|
|
Македонскиот народ се повеќе ги збива своите редови |
Свекрва По пеењето на странска химна во Собранието на Република Македонија испровоцираните граѓани во обид да се одбрани честа и угледот на македонското Собрание, Уставниот поредок на земјата, влегоа во Собранието каде се судрија со СДС и ДУИ узурпаторите на власта при што имаше повредени пратеници, повредени суети, но за среќа немаше жртви. Овој упад на граѓаните во Собранието подоцна беше окваливикуван од узорпаторите на власта како акт на тероризам, а дел од луѓето беа обвинети и осудени на 211 години робија. Вакви казни никогаш не беа изречени во земјата, иако се паметат и други примери кога македонските граѓани насилно протестираа. Драстичен пример е насилно влегување во Собранието на Македонија за време на конфликтот во 2001 година. Тогаш во знак на протест поради извлекување на терористите од Арачиново, подпомогнато од претставници на НАТО и ЕУ, околу пет илјади Македонци, меѓу кои резервни и редовни војници на АРМ, како и специјалци на МВР протестираа пред Собранието. Протестот се претвори во масовни немири и влегување на демонстрантите во Собранието, при што беа икршени прозорци и уништени возила на МВР и ОБСЕ. Но, ниту тогаш, ниту ни чинот на демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорѓи Иванов, извршен една година пред 27-ми април 2017 година, поточно на 13 април 2016 година, на почетокот на шарената револуција, не беше оквалификуван како терористички акт, а приведените лица не беа обвинети за терористи, туку беше поведена прекршочна постапка. Тие беа обвинети за учество во толпа, за што беа осудени условно и со парични казни. Меѓутоа, во режија на СДС и ДУИ, партиите кои ја узурпираа власта, со помош на политизираното судство, ги осудија граѓаните кои застанаа во одбрана на уставниот поредок. Осудените граѓани за нередите на 27-ми април 2017 година во Собранието ма РМ можеа за стореното дело да се оквалификуваат секако, но никако не можеа да бидат терористи. Тие можеа да бидат осудени прекршочно, но никако за тероризам. Тие можеа да бидат осудени со минимални казни, но никако со драконски казни како што е повеќегодишна робија. Денес т.н. терористи за актуелната власт, а за народот патриоти и уставобранители гнијат по македонските затвори. Во политичкиот прогон што го спроведоа коалиционите партии СДС и ДУИ македонските патриоти и уставобранители беа осудени на 211 години затвор. Тоа беше направено за пример за македонските граѓани да не им текне да се спритивстават додека ги распродаваат македонските национални интереси и ја обезлличуваат земјата. Но, тоа му овозможи на тогашниот лидер на СДСМ Зоран Заев и неговите надворешни поддржувачи, иако губитници на изборите, да ја приграбат власта во земјата, така што ја прифатија Тиранската платформа со која се бараше промена на уставот и федерализиција на земјата. Во тој момент дојде до вжештување на атмосферата кај демонстрантите што беше искористено од одредени сили масата целно да се насочи кон Собранието за да таму кулминира со незадоволство насочено кон пратениците на СДС и ДУИ. Но оние кои ги отворија вратите на Собранието никогаш не одговараа пред законот, што укажува дека беа дел од сценариото. Но она што е најтрагично и парадоксално е што луѓето кои застанаа во одбрана на Уставот на македонската држава беа обвинети и осудени за извршување на кривично дело: Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по нарачка од власта на СДС и ДУИ, а оние кои го прекршија Уставот и кои ја обезличија земјата, оние кои сеуште ги распродаваат македонските интереси сеуште се на власт без да им фали ни влакно од главата. Македонскиот народ се повеќе ги збива своите редови и многу скоро ќе тргне по наплата за сите понижувања кои ги диживеа. |