Четврток, 28 Април 2022   
Тeкстот го посветувам за бранителите од 27 април 2017

ТЕРОРИСТ И ГОСПОДИН

Тeкстот го посветувам за бранителите од 27 април 2017, судени и осудени за Македонија – бранителите од 2001 кои ги дадоа животите за Македонија!

1 slobodan Слободан Томиќ

„Еден чоек шчо не сиа милвит таткојната не можит да бидит чесен чоек“, изјави македонскиот светилник на поезијата, историјата и културата, Григор Прличев.

Во својот говор пред охриѓани, одржан на 12 јуни 1866 година, големиот македонски поет Григор Прличев, меѓу другото, рекол: „Кога Господ ти викат чувај се, многу појке ти викат да си ја чуваш таткојната.“

Тероризмот претставува незаконско користење на сила и насилство од страна на поединци или групи кои имаат директна врска со странските сили или пак, чии активности ги преминуваат националните граници, насочени против лица или објекти со цел да ги заплаши или да го принуди населениетo или било кој сегмент од општеството во остварување на своите политички или општествени цели. Во денешно време, најголем број на меѓународни терористички организации се спонзорирани од една или повеќе држави. Терористичките организации добиваат целосна поддршка од владите на државите-спонзори односно за своите активности имаат охрабрување во вид на финансиска помош, обука и заштита од една или повеќе влади.

Колку и да не сакаш да ги спомнеш Прличев, Рацин, Гоце, Питу, Карев, Сандански, Браќата Миладинови, Шапкарев, Мисирков и плејада други македонски дејци, не можеш да одолееш на љубовта, жртвата и исконата што ја дадоа за Македонија.

Тие не беа терористи, тие беа македонски апостоли, кои ден денес, а и во иднина ќе го кренат на највисоката точка на вселената македонскиот идентитет и биолошкиот код на самоопределувањето и самоидентификацијата.

 
27 април, народот влезе во Собранието

За жал, бранителите на Уставот и демократијата веќе 5 години ги држат во занданите македонски оддалечувајќи ги од сопствените семејни и татковски огништа.

Форумот Гласот на народот и Светскиот Македонски Конгрес, точно пред 2 години, во корона пандемијата, се одважија и напишаа Отворено писмо до претседателот Стево Пендаровски да ги ослободи од занданите и ги врати на семејствата. За жал, тогаш Пендаровски не ги ослободи, заборавајќи дека и двата невладини форуми Гласот на народот и СМК се дел од Македонија и од Македонскиот народ каде и да е во светот.

Да бидеш терорист значи да убиваш, силуваш, уништиш национални и државни интереси на една земја, освен тоа, да посакаш да приграбиш туѓи територии, и тоа во соработка и поддршка на странски земји и влади.

 
Скандалозната седница на која Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието

Дали имаме тука таков НЗС со настаните на 27 април 2017 година?

За потсетување, имаше реакција од народот за изборот на нелигитимна и нелегална влада и собрание, на Зоран Заев и Талат Џафери. Тоа е тероризам! Тероризам е од парламентарната говорница да испееш химна на странска држава, во случајов химната на Република Албанија, во пресрет на годишнината од масакрот кај Вејце врз припадниците на Вооружените сили на Македонија во војната 2001 година. Настаните од 27 април 2017 и драконските казни на обвинетите се земаат како најлош пример во изучувањето на казненото право во многу европски држави, универзитети и факултети. Наспроти осудените, командантот во ОНА стана претседател на законодавниот дом!

 
Пратеникот Зеќирија Ибраими кој на продолжението од конститутивната седница на 27 април во 2017 година, ја испеа албанската химна

Замислете што ќе се случи ако некој ја испее химната на Мексико во Американскиот Конгрес? Или сега некој во Германскиот Бундестаг да ја испее химната на Русија?

 
Мачениците од Вејце 2001 година

Високиот комесар за надворешна политика и поранешен генерален секретар на НАТО Хавиер Солана и неговиот колега лордот Џорџ Робетсон, припадниците на ОНА и ОВК ги именуваа за терористи. Судот во Македонија, за терористи го прогласи народот кој влезе во Собранието на 27 април 2017 година! Првите прогласуваа слободни територии од “славомакедонските окупатори“, а вториве го штитеа интегритетот и суверенитетот на државата Македонија!

А, настаните на 27 април 2017 беа во очи на најозагласената терористичката акција која се случи на 28 април 2001 – Масакрот кај Вејце – најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија, во 17:45 часот, откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осумтемина убиени, имаше и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр…

 
Масакрот во Вејце

Иако нападнати од заседа и во безизлезна кривина, на планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце – тетовско, војниците и полицајците давале получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија. Вејце од 2001 останува во колективната меморија на Македонците како место на беспримерно злосторство, симбол на можеби најстрашното од мноштвото предавства со кои е исполнета македонската историја, најголем пораз на државните институции од група терористи и бандити. До денес не се оформи, а камоли да се заокружи некаква судска разврска и некој да биде земен на одговорност.

Воените аналитичари и медиуми велат дека командант на таа акција бил извесниот командант Форина, човекот кој на шверцерски начин го избираа за претседател на Собранието на 27 април 2017.

Тие се терористи, а не господа!

„Терорист-Господин“, тоа е да се залагаш да се прифати штетен договор за Македонија во кој во целост се асимилира Македонскиот народ, „Терорист-Господин“ политика и дипломатија е да се организира и носи невалиден ПОПИС, во кој јасно се фалсификува етничката структура на населението, во која Македонскиот народ се намалува и по етничка и по верска основа!

Терорист-Господин политика и дипломатија е да се радуваш дека свесно си го сменил името на државата, Уставот и идентитетот на Македонскиот народ, барајќи од Албанците да ти вратат за услугата со пописот и јазикот! Да не се заборава дека Зоран Заев не беше на инаугурацијата на Стево Пендаровски во Собранието, туку се возеше со својот тетрацикл…

 
Инаугурација на Пендаровски без тогашниот премиер Зоран Заев, кој тој ден беше зафатен со рекреативни активности

Затоа е добро повторно да се спомне Прличев – македонскиот културен и национален бранител, кој уште во времето на грчката асимилација врз Македонија и Македонците, храбро застана на браникот на Македонскиот јазик и идентитет, велејќи: Јас сум само Македонец и ништо друго!

Во услови на национална хаварија по сите основи, тешко е да се зборува за (не)чесноста и (не)одговорноста на македонските политичари кои го сторија најгнасниот чин кон Македонскиот народ и македонската историја и култура. Таа хаварија врз државата Македонија се случува и со штетните договори со Бугарија во 2017 како и октроираниот договор со Грција во 2018 година.

Не се сите во партиите како нивните претседатели, како што нема равенство помеѓу народот и власта. Има и во партиите и меѓу народот кои си ја сакаат државата и нацијата! Тие се гордоста на Македонија, бидејќи самите се гнасаат од актуелната терористичка политика со господска иконографија. За тоа Прличев ќе додаде:

„За тоа колку да бидит чоек нечесен, пак таткојната му је најмила на векот. Зашчо татко имаме еден, а таткојната је многу таткој. Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки. Братја, имаме пет или десет, а таткојната је неброани браќа. Еден чоек шчо не си а милвит таткојната појке од татка и мајка, и појке от себеси, тој не можит да бидит чесен чоек! Ако те разберет оти мамиш, сетне и вистина да велиш, никој не ќе те вервит!“

Нам не ни останува ништо друго, освен да ја поздравиме реакцијата на претседателот Пендаровски за дивоградбата Ванчо Михајлов во Битола и да го потсетиме веднаш да ги ослободи уставобранителите од 2017 година за настаните во Собранието на Македонија!

За крај, се враќаме на темата Македонија во Европската Унија… Ќе станеме Европејци, Бугари или ќе останеме Македонци? Можат ли Македонија и Бугарија како Германија и Франција да ги затворат отворените прашања од историјата…

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.