|
|
Ветераните на ВМРО ДПМНЕ до последниот здив ќе се борат за зачувување на државата, идентитетот, јазикот и културата |
На пратеничките прашања од страна на Рашела Мизрахи за отварањето на бугарскиот клуб во Битола, копијата на Зоран Заев, премиерот Димитар Ковачевски ја обвини партијата ВМРО ДПМНЕ дека го слави Ванчо Михајлов и дека негови слики стојат во белата палата и дека негови восочни фигури се наоѓаат во македонските музеи. Меѓудругото, тој во својот одговор ќе каже: „Прашајте ги вашите ветерани и тие ќе ви кажат дека тие го слават Ванчо Михајлов, а не јас ниту СДСМ, ниту најголем дел од нашите граѓани, Но знам дека токму ВМРО-ДПМНЕ од своите почетоци е наследник на Ванчо Михајлов, а тоа е срамно и недозволиво“. Ваквото обвинување на премиерот Ковачевски, ветераните на ВМРО ДПМНЕ со гнасење го отфрлаат. Ветераните - основачи на најголемата македонска партија на ВМРО-ДПМНЕ не може да го слави Иван Ванчо Михајлов човекот кој е одговорен за смртта на многубројни македонски дејци, иако е еден од раководителите на ВМРО. Тој е контраверзна личност, човек кој е виновен за голем број политички убиства, поддржувач на нацизмот и фашизмот. Тој не признавал постоење на македонски народ и се залагал за независна Македонија, но како бугарска земја. Иако е негативна личност, Ванчо Михајлов е сепак дел од македонската и од историјата на ВМРО. И како таков неговите восочни фигури беа поставени во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје и во музејот во неговото родно место Ново Село, Штип. Поставувањето на негови слики и восочни фигури во музеите заедно со останатите македонски великани незначи дека него го слават ветераните и членството на ВМРО ДПМНЕ, туку значи преставување на историјата таква каква што е, Тоа е историскиот континуитет на ВМРО, организацијата која има огромна заслуга за создавањето на независна македонска држава. Во светот постојат низа примери каде се поставуваат слики или восочни фигури на позитивни, но и негативни историски личности, како што се Адолф Хитлер, Бенито Мусолини, Јосиф Сталин и др. Еден ден во тие музеи можеби ќе се најдат и слики или восочни фигури на поранешните лидери на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, Љупчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Зоран Заев и др, кои ќе ја раскажуваат својата приказна за успеси и предавства, Сите тие поставки треба да имаат зад себе поучна приказна, опомена до луѓето да внимаваат кого бираат на челните раководни позиции како што се претседател, премиер на држава, лидер на партија, бидејќи од тие личности директно зависат човечки животи и иднината на Македонија. Местото на негативните историски личности, се наоѓа во македонските музеи. Но многу неумесно и штетно е кога имиња како што е Иван Ванчо Михајлов да се наоѓаат на јавни објекти, особено не на т.н. културни центри. Отварањето на бугарскиот Културен клуб „Иван Ванчо Михајлов“ во Битола, беше чиста бугарска провокација, во градот Битола од каде над 3.000 Евреи, бугарската администрација испрати во логорите на смртта, поради која како ветерани на ВМРО ДПМНЕ силно протестираме. Меѓутоа, доаѓањето на високата бугарска делегација во Битола на отварањето на клубот не би можела да се изведе без знаење на актуелната македонска власт. Отсуството на било каква изјава по бурната реакција на јавноста во првите моменти укажа дека ова власта го прави со одредена цел - да се намали се поголемиот рејтинг на ВМРО ДПМНЕ и да може да се спроведе до крај обезличувањето, асимилацијата и бугаризација на македонскиот народ. На народот му е јасно што се случува и се повеќе го крева гласот против ненародната и антинационална политика на коалиционите партии на власт СДСМ, ДУИ и нивните сателити. Во името народот и во името на аманетот на нашите претци, ветераните на ВМРО ДПМНЕ повторно се во првите редови за одбрана на државата и така во иднина ќе продолжат. Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ до последниот здив ќе се борат за зачувување на државата, идентитетот, јазикот и културата. Македонија вечна, АМИН! Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ |