Среда, 04 Мај 2022   
Киро Кипроски : За леб ќе страдаме, Бугари не стануваме

2 Kire Киро Кипроски

Забележано, ненапишано

Имав среќа и чест во животот да го имам за пријател Гојко Јаковлески… За мене, а и верувам за Македонија, тој претставува една исклучителна личност, патриот, мудрец, паталец… Гојко подолго време живееше во Берлин, но од заминувањето од својата родина до денес тој е длабоко и нераскинливо поврзан со вистината и настаните во својата татковина Македонија. Тој е афирматор на историјата на Македонија, правдољубив и чесен човек што ја брани честа на македонскиот народ во светот… Гојко сега е со огромно животно и политичко искуство и ја живее 88-та година…

Како новинар и негов другар, многупати сум раскажувал за него, дури и сум пишувал… Но многу од неговите животни искуства и раскажувања останале забележани, меморирани, но ненапишани… И овој пат се сеќавам и сведочам пред бога за една негова животна сторија и искуство…

– Веднаш Македонија треба да ги прекине разговорите со Бугарија. Бугарија спротивно на европските демократски правни стандарди на државите се меша во уредувањето на внатрешните односи на Македонија и од позиција на моќ, како членка на ЕУ, се служи со уцени и услови што Македонија не може да ги исполни- ќе рече Гојко…

Судбината на своите предци печалбари ја имаше и Гојко Јаковлески, кој додека бил на седумгодишна возраст, неговите родители одлучиле да замине во Софија, во екот на Втората светска војна. Таму тој ги минува младешките години. Таму завршил основно и средно образование.

И така, за време на еден заеднички неколкудневен престој во Софија, Гојко ме запозна со некои случувања, со згодите и незгодите додека живеел и учел во основното и средното образование, од 1942 до 1955 година…

– Најтешки ми беа годините на Информбирото, односите меѓу Југославија и Бугарија беа многу заострени, особено тешки беа за нас Македонците во Софија, кои не сакавме да се декларираме како Бугари и да прифатиме бугарско државјанство.

1 144

Лево: Тетинот Аце, тетката Васка, Стрината Филка, Мајката на Гојко Рафеилка, таткото Делче и горе стрико Јорде, во Софија-Бугарија.

Тате Јорде (брат од таткому на Гојко, Делче) беше многу загрижен што одам на прием во југословенската амбасада и ми рече: Од него бугарските власти побарале да земеме бугарско државјанство или да си одиме во Србија, за нив не постоеше Македонија, ниту Југославија, само Србија – ми објаснуваше Гојко Јаковлески за тие мрачни и тешки времиња минати во Софија.

Јордан Јаковлески, стрикото на Гојко, кој го нарекуваше „тате“, долги години живееше во Бугарија и целото семејство имало југословенски документи и одобрен престој во Софија. На легитимациите од бугарската полиција пишувало: „По гражданство Југославјани, а по националност Блгари“.

„Кога тате Јорде ми рече дека мора да реши дали да примиме бугарско државјанство или да се вратиме во Македонија, му реков дека треба да одлучи“. „Синко Гошо (така нагалено ме условуваше), ако нѐ избркаат, ако мора да ја напуштиме Бугарија, ќе се вратиме во нашиот вилает, ама ’Гањовци‘ (Бугари м.з.) не стануваме. Во нашето Зубовце си имаме куќа, ниви, нема да умреме од глад“, се сеќава Гојко на овие преломни години на одлука, кога бугарските власти со сила ги принудувале да станат Бугари, или да си заминат, како народната „земи или остави“.

Благодарение на Гојко, кој ми беше водич низ Софија, посетивме неколку значајни кулурно-историски институции и споменици. Со примери ми ја доближи искриволчената бугарска политика во негаторскиот однос кон Македонија и Македонците, македонската историја и култура низ вековите, а посебно асимилаторскиот однос кон Македонците. Бугарија со разни методи настојувала, настојува и ќе настојува македонската историја и личностите што се бореле и го дале животот во борбата за независна држава Македонија да ги присвојува, бидејќи нема своја историја. Сеништата на Ванчо Михајлов, македонски изрод, предавник на македонскиот народ, на македонската нација, кој пропагира дека нема Македонија и Македонци.

Тоа го почувствував на свој грб. Со одличен успех матурирав на софиската гимназија, имав голема желба да студирам на Техничкиот факултет на Софискиот универзитет, кандидатурата ми беше одбиена со образложение дека не сум државјанин на НР Бугарија. Исто така, не можам да се запишам и на другите факултети во Бугарија, секаде услов беше да станам Бугарин.

Понудата категорично ја одбив, се вратив во Македонија, се запишав на Шумарскиот факултет и над шест децении од животот минав во Берлин, Германија, а последниве дваесетина години живеам на релацијата Германија, Македонија и Шпанија.

Во ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин доаѓаа приврзаници на Ванчо Михајлов, членови на неговата партија МПО, да ме убедуваат, како активист на емигрантската македонска политичка партија ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија), да влијаам кај Драган Богдановски и кај другите авторитетни членови на движењето да се припоиме кон нивната партија и заеднички да дејствуваме.

Во ресторанот „Ново Скопје“ по подолго време дојде мојот пријател Стипе од Далмација, кој работеше во Светиот Престол во Ватикан, и ми пренесе покана од Ванчо Михајлов за средба со него, а јас да ги определам терминот и местото. Поканата категорично ја одбив со образложение дека со крвник на Македонците и со човек што не ги признава Македонија и Македонците нема што да разговарам…

И повторно ќе се сепне и ќе се врати во сегашноста.

– Комисијата за решавање на историските проблеми со Бугарија, која ја формира Министерството за надворешни работи, што ја крои и прекројува нашата историја и прави отстапки на штета на Македонија, што е недозволиво, треба веднаш да се укине. Ако вака се продолжи моите согледувања се црни, кои не сакам да се остварат, зашто лесно може да ја „загубиме“ Македонија – со големо разочарување ни говореше Јаковлески. Но за тоа во некоја друга пригода…

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.