|
|
Гоце Марков : За оние од кои страдаме... |
Наши, ваши и инфилтрати... Разно-разните квази интелектуалци, квази академици, квази патриоти и останата еклер интелектуала и ден-денес е на нивото на самоодржување како ,,држава"!? Студената војна меѓу САД и Русија остави генетски печат без образец врз цел еден народ, белег на планетарно ниво кој може да заврши со нуклеарна разрешница само и само да се задоволат месечевите мени и глобалистичкиот спиритуален оган во душите на триесетина болни умови од луѓе ако веќе можеме да ги наречеме така?Истото е и кај нас... Деформирани фолиранти и третокласни политичари дојде ред да создаваат Поредок, да бараат Право, да плукат Правда... Разните инфилтрати во редовите на партиите кај нас во денешново општество ги канализираат како главни двигатели и поддржувачи на противниците на антиглобалистите. Овие т.н. ,,патриоти" не размислувајќи за последиците се судрија бескомромисно и задкулисно, за превласт и лажно С, с'скаат зад превезот на иконите и на светците како влечуги... Овие т.н. Македонци се само бледа слика на она што се вели функционер, државник, пратеник,советник и репер за останатите... Урнек се на нивните идол мејкери, на колумнистите без школо, на платениците позади параваните, на психопатите од жени, или мажи-различни типови на политички проститутки… Не знаејќи каде да фатат правец пак удираат по своите, цепкајќи го и последниот отпор, плукајќи по чистите и одработувајќи за локалното КГБ. Кои сме тоа Ние, во Новото време? Колку сме? Одраз на народот или нешто повеќе? Без принципи и ставови, без политика на отвореност и на чесност, со секојдневни лаги и гафови, не чека истата судбина како СДС ако не ги преиспитаме своите редови и направиме филтрација на устоениот воздух.И ќе нема своја глава, ќе нема свој став, ќе нема позитивно мнение и поддршка од Народ додека матни ликови од минатото се огледало за иднината... Еднаш мора да пресече! Со корумпираните ликови од минатото, со лажните патриоти, со ,,Референдумците”, со продадените за парче нафака и со жедните за пусти тендери, азна и лажна слава. Квалитетот на животот во Македонија ќе дојде со квалитетот на кадрите кои ќе менаџираат во иднина.Тие луѓе ќе бидат базата за квалитетна и сигурна иднина.Се дотогаш ќе си чекаме ,,брз воз” на стари шини! На оваа грутка и требаат ликови кои ентузијазмот ги влече напред а не некакво си сидро… Нам ни требаат луѓе со култура на говор, со широк спектар на образованост, со квалитети на менаџери и познавачи во својата струка-докажани во своите области... Македонија се наоѓа во еден политички вакуум, во расчекор, со изморен и политички уништен Народ, со декларативни политичари и неми набљудувачи на случувањата а граѓаните тоа го гледаат... за нив најмногу ми е жал. Профитерите пак ќе бидат ,,со сите”! Ќе се направат нови смешни договори, продажба и дил со сработеното, размена во натура и ДДВ на секоја душа. Весникарите и хибернираните медиуми се, или под партиска, или под амбасадорска капа. Најголемиот број од т.н. интелектуалци лесно можеш да ги купиш со некој ситниш или некој проект, невладини организации кои се испостава на една или повеќе амбасади и служат за лично богатење со тоа што секогаш се подготвени да одработат по нарачка, ако знаат дека со пар лижавчиња можеш да си купиш и пратеници, зависи од цената?!Во овој временски моментум Македонија не е држава која има своја глава и свој ум. Затоа уште еднаш апелирам да гледате десно и да размислувате вмровски!! Автор:Гоце Љ. Марков |