствуваше на настанот.

  4. Премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски деновиве доживеа  т р у е њ е   с о   х р а н а! На прв поглед веста е рутинска, небаре секојдневна, но не е така! Иако не беше соопштено на јавноста  к а д е  премиерот се затрул со храна, во случајов не е ни толку важно, но нешто што не вознемирува сите нас - граѓаните, е загрижувачкиот факт дека во земјата владее вистински хаос кога станува збор за контролата исправноста на прехрамбените производи што се пласираат на домашниот пазар, особено на храната што се увезува.

   Иако на Факултетот за ветерина постои најсовремена лабораторија опремена со исто така најсовремени инструменти за проверка на квалитетот на прехрамбени производи, сепак некој "овластен" масовно штанца дозволи за приватни лаборатории, најчесто на човек-фирма/лаболаторија, без соодветна лабораториска опрема и без  потребно стручно знаење. Не ретко и на граничните прелази не се врши потребна фитосанитарна проверка на храната што се увезува, па така ни се случуваат појави на салмонела во Киндер-јајцата, увоз на смрзнато месо и месни производи од сомнително/непознато потекло или изминат рок за употреба и речиси секојдневни труења на граѓаните од храна. Да му е страв на човек да седне во ресторан или кафеана бидејки многу често е ризично по неговото здравје, а - далеку било, и живот!?

    Ете, тоа е уште една грда слика на реалностите во древната ни земја Македонија!!!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.